Мими Анастасова за престојот на Малдиви: „Под бунгаловиот ни пливаа ајкули навечер, а најмногу туристи имаше од Русија“ - Results from #2


Мими Анастасова за престојот на Малдиви: „Под бунгаловиот ни пливаа ајкули навечер, а најмногу туристи имаше од Русија“

Како се движеше таму, кои места ги посети, се забавуваше ли со некои водени спортови?

Островот е релативно мал и цело време одевме пешки, не сакавме да пропуштиме некој дел што нема да го видиме. Има можност за изнајмување на велосипед, како и хотелските електрични возила кои често кружеа низ островот, па може да пренесат туристи од една до друга точка.

Освен Налагураидхоо, островот на кој што бевме сместени не посетивме друго место, поради ситуацијата со Ковид-19 потребен е ПЦР тест доколку сакаш да посетиш и друг остров, но Налагураидхоо навистина имаше што да понуди, па не би ни имале време за да посетиме и друг остров.

mimi-anastasova-za-prestojot-na-maldivi-pod-bungaloviot-ni-plivaa-ajkuli-navecher-a-najmnogu-turisti-imashe-od-rusija-16.jpeg

Околу 1 час е потребен за да се обиколи целиот остров со одење по плажа, попатно наоѓавме прекрасни скриени места каде што може да се направи одлична фотка, островот има и своја сопствена градина каде што се одгледува овошје и зеленчук.

Навистина беше интересно да се посети џунглата и да вкусиш банана штотуку скината од дрво, ананас, манго, зачинот кари и слично.

mimi-anastasova-za-prestojot-na-maldivi-pod-bungaloviot-ni-plivaa-ajkuli-navecher-a-najmnogu-turisti-imashe-od-rusija-08.jpg

Има избор и на водени спортови, јас и мојот партнер изнајмивме кајак. Океанот е многу мирен околу островот и идеално е за кајакарење.

mimi-anastasova-za-prestojot-na-maldivi-pod-bungaloviot-ni-plivaa-ajkuli-navecher-a-najmnogu-turisti-imashe-od-rusija-07.jpeg

Во каков тип на сместување престојуваше? Од што од понуденото си највоодушевена?

Имавме можност 2 дена да престојуваме во вилите на вода, искуството е навистина уникатно, да спиеш над вода додека под тебе пливаат ајкули. Да, ајкулите доаѓаат навечер кај вилите на вода за да се хранат како дел од туристичката атракција, но дел остануваат и да си преноќат.

Потоа, се сместивме во Superior Beach Bungalow што лично многу повеќе ни се допадна бидејќи се излегува дирекно на плажа и се добива она чувство на сопствена плажа и нудат голема приватност, плус повеќе се слушаат звуците на природата, птиците, лилјаците и според нас погледот е многу поубав.

mimi-anastasova-za-prestojot-na-maldivi-pod-bungaloviot-ni-plivaa-ajkuli-navecher-a-najmnogu-turisti-imashe-od-rusija-05.jpeg

Најромантична сцена на која посведочи на Малдиви е...

Пурпурниот залез на сонцето, нешто што мислевме дека е Фотошоп кога гледавме слики од Малдиви.

mimi-anastasova-za-prestojot-na-maldivi-pod-bungaloviot-ni-plivaa-ajkuli-navecher-a-najmnogu-turisti-imashe-od-rusija-14.jpeg

Би можела ли да се замислиш да живееш таму?

Не, бидејќи Малдиви го гледам само како место за одмор.

Повеќе фотки од Мими од Малдиви:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кико Митев: „Бев меѓу последните туристи на Мачу Пикчу пред да го затворат поради короната“ Постојат луѓе кои не се плашат да експериментираат со животот, да менуваат среди...
Даниела Станковска за Дубаи: „Од Бурџ Халифа го видов најубавото зајдисонце, измрзнав среде пустина ... „Јас бев воодушевена од првиот момент кога стапнав во Дубаи. Целиот тој модерен ...
Ивана Младеновска: „Малта е преполна можности, мана се само сообраќајниот метеж и влажноста“ Секој си го следи животниот пат. И пробува колку што е можно повеќе да се придрж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg