Мими Анастасова за престојот на Малдиви: „Под бунгаловиот ни пливаа ајкули навечер, а најмногу туристи имаше од Русија“


Мими Анастасова за престојот на Малдиви: „Под бунгаловиот ни пливаа ајкули навечер, а најмногу туристи имаше од Русија“

„Имавме можност 2 дена да престојуваме во вилите на вода, искуството е навистина уникатно, да спиеш над вода додека под тебе пливаат ајкули. Да, ајкулите доаѓаат навечер кај вилите на вода за да се хранат како дел од туристичката атракција, но дел остануваат и да си преноќат“, раскажува 31-годишната Мими од Скопје.

mimi-anastasova-za-prestojot-na-maldivi-pod-bungaloviot-ni-plivaa-ajkuli-navecher-a-najmnogu-turisti-imashe-od-rusija-01.jpg

Мими Анастасова (31) од Скопје неодамна со својот партнер имаше одмор од соништата на Малдиви.

Од пурпурни зајдисонца до спиење во бунгалови и кајакарење, таа вели дека Малдивските острови навистина се совршена дестинација за одмор.

Впечатоците од Малдиви ги споделува за CRNOBELO.com…

Кој беше поводот за посета на Малдиви?

Па, искрено и немаше некој повод, јас и мојот партнер сме авантуристи по природа, па доволно беа сликите што секојдневно ни излегуваа на Инстаграм за да се одлучиме и во рок од 3 недели веќе бевме на Малдиви.

mimi-anastasova-za-prestojot-na-maldivi-pod-bungaloviot-ni-plivaa-ajkuli-navecher-a-najmnogu-turisti-imashe-od-rusija-12.jpeg

Колку чини патот дотаму?

Цените на авионските билети постојано варираат, но од прилика од она што го имам пребарувано од 600 до 1.000 евра може да чини повратен авионски билет. Цената зависи од периодот во кој се резервира како и изборот на авиокомпанија.

Ние летавме со Qatar Airways од Софија и повратен билет чинеше 650 евра по лице. Но, ова е за до главниот град - Мале. Од Мале до кој било остров повторно е потребен авионски превоз кој може да чини од 300 долари, па нагоре.

На пример, повратен авионски билет од Мале до Налагураидхоо (каде што бевме сместени), кој се наоѓа на само 100 км чинеше 300 долари.

mimi-anastasova-za-prestojot-na-maldivi-pod-bungaloviot-ni-plivaa-ajkuli-navecher-a-najmnogu-turisti-imashe-od-rusija-05.jpeg

Првиот впечаток по пристигнувањето...

Уште додека бев во авион очекував да ја видам глетката на Малдивските острови од горе, онаа добропозната слика што ја гледаме на документарците, морам да кажам дека е навистина уникатна и волшебна глетка. Сите тие нијанси на сино и смарагдно зелено во океанот, белите песочни плажи се гледаат уште од облаците.

mimi-anastasova-za-prestojot-na-maldivi-pod-bungaloviot-ni-plivaa-ajkuli-navecher-a-najmnogu-turisti-imashe-od-rusija-15.jpeg

Првиот впечаток на аеродромот ми беше многу позитивен, се изненадив од тоа што целиот аеродром беше отворен, не наликува на ниту еден друг аеродром од тоа што сум имала прилика да видам, сѐ е на отворено, гејтовите за излез како и пасошката контрола. Аеродромот изгледа буквално како една голема покриена тераса. Температурата беше висока и влажноста на воздухот исто така, а ние бевме сѐ уште со јакните во рака и фармерки, совет – носете си облека во рачниот багаж за да се пресоблечете кога ќе стигнете таму.

Откако слетавме во главниот град Мале, моравме да чекаме друг авион, трансфер за до островот којшто го одбравме како наша дестинација.

Како прв впечаток од пристигнувањето на  Налагураидхоо морам да го издвојам пречекувањето и љубезноста на персоналот кој веднаш нѐ послужи со пијалак и ни даде влажни пешкирчиња за да се освежиме додека чекаме сместување.

mimi-anastasova-za-prestojot-na-maldivi-pod-bungaloviot-ni-plivaa-ajkuli-navecher-a-najmnogu-turisti-imashe-od-rusija-03.jpeg

Какви се цените? Цена на коктел на плажа на пример?

Цените на коктелите се движат од 12 до 20 долари, пивото е 8 долари, кафето од 6 до 10 долари, шише вода од 1 литар чини 2,5 долари, пица од 30 долари, па нагоре, хамбургер 17 долари.

Цената на сувенирите е повисока за разлика од други места, но сѐ е рачна изработка од страна на населението. Не можам да кажам дали цените се високи или нормални бидејќи тоа е релативно, но генерално разбирливо е дека за разлика од други места цените се доста повисоки бидејќи сѐ доаѓа од увоз.

mimi-anastasova-za-prestojot-na-maldivi-pod-bungaloviot-ni-plivaa-ajkuli-navecher-a-najmnogu-turisti-imashe-od-rusija-06.jpeg

Имаше ли многу туристи со оглед на ситуацијата со короната? Од кои земји?

Капацитетот на островот е да може да прими 1.000 туристи, во моментот имаше 860 туристи, па би рекла дека да, имаше многу туристи, но островот е 2км долг и 500м широк, па не се чувствува дека скоро сите сместувачки капацитети се полни.

Најмногу имаше Руси и тоа добри 80% би рекла, потоа имаше и Германци, запознавме и Хрвати, а секако дека сретнавме и Македонци.

mimi-anastasova-za-prestojot-na-maldivi-pod-bungaloviot-ni-plivaa-ajkuli-navecher-a-najmnogu-turisti-imashe-od-rusija-13.jpeg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Кико Митев: „Бев меѓу последните туристи на Мачу Пикчу пред да го затворат поради короната“ Постојат луѓе кои не се плашат да експериментираат со животот, да менуваат среди...
Даниела Станковска за Дубаи: „Од Бурџ Халифа го видов најубавото зајдисонце, измрзнав среде пустина ... „Јас бев воодушевена од првиот момент кога стапнав во Дубаи. Целиот тој модерен ...
Ивана Младеновска: „Малта е преполна можности, мана се само сообраќајниот метеж и влажноста“ Секој си го следи животниот пат. И пробува колку што е можно повеќе да се придрж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg