На одмор со Илија од Скопје на Тасос: „Бев сместен во две гратчиња, траект чинеше 8€ по лице“
Со оглед на природата на мојата работа, ваков тип на одмор навистина ми е потребен.
Подоцна, во есенските месеци, повеќе сакам да отпатувам на некоја подалечна и егзотична дестинација, каде што можам да останам подолго и да доживеам нови култури и места.

На Тасос бевме сместени во апартман кој се наоѓаше на одлична локација, блиску до плажа и до шеталиштето, што ни овозможи лесно да уживаме и во дневните активности и во вечерните прошетки.
Иако сместувањето беше блиску до плажа, секој ден одевме на различна плажа, па со автомобил ги истражувавме различните делови на островот.
На Тасос речиси сè е лесно достапно, за кратко време може да се стигне до некоја нова прекрасна плажа или место за посета.

Лично, повеќе ми одговара одмор каде што можам цел ден да уживам на плажа, но секој ден да биде на различна локација.
Сакам да ја почувствувам разновидноста на местото што го посетувам, па затоа ми е интересно да откривам нови плажи, различни бич-барови и убави места за опуштање.

За мене идеалниот одмор е комбинација од релаксација и мало истражување - да имам време да одморам, но и секој ден да донесе нешто ново и поинакво.
На тој начин ниту еден ден не е ист и секој момент останува како убаво сеќавање.

Овој пат одевме на плажи со лежалки и бич-барови.
Тоа ни беше најпрактично, бидејќи сакавме максимално да уживаме и да се опуштиме без дополнителна организација околу носење реквизити.

На Тасос е убаво е што островот нуди избор за секого - од организирани плажи со целосна услуга, па сè до помирни места каде што можеш да бидеш поблиску до природата и да уживаш во свој мир.
