Мими Анастасова за престојот на Малдиви: „Под бунгаловиот ни пливаа ајкули навечер, а најмногу туристи имаше од Русија“ - Results from #1


Мими Анастасова за престојот на Малдиви: „Под бунгаловиот ни пливаа ајкули навечер, а најмногу туристи имаше од Русија“

Колку локалците се професионални во пристапот кон посетителите?

Ултра професионални, сѐ е многу организирано и многу убаво означено уште на самото пристигнување на аеродромот. Бидејќи туризмот им е примарна дејност ова го сфаќаат многу сериозно.

Секој од островите, односно ресортите, има свој пункт на самиот аеродром каде што се добиваат сите потребни податоци за понатамошниот трансфер.

mimi-anastasova-za-prestojot-na-maldivi-pod-bungaloviot-ni-plivaa-ajkuli-navecher-a-najmnogu-turisti-imashe-od-rusija-17.jpeg

Вработените во Sun Island ресортот, каде што бевме ние, исто така беа прељубезни (дури да ти стане незгодно), навистина многу професионални и услужливи. Буквално до тој степен да ништо не ти недостига за време на престојот.

На самиот остров има околу 800 вработени кои буквално човек не може ни да ги забележи, работат преку ноќ за сѐ да биде беспрекорно и чисто низ островот кога ќе се разбудат туристите.

mimi-anastasova-za-prestojot-na-maldivi-pod-bungaloviot-ni-plivaa-ajkuli-navecher-a-najmnogu-turisti-imashe-od-rusija-02.jpeg

Дали Малдиви е дестинација за совршен одмор?

Дефинитивно да. Погодно е и за оние кои сакаат одмор во кој што само ќе уживаат во плажата и океанот, а и за оние подинамичните кои покрај тоа сакаат и да видат и доживеат некое уникатно искуство.

mimi-anastasova-za-prestojot-na-maldivi-pod-bungaloviot-ni-plivaa-ajkuli-navecher-a-najmnogu-turisti-imashe-od-rusija-09.jpeg

Најдобрата страна на Малдиви е...

Без двоумење – природата! Подводниот свет, школките и ракчињата кои се движат по плажите, ражите и ајкулите кои секој ден на зајдисонце доаѓаат за да се хранат, малите ајкулчиња кои преку ден пливаат близу до плажата, високите палми, мирисот на цвеќињата кои прават целиот остров да мириса на парфем... Птиците кои шеткаа низ целиот остров како и големите лилјаци кои дури пијеа вода од базенот помеѓу туристите.

mimi-anastasova-za-prestojot-na-maldivi-pod-bungaloviot-ni-plivaa-ajkuli-navecher-a-najmnogu-turisti-imashe-od-rusija-18.jpg

Најлошата страна на Малдиви е...

Што не е блиску, па да можеме да одиме секој викенд.

mimi-anastasova-za-prestojot-na-maldivi-pod-bungaloviot-ni-plivaa-ajkuli-navecher-a-najmnogu-turisti-imashe-od-rusija-04.jpeg

Каква беше храната на островот?

Многу сме задоволни од храната, малдивската традиционална кујна воглавно се состои од риба и морски плодови приготвени со многу зачини. На менито секој ден се нудеше различен вид на риба која свежо се приготвуваше.

Покрај тоа имаше голем избор и на индиска кујна, како и дел од стандардните кујни, за сечиј вкус по нешто. Јадењата речиси и да не се повторуваа.

На островот имаше и три ресторани, италијански, тајландски и веге ресторан – кој е навистина уникатен, среде џунглата, со мост од јаже, со маса поставена на платформа високо на дрво.

mimi-anastasova-za-prestojot-na-maldivi-pod-bungaloviot-ni-plivaa-ajkuli-navecher-a-najmnogu-turisti-imashe-od-rusija-11.jpeg

Се нудат и вечери на плажа кои дополнително се организираат, изгледа навистина романтично и интимно, совршени се за некои посебни пригоди. Убаво осветлени, покриени со завеси, сместени на самата плажа до океанот овие вечери чинат околу 300 долари.

mimi-anastasova-za-prestojot-na-maldivi-pod-bungaloviot-ni-plivaa-ajkuli-navecher-a-najmnogu-turisti-imashe-od-rusija-10.jpeg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Кико Митев: „Бев меѓу последните туристи на Мачу Пикчу пред да го затворат поради короната“ Постојат луѓе кои не се плашат да експериментираат со животот, да менуваат среди...
Даниела Станковска за Дубаи: „Од Бурџ Халифа го видов најубавото зајдисонце, измрзнав среде пустина ... „Јас бев воодушевена од првиот момент кога стапнав во Дубаи. Целиот тој модерен ...
Ивана Младеновска: „Малта е преполна можности, мана се само сообраќајниот метеж и влажноста“ Секој си го следи животниот пат. И пробува колку што е можно повеќе да се придрж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg