Наташа Епеле, скопјанка мажена во САД: „Маж ми обожава мусака и сака да се преселиме во Македонија“

Моментално сте на Флорида, каков е животот таму, покрај океан на плажа?

Санта Роса е сосема различен град од Роли. Мало гратче покрај океан. Преполно со туристи, велосипеди, шеталишта, ресторани, мали продавнички, преубави плажи и огромни шуми во заднина.

Животот тука е посмирен, никој не е во брзање да стигне некаде, сите се пријателски расположени и комуникативни. Сите се заинтригирани од мојот акцент, а скоро никој не чул за Македонија претходно.

natasha-epele-za-zivotot-na-florida-i-severna-karolina-rabotev-kako-trener-na-roboti-vo-amazon-hranata-e-losha-a-soobrakajot-uzasen-22.jpg

Како се живее со Северна Каролина?

Северна Каролина е огромна. Иако често одиме на авантури и истражуваме, немаме ни половина од неа посетено. Роли е главниот град. Огромно место и пребрзо темпо.

Какo се снајде со средувањето на документи? Дали имаше некои тешкотии што си странец?

Сите информации за документите се достапни на интернет, сите владини страници имаат автоматски секретарки и агенти на телефон кои одговараат прашања и помагаат за комплетна апликација. Има адвокатски друштва кои ни пријдоа за помош, но ние одлучивме дека можеме сами да пополниме, како што и се случи.

Потешкотии... Па, да, секако имав. Дојдов на ново место, без да познавам никој освен сопругот.

natasha-epele-za-zivotot-na-florida-I-severna-karolina-rabotev-kako-trener-na-roboti-vo-amazon-hranata-e-losha-a-soobrakajot-uzasen -11.jpg

Во прво време, иако зборувам англиски со години, најтешко ми беше да ги разберам локалците, а и тие мене. Сега е друго.

Пријателите од детството на мојот сопруг, новите пријатели кои ги запознавме, семејството од страната на мојот сопруг, сите придонесоа да се чувствувам како дома во Роли. Исто така, тука се е онлајн, па штом пристигнавме тука, јас се зачленив во групи на Фејсбук во кои жени и девојки се зачленуваат за дружење, запознавање, стекнување нови пријателки кои делат исти интереси и жени кои се поддржуваат меѓусебе, споделуваат контакти или решенија на некој проблем. 

Првично бев скептик за тоа, но одлучив да ги поканам во нашиот дом, зготвив мусака и десетина од нив дојдоа. Различни позадини, различни потекла, сите отворени за дружба. Еве, до ден денес, сè уште се собираме заедно и испробуваме различни видови на храна во различни ресторани.

Како е во Америка на професионално поле? Дали е тешко да се најде добра работа и што работиш ти?

Америка е земја на можности. Работа има насекаде, зависно дали сакаш да најдеш и колку си пребирлив. Работа од типот на ресторан, маркет и слично може да започнеш кој било ден.

Работа по струка и со диплома од Македонија, е многу потешко да се најде, а и процесот трае долго. Но, како што напоменав, тука можностите се бескрајни, за доставување на храна на пример, сè што ти е потребно е твој автомобил и мобилен телефон, работиш колку часа на ден сакаш и земаш нарачки што ти се во твојот дел од градот - како индиректен приход се заработува многу добро.

natasha-epele-za-zivotot-na-florida-I-severna-karolina-rabotev-kako-trener-na-roboti-vo-amazon-hranata-e-losha-a-soobrakajot-uzasen -19.jpg

Клучно е да имаш отворен ум кон сè што е тука. Лично за работа, имав проблем на почетокот, секој работодавач сакаше да се јави на претходните работодавци да ги потврди препораките, не беа отворени да дадат шанса на некој што не го познаваат. Тоа доведе мојата прва работа да биде хостеса во ресторан.

По неколку месеци таму, почнав да аплицирам на различни позиции. Сè што им е важно тука е да се појавиш на време за работа, да покажеш дека вложуваш труд кон работата и тие се отворени да те научат. Штом го имав ресторанот во заднина како препорака и шеф на којшто можат да се јават и да потврдат за моето работно искуство таму, почнав да примам одговори од различни фирми.

Но, како што сè се случи со пандемијата, и затворањето на скоро сите фирми во различни полиња, веќе никој не вработуваше.

natasha-epele-za-zivotot-na-florida-I-severna-karolina-rabotev-kako-trener-na-roboti-vo-amazon-hranata-e-losha-a-soobrakajot-uzasen -06.jpg

На моја среќа, во близина на нашата куќа, Амазон отвораше една од нивните фабрики во која вработуваа минимум 3.000 луѓе, а не ни прашуваа за резиме. На првиот ден за ориентација прашуваа кој што знае да работи од листа полна со примери.

Така станав „problem solver“ за Амазон, каде работата ми беше да туркам лаптоп на количка низ целата зграда и да скенирам производи кои беа избришани од резервите. По два месеци добив обука да ги тренирам роботите кои се во фабриката и на долгорочен план ќе ги заменат сите вработени. Хахаха иронично, но сепак интересно искуство.

natasha-epele-za-zivotot-na-florida-i-severna-karolina-rabotev-kako-trener-na-roboti-vo-amazon-hranata-e-losha-a-soobrakajot-uzasen-23.jpg

Моментално работам за националниот парк во Флорида, одржување на плажата и животните кои се размножуваат на тие плажи. Во соработка со биолози и локални ренџери, научив многу нови и возбудливи работи, за морските животни, за дивите животни кои опстојуваат на овие простори и за растенијата што можат да се најдат само во овој дел од светот.

Што најмногу ти се допаѓа во Америка?

Различна инфраструктура, различни луѓе. Прекрасни места да се видат. Од плажите на Флорида, до градското лудило во Лас Вегас… Сè е сосема различно од претходното место.

Но, тука голема улога имаат и бесконечните можности. На пример ако решиш да патуваш, можеш да најдеш работа каде било и да останеш таму да истражуваш и да го искусиш градот, па да продолжиш на следното место.

А што те нервира на тој крај од светот?

Сообраќајот. Американците се исклучително лоши возачи, а нивната мрзеливост не помага многу. Ако мораш да возиш до центарот на градот преку ден, очекувај да поминеш два часа чекајќи на семафор, во метеж.

Автомобилот пред тебе, на автопат или не, не очекувај дека секогаш ќе сигнализира каде и како ќе се движи. Ако мапата на телефонот ти кажува ќе пристигнеш некаде за дваесетина минути, секогаш додај дваесетина минути плус во случај да наидеш на некој што мора да разговара на телефон додека вози пред тебе и константно сопира поради несконцентрираност.

natasha-epele-za-zivotot-na-florida-I-severna-karolina-rabotev-kako-trener-na-roboti-vo-amazon-hranata-e-losha-a-soobrakajot-uzasen-02.jpg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Марко Џамбазоски: „Сакам да истражувам и да покажам дека Македонија е многу повеќе од Скопје и Охрид... Марко Џамбазоски од Скопје со неговиот авантуристички дух постојано ја истражува...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Марија Стамболиќ за патувањето во Јапонија: „Мажи во костуми на полноќ играат Покемон и пијат виски ... „Во Јапонија не беше културно да се зборува во метро и исто така телефоните мора...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Битолчанката Дивна 13 години работи на брод: „Од аниматор за деца стигнав до директор на одделот, Ма... „Со оглед дека во Македонија беше тешко да се добие работна позиција по завршува...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg