Наташа Епеле, скопјанка мажена во САД: „Маж ми обожава мусака и сака да се преселиме во Македонија“


Наташа Епеле, скопјанка мажена во САД: „Маж ми обожава мусака и сака да се преселиме во Македонија“

„Одењето до продавница и назад одзема најмалку два часа од твојот ден. Сè е далеку. Сè е големо и пространо. За сè е неопходно добро планирање. Најголем предизвик е храната. Сè е тука благо, дури и лебот. Дружењето е со закажување. Не е како кај нас. Нема „ајде на кафе попладне“, туку „што правите на 23-ти месецов за да се собереме““, раскажува Наташа за животот на Флорида и во Северна Каролина.

natasha-epele-za-zivotot-na-florida-I-severna-karolina-rabotev-kako-trener-na-roboti-vo-amazon-hranata-e-losha-a-soobrakajot-uzasen-01.jpg

Скопјанката Наташа Епеле љубовта ја однесе во Америка, каде живее со сопругот Џејсон, кој ја обожава Македонија. 29-годишната Наташа вели дека брзо се навикнала на животот во Америка, но не и се допаѓа храната, бидејќи сè е благо. Нејзиниот сопруг Џејсон обожава гравче и мусака, а пријателите од Америка ракијата ја нарекуваат „македонски отров“.

За CRNOBELO.com оваа млада скопјанка вели дека Америка е земјa на можностите и лесно може да се најде работа ако сте вредни и непребирливи. Таа досега има работено како хостеса во ресторан и како тренер на роботи во фабрика на Амазон.

Од Скопје во САД, што те однесе таму и веќе колку долго време живееш таму?

Љубовта. Мојот сопруг Џејсон. На Флорида сме само за летово, инаку живееме во Роли, Северна Каролина. Таму е семејството на мојот сопруг. Во САД сум веќе 2 ипол години.

natasha-epele-za-zivotot-na-florida-I-severna-karolina-rabotev-kako-trener-na-roboti-vo-amazon-hranata-e-losha-a-soobrakajot-uzasen -16.jpg

Каде го запозна твојот сопруг?

Со Џејсон се запознавме во Скопје. Имав план за вечера да се сретнам со пријател, со кој соработував преку мојата невладина организација, кој ми соопшти дека му го покажува Скопје на странец кој штотуку пристигнал во Скопје.

Тоа секако беше Џејсон, кој беше дојден на едногодишен работен договор во Американската амбасада во Скопје. Таа вечера траеше до три часот наутро, каде пешачевме од плоштад до мојот дом и седевме на клупата пред мојата куќа непрестајно разговарајќи и откривајќи ги сите заеднички интереси.

natasha-epele-za-zivotot-na-florida-I-severna-karolina-rabotev-kako-trener-na-roboti-vo-amazon-hranata-e-losha-a-soobrakajot-uzasen -08.jpg

Дали имавте македонска или американска свадба?

Хмммм… свадба немавме, барем не од традиционален вид. Имавме мала интимна прослава во Скопје за нашата веридба. Потоа имавме мала прослава после матичното во Роли.

Двете прослави беа со блиски пријатели и роднини, колку да се обележи поводот. Но, и двајцата не сме љубители на големи свадби, метеж и слично, па сè беше совршено и токму онака како што посакував.

natasha-epele-za-zivotot-na-florida-I-severna-karolina-rabotev-kako-trener-na-roboti-vo-amazon-hranata-e-losha-a-soobrakajot-uzasen -07.jpg

Како му се допадна Македонија на твојот сопруг? Што му се допаѓа од нашата кујна и дали научи по некој македонски збор?

Џејсон ја обожава Македонија! Првата година додека беше таму посетивме многу места заедно, Струга, Охрид, Битола, Маврово… кога се вративме минатата година бевме да го посетиме Осоговскиот манастир и Крива Паланка.

Непрекинато раскажува на сите за сè што видел, за луѓето кои ги запознал и за храната. Тука имаме ракија во секое време. Сите наши пријатели имаат пробано ракија. Многумина од нив ја викаат ракијата „македонски отров“ после прославата на 30-тиот роденден на Џејсон.

Храната исто така. За сите наши пријатели и познаници имаме готвено мусака. А, многу често дома правиме гравче тавче, ориз со копани, месиме пирошки. Но, ништо не е вкусно како што е во Скопје. На Џејсон му е омилено сè што мајка ми и мојата постара сестра ќе зготват дома.

natasha-epele-za-zivotot-na-florida-I-severna-karolina-rabotev-kako-trener-na-roboti-vo-amazon-hranata-e-losha-a-soobrakajot-uzasen -05.jpg

Зборувањето на македонски јазик го знае доволно да се снајде наоколу, но учи. Дома ја имаме азбуката на ѕид закачена. Моментално ја знае и знае да чита кирилица. Лесно ги поврзува зборовите, но сè уште учи и вежба.

Имаме речник дома, имаме ЦД со аудио лекции и секојдневно се јавуваме на фамилијата или пријателите во Скопје, да вежбаме нови реченици.

Како се навикна на американскиот начин на живот и што ти беше најтешко?

Се навикнав. Но, и по две години Америка сè уште има начини да ме изненади одвреме навреме.

natasha-epele-za-zivotot-na-florida-I-severna-karolina-rabotev-kako-trener-na-roboti-vo-amazon-hranata-e-losha-a-soobrakajot-uzasen -15.jpg

Роли е огромен град. Одењето до продавница и назад одзема најмалку два часа од твојот ден. Сè е далеку. Сè е големо и пространо. За сè е неопходно добро планирање.

Пред да се преселам тука често патував преку мојата невладина организација и во соработка со други, имам посетено поголем дел од Европа и дел од азиските земји, тоа искуство ми помогна многу со преселбата тука и лесната адаптација на тоа што е тука и каков е животот тука.

natasha-epele-za-zivotot-na-florida-I-severna-karolina-rabotev-kako-trener-na-roboti-vo-amazon-hranata-e-losha-a-soobrakajot-uzasen -09.jpg

Најголем предизвик, храната. Сè е тука благо. Во сè има огромни количини на шеќер. Обичниот леб кај нас, тука го викаат „кисел леб“. Најтешко ми е дефинитивно оддалеченоста од мојата фамилија и моите внуци.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Владимир Чурлиновски: „Кутија цигари во Виетнам е 25 денари, резервација во диско во Катар 1.000 евр... Овој Македонец вели дека во Катар те почитуваат како работник, а во Тајланд луѓе...
Владо Јаневски живее во Австралија, а има посетено 60 земји: „Змија може да има и среде Сиднеј, на п... „Целиот свет е убав и треба да се патува. Со големо задоволство ги прераскажувам...
Ивана Младеновска: „Малта е преполна можности, мана се само сообраќајниот метеж и влажноста“ Секој си го следи животниот пат. И пробува колку што е можно повеќе да се придрж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg