34 скриени убавини на Македонија низ објективот на Влатко Рафески

Од живописните Колешински водопади до незаменливиот Галичник и полињата со расцветани праски во Росоман, ајде за миг да отпатуваме низ нашата прекрасна татковина.

34-skrieni-ubavini-na-makedonija-niz-objektivot-na-vlatko-rafeski-01.jpg

Македонија има мал милион прекрасни места, а тие скриени бисери на природата ги лови талентираниот фотограф Влатко Рафески.

Убавината на нашата татковина доаѓа до израз низ неговите фотографии.

За CRNOBELO.com тој вели:

„Љубовта кон природата е единствената причина за фотографија. Атмосферата која што ја дава природата е моќна состојба за да биде пренесена преку фотографија до секој човек и да го натера да ужива во истата. Со фотографија се занимавам 10 години, од кои последните 7 многу сериозно што се однесува до инвестиции во опрема, учење и постпродукција.

Следејќи ги светските трендови во пејзажната фотографија (landscape photography) сакам нашата земја Македонија да ја претставам во најубаво светло во другите земји. „Creating atmosphere in landscapes“ (креирање на атмосферата во пејзажот) е еден вид стил кој што го негувам при креирањето на фотографијата до конечниот резултат.

Македонија поседува скриени убавини кое потребно е да се истражуваат, да се откриваат нови со што ќе се мотивираат сите да ги посетат и воедно да се грижат да ги зачуваат. Целта на мојата фотографија е да го поттикнам тоа чувство кај луѓето, да ја унапредам свеста за заштита на природата зошто таа е единствен извор на живот на земјата.

Што се однесува до опремата, користам исклучиво Никон опрема (DSLR  i Mirrorless фотоапарати, мемориски картици, ранци и останати аксесоари). Моите фотографии може многу често да ги видите на социјалните мрежи Facebook и Instagram, посебно на светските страни за пејзажна фотографија каде што многу често се наоѓаат во врвните селекции заедно со фотографиите на светски познатите фотографи.

Учествувам на интернет изложби, посетувам семинари на Балканот... Во иднина, планирам да посетам дел од светските атрактивни дестинации за пејзажна фотографија и воедно се припремам за прва самостојна изложба. Сите мои фотографии од сите дестинации можете да ги погледнете на мојот Фејсбук профил.“

Убавините на Македонија низ објективот на Влатко Рафески:

Бабуна водопад - под Солунска Глава

34-skrieni-ubavini-na-makedonija-niz-objektivot-na-vlatko-rafeski-01.jpg

Церипашина - Шар Планина

34-skrieni-ubavini-na-makedonija-niz-objektivot-na-vlatko-rafeski-02.jpg

Црнодолски водопад - Пехчево

34-skrieni-ubavini-na-makedonija-niz-objektivot-na-vlatko-rafeski-03.jpg

Долна Лешница - Шар Планина

34-skrieni-ubavini-na-makedonija-niz-objektivot-na-vlatko-rafeski-04.PNG

Елешец - Охрид

34-skrieni-ubavini-na-makedonija-niz-objektivot-na-vlatko-rafeski-05.jpg

Горна Матка - Скопје

34-skrieni-ubavini-na-makedonija-niz-objektivot-na-vlatko-rafeski-06.jpg

Канео - Охрид

34-skrieni-ubavini-na-makedonija-niz-objektivot-na-vlatko-rafeski-07.jpg

Кањон на Градешница - Мариово

34-skrieni-ubavini-na-makedonija-niz-objektivot-na-vlatko-rafeski-08.jpg

Караниколица - Шар Планина

34-skrieni-ubavini-na-makedonija-niz-objektivot-na-vlatko-rafeski-09.jpeg

Караниколица - Шар Планина

34-skrieni-ubavini-na-makedonija-niz-objektivot-na-vlatko-rafeski-10.jpeg

Уште 8 фотографии на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Наталија (36) од Русија вторпат ја посети Македонија: „Омилена земја ми е, преку песните на Тоше доз... „Немам македонски корени (барем колку што знам), но со целото срце ја сакам Маке...
На одмор со Даниел Данн во Атина: „Бев сам 8 дена, плажите се убаво организирани - кафе е од 3€, леж... „Сместувањето буквално го резервирав истиот ден додека возев кон Атина. Но, врв ...
Наде се прослави во „Танц со ѕвездите“, а сега живее во Њујорк: „Се преселив тука од Лондон, летните... „Во 2014 година ја напуштив мојата родна Битола и се преселив во Рим, потоа 10 г...
Марио од Скопје го посети Рио: „Криминалци со пушки те поздравуваат нормално во фавелите, туристите ... „За време на карневалот луѓето стануваат во 5 наутро за да одат на улични забави...
Фросина од Пробиштип за семејниот живот во Холандија: „Тука никој не вика по децата, времето го мину... „Породилното тука трае само 3 месеци, но огромен број жени работат само неколку ...
Вероника, Русинка омажена во Скопје: „Во Москва бев маѓепсана од државната болница, беше шок во одно... „За жал, поради нарушеното здравје на мајка ми бев во родната Москва, но не може...

Најчитани неделава