Камперските авантури на Мане и Ана: „Невреме на Пониква, мечка во Маврово, појадок над облаци на Галичица“

На многумина им се познати како авантуристичкото дуо од Велес. Но тоа не е доволно за да се добие целосна слика за нив. Тие се дружељубиви, полни со енергија и подготвени во секој момент да тргнат во потрага по нешто ново. 

Sekoj si ja dozivuva razlicno svojata avantura na zivotot ova e nashata eden poinakov nacin na postoewe mane i ana od advenuture 2

Она што го прават во слободно време е одлика на нивниот карактер, а нивните желби и интереси во одредена точка од животот им ги споиле патиштата. Станува збор за Мане, машински инженер и Ана иден архитект, кои стојат зад Инстаграм профилот adventure.mk и кои често одат на патување заедно со нивното куче Арон.

Периодов, постојано налетуваме на нивни објави и интересни приказни, кои ни служат како патокази за истражување на Македонија.

„Најчесто бираме активности кои се случуваат во природа, но некогаш отстапуваме од тоа и бараме забава во секојдневието. Скромни сме и лесно се адаптираме на нови места, ситуации и нови луѓе. Бидејќи социјалните мрежи не се одраз на една личност, секој што нѐ запозна преку нашиот профил веруваме дека ќе го потврди тоа.

Што е авантура? Нешто чудно, нешто кое расте внатре во душата и го осеќаш само ти, на свој начин. Секој си ја доживува различно својата авантура на животот. Ова е нашата“, споделуваат Мане и Ана.

View this post on Instagram

A post shared by ANA & MANE | Adventure, Outdoor, Explore (@adventure.mk)

Велат дека во текот на животот човекот осознава кои работи го инспирираат во поглед на она што сака да прави со себе и како да го „потроши“ животниот век. Но, минувањето на времето ги филтрира непотребностите и до израз доаѓаат вистинските работи кои мотивираат, полнат со енергија, оставаат без здив и едноставно не може да се оди понатаму, без да се задоволат.

View this post on Instagram

A post shared by ANA & MANE | Adventure, Outdoor, Explore (@adventure.mk)

„Не помнам пред колку време беше кога првпат се вљубив на некој начин во коренот на сето ова што денес го правам. Иако не сум знаел на каков начин ќе се развива сето тоа, односно не сум ни имал поим дека воопшто ќе се развива.

Почетокот е најверојатно кај сите ист, кампување во шатор некаде во близина, една ноќ, најчесто 1-ви мај. Потоа потребата расте, подобра опрема за 3 ноќевања, па 5 ноќевања, па висински промени, па сѐ погоре и погоре и на крај дојдовме до ова денес. А уште колку ли има?“, открива Мане.

Ана кампува уште од многу мала, нејзиното семејство е заднината за она што е таа денес. За себе вели дека може да каже дека пораснала со овој начин на живот. Љубовта кон природата, купувањето, возењето велосипед … Сите овие нешта ги негува подолго време и на тој начин со Мане станеле поттик еден за друг, за остварување на нивните идеи.

Често повторува дека кога човекот ќе ја пронајде личноста која целосно го исполнува и постојано го следи, чекор по чекор, тогаш авантурата доаѓа сама по себе.

„Најчесто бираме места кои не сме ги посетиле и тогаш правиме план како ќе го искористиме времето. Ако треба да избереме локации кои ги уживаме секој пат како да ни е прв, тоа дефинитивно би била западна Македонија.

Едни од омилените места ни се Галичник и Јанче на Бистра, Горна Белица на Јабланица, Галичица. Како едно од омилените кое ни е блиску за стигнување и кое е relax-zone е Планинарскиот дом – Чеплес на планината Јакупица во Централна Македонија“, споделуваат Мане и Ана.

Со текот на годините, ова авантуристичко дуо има поминато низ секакви ситуации. Со носталгија се сеќаваат на нивното прво заедничко кампување над Крушево, во шумата кај Мечкин Камен. Надвор било 2 степени, а тие тотално неопремени. Тоа што измрзнале и биле ненаспани ги натерало да се активираат да обезбедат малку повеќе комфорот при такви патувања.

Во Грција, веднаш по границата имале дефект на возилото, па морале да возат 60 km/h и така поминале 700 километри. Кампувале на диво неколку дена пред да дојде полиција и да ги избрка. Малку фалело и да им пишат казна. Тоа било доволна причина за да тргнат во потрага по поубави локации.

Интересни спомени имаат и од Националниот парк Маврово. Додека се возеле по главниот пат од село Јанче до Мавровско Езеро, од левата страна забележале огромна мечка како трча по самиот пат. Мечката штотуку била слезена од шумата и се упатила кон реката Радика. Во моментот Мане и Ана биле толку изненадени што не успеале ниту да ја фотографираат.

Два пати кампувале на најголемо невреме. Една доцна есен заедно со нивни блиски пријатели тргнале на Пониква. Пешачеле по ладно и магловито време и по некој саат сфатиле дека немаат ориентација каде се наоѓале и се вратиле назад. Немало обележана патека, па морале да се движат низ веќе пожолтен папрат.

Еден декемвриски викенд заминале во дрвените куќички на Китка, во близина на домот. Толку биле неодржувани и нехигиенски, што зажалиле што не кампувале. Сепак биле во близина на Караџица, па веднаш го напуштиле местото и се упатиле таму.

„Пред неколку дена го начекавме најубавото зајдисонце што досега сме го виделе и го уживавме до крај. Само да не беше ова: локални берачи на боровинки (кои периодов живеат во мали колиби горе на Кожуф) не ни дадоа мир вечерта бидејќи беа желни за разговор, дружба и по некое пиво. Заклучивме дека нема да можеме да бидеме сами ако останеме на тоа место, затоа во 10 часот вечерта се спуштивме во село Конско“, раскажуваат за нивните доживувања.

Периодов многу луѓе сакаат да испробаат нешто ново и решаваат да одат на кампување. Мане и Ана ги охрабруваат сите оние што сè уште се двоумат да ги спакуваат ранците, да најдат соодветно место за поставување на шатор и да уживаат во убавината на моментот.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Марко Џамбазоски: „Сакам да истражувам и да покажам дека Македонија е многу повеќе од Скопје и Охрид... Марко Џамбазоски од Скопје со неговиот авантуристички дух постојано ја истражува...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Марија Стамболиќ за патувањето во Јапонија: „Мажи во костуми на полноќ играат Покемон и пијат виски ... „Во Јапонија не беше културно да се зборува во метро и исто така телефоните мора...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg