На одмор со семејство Марковски на Тасос: „Патувавме 7 часа од Скопје, траектот нè чинеше 84 евра, сместете се во Потос“

Во околина се најубавите песочни плажи како што се Нотос, Agia Anna, каде што природната убавина, чистото море и мирот создаваат совршено место за релаксација.

Во Потос имате активен одмор, можност за вечерни прошетки по убавите таверни на крајбрежјето, многу активности за децата, шармантни сокачиња со мали продавници за сувенири и слатки специјалитети.

Ја посетивме и Marble Beach – Saliara, патот не е асфалтиран, но сепак е прооден. Позната е по белиот мермерен песок и кристално чистата тиркизна вода, која изгледа како од разгледница, да се чувствувате како да сте на егзотична плажа.

na-odmor-so-semejstvo-markovski-na-tasos-patuvavme-7-chasa-od-skopje-traektot-ne-chineshe-84-evra-smestete-se-vo-potos-15.jpg

На 600m во близина се наоѓа Porto Vati, тоа е вистински егзотичен пејзаж - мала заливска плажа со кристално тиркизна вода и впечатливи бели карпи.

Цените тука се малку повисоки почнувајќи од 25 евра по лице за лежалка, но уникатниот амбиент ја прави посетата вредна, сепак има простор и за бесплатен паркинг и поставување на свој чадор.

Понатака патот го продолживме на зајдисонце во една од најфотографираните локации на Тасос, барот „La Scala“, место каде што природната убавина и модерниот бич бар концепт совршено се спојуваат.

na-odmor-so-semejstvo-markovski-na-tasos-patuvavme-7-chasa-od-skopje-traektot-ne-chineshe-84-evra-smestete-se-vo-potos-13.jpg

Покрај кристалното чисто море, добра музика и атмосфера, не е тешко да се разбере зошто е меѓу најпосакуваните локации на островот.

Исто така вредно за посета е и најавтентичното село Теологос, каде времето како да застанало, сместено меѓу планините, Теологос го чува духот на стариот Тасос.

Познато е по традиционалната архитектура, камените улички и прочуеното јагнешко подготвено по старински рецепти, доживување што ги буди сите сетила.

na-odmor-so-semejstvo-markovski-na-tasos-patuvavme-7-chasa-od-skopje-traektot-ne-chineshe-84-evra-smestete-se-vo-potos-24.jpg

Следните денови обиколката може да се продолжи долж познатите плажи Golden Beach и Paradise Beach, кои се најдолги плажи и секој може да најде свое совршено место за уживање.

Додека ги слушате брановите и го гледате хоризонтот, лесно може да помислите дека сте некаде на океански брег.

Kekes beach е една од оние скриени катчиња што ги освојува љубителите на мирот и недопрената природа, Atspas – или шеќерната плажа со најубавото зајдисонце на островот и уште еден куп плажи – Макријамос, Скала Потамиа, Ливади, Пачис, Атспас, Салоникиос, Трипити вредни за посета.

na-odmor-so-semejstvo-markovski-na-tasos-patuvavme-7-chasa-od-skopje-traektot-ne-chineshe-84-evra-smestete-se-vo-potos-07.jpg

Велат дека Бог бил многу дарежлив кога му ја дал природата на Тасос. Еден од најубавите дарови е природниот базен Giola, се наоѓа веднаш до морето, бојата е проѕирно чиста, а есместен е под карпите од морето.

Според една од легендите, Giola го претставува окото на Зевс, кое ја надгледува неговата љубовница. Вреди да се помачите по карпестата патека и да го посетите во раните утрински часови.

na-odmor-so-semejstvo-markovski-na-tasos-patuvavme-7-chasa-od-skopje-traektot-ne-chineshe-84-evra-smestete-se-vo-potos-17.jpg

Продолжува на следната страница... 


Би можело да ве интересира:

На одмор со Миро Кацаров во Калитеа: „Бевме со моите родители и со децата – мајка ми готвеше, не шет... „Секоја година имаме традиција, во јуни одиме на одмор со мајка ми, татко ми и д...
На одмор со Зорица Николовска во Ставрос: „Бевме со три деца, сe плашев како ќерката (1) ќе издржи п... „Голем предизвик беше да ги организираме тројцата да се подготвени во исто време...
На одмор со Даниел Данн во Атина: „Бев сам 8 дена, плажите се убаво организирани - кафе е од 3€, леж... „Сместувањето буквално го резервирав истиот ден додека возев кон Атина. Но, врв ...
На одмор со Магдалена во Охрид: „На тура со глисер видов скриена природа, коктели се до 500 денари -... „Со мајка ми и внук ми одевме на плажата Даљан, која има слободен дел без лежалк...
Славица од Скопје 12 години живее во Осло: „Стан од 60m2 чини 348.000 евра, Норвежаните одат на одмо... „Норвежаните се големи патриоти и навистина се горди на својата земја и природа....
На одмор со Ива Спасовска во камп во Амуљани: „20 години имаме приколка таму, од Скопје се стигнува ... „Приколката е оставена во кампот преку целата година. Но, веќе е многу тешк...

Најчитани неделава