Душица Андоновска за престојот на Малдиви: „Во водата имаше бебиња ајкули, а љубезноста на персоналот беше неверојатна“

Има ли што да се прави? Што нуди Малдиви како забава?

Во однос на забава овој ресорт имаше доста богат избор независно дали сте со деца или без. За деца конкретно имаше клуб за деца во кој децата може да поминат и до 4/5 часови бидејќи имаа секаков вид на игри и играчки, од плишани мечиња до PlayStation.

dushica-andonovska-za-prestojot-na-maldivi-vo-vodata-imashe-bebinja-ajkuli-a-ljubeznosta-na-personalot-beshe-neverojatna-01.jpg

Во однос на спортски активности имаат терени за секој спорт достапни преку цел ден, имаше утринска јога и гимнастика и различни водени спортови. Самиот ресорт нуди посета на други острови, нуркање, посета на делфини, рибарење навечер и наутро, пикник на мал пуст остров на кој ви организираат ручек или вечера и ве оставаат таму неколку часа така што има што да се прави, не може да ви биде здодевно никогаш и времето поминува неверојатно брзо.

dushica-andonovska-za-prestojot-na-maldivi-vo-vodata-imashe-bebinja-ajkuli-so-samata-vila-imavme-i-sopstven-batler-13.jpeg

Какви се цените?

Околу цени за храна, пијалаци не би можела да кажам затоа што нашиот аранжман беше premium all inclusive и со тоа сè што сакавме да јадеме и пиеме спаѓаше во самата цена. Според мене доколку станува збор за поголем ресорт ваквиот тип на аранжман во кој храна и пијалаци спаѓаат во цената, исто како и дел од услугите кои ги нуди хотелот е доста поисплатлив бидејќи во спротивно таму губите осет за тоа колку јадете и пиете и за сè што ќе посетите доколку истото се наплаќа, па на крај цената може непријатно да ве изненади.

dushica-andonovska-za-prestojot-na-maldivi-vo-vodata-imashe-bebinja-ajkuli-so-samata-vila-imavme-i-sopstven-batler-18.jpeg

Најинтересен настан со вработените од ресортот…

Во однос на персоналот како што веќе кажав бев изненадена од таа нивна љубезност и таа желба да се покажат како добри домаќини. Во текот на тие 11 дена немаше една работа што би кажала дека не чини. Сум патувала во различни земји и различни хотели, но искрено добар народ како овој немам сретнато.

Со самата вила имавме и сопствен батлер кој се грижеше да ни организира сè што сакавме да посетиме, да ни резервира каде ќе вечераме, да организира доколку сакаме да спортуваме, задолжен за PCR тестови, да нè вози од еден дел на островот до друг, буквално сè што ќе ви падне на памет дека сакате да правите тој е тука да направи сето тоа да се случи без ваше оптоварување.

dushica-andonovska-za-prestojot-na-maldivi-vo-vodata-imashe-bebinja-ajkuli-so-samata-vila-imavme-i-sopstven-batler-09.jpeg

Јас бев фасцинирана од нивната љубезност, тој останува буден додека гостите не влезат во вилата да спијат и е буден сабајле пред тие да станат, човек добива чувство дека овие луѓе никогаш не спијат, а се секогаш насмеани и желни да ви го направат престојот таму што поубав.

Луѓето кои се задолжени за хигиената во самата вила, доаѓаат по 3 пати во ден со таква насмевка на лицето што може да видиш дека тој е среќен што гостинот е задоволен од неговата работа. За мене начинот на кој овие луѓе работат и живеат е една од работите што ми остави најголем впечаток.

dushica-andonovska-za-prestojot-na-maldivi-vo-vodata-imashe-bebinja-ajkuli-so-samata-vila-imavme-i-sopstven-batler-08.jpeg

Имаше ли некоја случка со животинскиот свет таму?

Животинскиот свет е доста интересен. Во вода имаше baby sharks постојано, тие се мали ајкули со големина од 20/30 сантиметри и не се опасни за луѓето, но навечер во еден дел од ресортот знаеше да се појави и некоја со големина од 60/70 сантиметри што беше интересно за гледање.

Сепак, во водата има поставено мрежи кои не дозволуваат големи ајкули да се приближат до плажата, а малите да можат слободно да се движат. Луѓето таму не обрнуваа некое внимание на нив и слободно си пливаа во сите делови на ресортот.

dushica-andonovska-za-prestojot-na-maldivi-vo-vodata-imashe-bebinja-ajkuli-so-samata-vila-imavme-i-sopstven-batler-04.jpeg

Едно од животните што ми остави посебен впечаток е „flying fox“ или летачки лилјаци. Тие јадат само овошје, не се опасни за луѓето и се едни од најголемите лилјаци кои постојат.

На прв поглед се непријатни за гледање, но доколку го надминете стравот и ги гледате внимателно ќе видите дека личат на мали кучиња со крила од лилјак, па стравот од нив исчезнува.

Исто така интересно е дека навечер „школките се движат“. Безброј ракчиња влегуваат во школките и се движат низ плажата што е неверојатна глетка. Токму од тие причини забрането е со закон да земете школка или песок со себе бидејќи на тој начин се уништува екосистемот.

dushica-andonovska-za-prestojot-na-maldivi-vo-vodata-imashe-bebinja-ajkuli-so-samata-vila-imavme-i-sopstven-batler-06.jpeg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Марија Стамболиќ за патувањето во Јапонија: „Мажи во костуми на полноќ играат Покемон и пијат виски ... „Во Јапонија не беше културно да се зборува во метро и исто така телефоните мора...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Моника и Никола патуваа од Скопје до 3 грчки острови со скутер: „Поминавме 1.800km, ни се запали куф... „На пат кон Атина имавме мало патешествие, кое за среќа нè чинеше само 2 изгорен...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...
Ива од Скопје за одморот на Малдиви со две мали деца: „Сменивме 3 авиони и глисер, патот е напорен, ... „Патувавме скоро 24 часа, летавме од Белград, сменивме 3 авиони и плус глисер до...
Весна Коцевска, туристички водич, за патувањето во Сицилија: „Во Палермо е многу евтино, во Катанија... На сите им препорачувам да патуваат со деца во Сицилија. Без разлика дали би се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg