Филип Димовски: „Работам 7 години како стјуард, посетив 102 држави - Иран ме маѓепса, а во Нигерија е опасно“

Држава која не би сакал да ја посетиш никогаш повеќе е…

Не постои држава која не би сакал повторно да ја посетам, секое место има нешто да понуди. Меѓутоа ако морам да одберам една, претпоставувам тоа би била Нигерија. Не затоа што нема што да се види, туку поради безбедносни причини.

Во секое време и на кое било место постои можност да бидете киднапирани за откуп. Се има случувано многупати.

Кои се најиритирачките работи кои ги прават патниците во авионите?

Каде ли да почнам … Има ли нешто поиритирачко од двајца возрасни луѓе кои се караат за наведнато седиште?! Во бизнис и прва класа каде што работам ги немам тие проблеми, но затоа тука имаме многу поважни проблеми. „Како тоа нема кавијар“, „Како мислите нема повеќе пилешко, јас само тоа јадам“,

„Јас не сакам омлет, ако може кајгана“ се некои од „проблемите“ со кои мора да се справиме на скоро секој лет.

filip-dimovski-rabotam-7-godini-kako-stjuard-posetiv-102-drzhavi-iran-me-magjepsa-a-vo-nigerija-e-opasno-05.jpeg

Дали стјуардите имаат добри работни услови и до која возраст би можел да се замислиш со оваа професија?

Задоволството од работните услови е нешто индивидуално. Дали се идеални? Дефинитивно не. Има многу правила на кои мора да се придржувате и од кои нема бегање.

Дали може да се навикнете? Апсолутно да. Меѓу другото, киријата, сметките и транспортот од и до работа се покриени. На платата не се плаќа данок. За мене лично 7 години се и повеќе од доволно, бидејќи дојдов за да прошетам и да го видам светот.

Го исполнив тоа за што дојдов, време е за нови предизвици.

filip-dimovski-rabotam-7-godini-kako-stjuard-posetiv-102-drzhavi-iran-me-magjepsa-a-vo-nigerija-e-opasno-12.jpg

Каков ти е односот со колешките стјуардеси? Им помагаш ли?

Qatar Airways е мултинационална компанија со повеќе од 150 националности. Секојдневно работите со различен тим од луѓе. Сите авиони во кои работам се со минимум тим од 11 луѓе, па се до најголемиот патнички авион во кој работиме 25 луѓе.

Мора некогаш да се тргнат на страна личните преференции и желби, бидејќи на крајот од денот мора да се сработи работата во тим, индивидуално не може да се постигне ништо. Мора да се одржува професионален однос со сите, бидејќи на лет од 17 часа кој трае 5 дена, тој тим на луѓе се колеги и фамилија.

filip-dimovski-rabotam-7-godini-kako-stjuard-posetiv-102-drzhavi-iran-me-magjepsa-a-vo-nigerija-e-opasno-15.jpeg

Кои се топ 5 најубави градови во светот и зошто?

Многу тешко би можел да одвојам само 5 градови. Овој свет има толку убавини, навистина не би можел да одберам само 5. Но, еве сепак би одвоил неколку од омилените.

Пекинг, Кина – Пекинг на прв поглед изгледа страшно, широки улици кои изгледаат многу пошироко отколку на кое било друго место во светот, население кое е многу погусто од кое било друго место каде што сте биле.

Дури и културните места на листата на УНЕСКО изгледаат многубројни и застрашувачки. Забранетиот град, Кинескиот ѕид, Летната палата, Плоштадот Тиананмен и Мевзолејот на Мао Це Тунг меѓу другите. Затоа и го сакам, Пекинг е вистински празник за очите, но и за стомакот, тука ќе ги најдете некои од најдобрите дамплингс (кнедли) кои некогаш ќе ги пробате.

Севиља, Шпанија – Од Стариот град (трет по големина во Европа), до светски познатите тапас, Севиља го спојува модерното и историјата со иста леснотија како што славните танчари на фламенко тропаат со нозете. Историја, Инстаграм стории и воздишки, каде и да се свртите.

Рио, Бразил – Рио има некои од најубавите песочни плажи во светот, од Копакабана до Ипанема, а градските улици се полни со звуците на самба, дење и ноќе. Статуата на Христос Спасителот бдее над сето тоа, дури и над тропската прашума што се наоѓа во границите на градот.

filip-dimovski-rabotam-7-godini-kako-stjuard-posetiv-102-drzhavi-iran-me-magjepsa-a-vo-nigerija-e-opasno-16.jpeg

Ерусалим, Израел – Долго време религиозно место за аџилак, Ерусалим сега привлекува поинаков вид на аџилак, светските патници. Верските споменици распрснати секаде низ градот, како Западниот ѕид, Ѕидот на плачот или џамијата Ал Акса, сè уште се спектакуларни, се разбира, но приливот на дизајнерски хотели, бучни ресторани на отворените пазари го менуваат Ерусалим од темел. Неверојатно е како град кој датира од 4 милениум пр. н. е. сепак успева да нè изненади зад секој агол.

Картагена, Колумбија – Овој беспрекорно зачуван град од 16 век на брегот на Карибите треба да се наоѓа на која било колумбиска маршрута. Неверојатно убавиот Стар град, кој е на списокот на УНЕСКО, полн со улици направени од калдрма и колонијална архитектура не смее да се пропушти.

filip-dimovski-rabotam-7-godini-kako-stjuard-posetiv-102-drzhavi-iran-me-magjepsa-a-vo-nigerija-e-opasno-11.jpg

Ако сме за одлична храна најдобро е да одиме во…

Либан

Доколку сакате вистинска гозба за вашиот стомак и сетила, веднаш купете карта за Бејрут. Микс на медитеранска, арапска и француска храна, така што никогаш нема да останете разочарани, без разлика што и да пробате.

Иран

Дефинитивно една од моите омилени дестинации како за истражување, така и за кулинарно уживање. Можеби не една од најпопуларните кујни, меѓутоа ви ветувам најдобрите ќебапи се тука.

Мексико

Нема некој што барем еднаш нема пробано нешто што доаѓа од мексиканската кујна. Такос, бурито, гуакамоле …

Перу

Ова беше изненадување и за мене, меѓутоа нема нешто што пробав тие 15 дена додека бев во Перу за што можам да кажам дека беше „мех“, односно неубаво. Сите состојки се толку свежи и секој оброк е подготвен со огромна страст и љубов.

Париз

Путер, кроасани, макаронс… Да продолжам?

filip-dimovski-rabotam-7-godini-kako-stjuard-posetiv-102-drzhavi-iran-me-magjepsa-a-vo-nigerija-e-opasno-06.jpeg

Ако сакаме луда забава најдобро е да одиме во…

Рио Де Жанеиро, Бразил

Плажите во Рио можеби се едни од најпознатите во светот, а луѓето спремни да ги задоволат своите безморални инстинкти за забава. Да, светски познатиот карневал се случува тука, каде што Рио прераснува во толку моќна парти сцена, каде што треба да бидете среќни ако успеете да излезете од градот пред да умрете од дехидрација.

Се надевам претпоставувате како. Ги зема најдобрите делови од сите други парти градови и вели „Знаете што, можеме уште подобро“. Рио е главниот град на забавата со причина.

Бангкок, Тајланд

Бангкок е огромна мека за патници од сите краишта на светот. Тука се наоѓа озлогласениот пат Као Сан. Исполнет со ресторани, барови и дискотеки каде што туристи пијат од кофи полни со алкохол. Не постои викенд тука. Секој ден е викенд. Кога баровите ќе затворат, сите се упатуваат кон клубовите се до раните утрински часови. Доколку го посетувате Бангкок за забава, оваа посета нема да биде добра за вашиот црн дроб.

Лас Вегас, Соединетите Американски Држави

Градот на гревовите, американско игралиште, главен град на забавата … Сите достојни имиња за ова жариште во Невада. Помислете на Вегас како забавен парк наместо град.

Секоја вечер Лас Вегас ги привлекува љубителите на задоволството во силно осветлена улица како инсекти на огниште. Иако можеби нема да сакате да одите толку далеку за да ја реприкажете „The Hangover“, сигурно нема да сакате да си заминете без да искусите барем малку од „Viva Las Vegas“.

Барселона, Шпанија

Секој град каде што луѓето јадат вечера на полноќ е град што започнува и живее до доцна. Барселона е град за ноќни бувови. Клубовите овде не се полнат пред 2 часот по полноќ, но остануваат полни до рано наутро. Затоа жителите воопшто не се ни будат пред пладне.

Пијте сангрија додека не изгрее сонцето, одете на „bar hopping“ и шетајте низ безбројните улички во потрага по нов паб.

Мајами, Соединетите Американски Држави

Мајами не е воопшто евтина дестинација, но е одлично место за сите клабери. Многу музика, одлични диџеи, танцување, убави луѓе и што е најважно, многу алкохол. Сепак добро е што има опции дури и со скромен буџет да најдете луда забава. Да не заборавиме и на можноста да налетате, или дури и се забавувате со позната личност, или две.

filip-dimovski-rabotam-7-godini-kako-stjuard-posetiv-102-drzhavi-iran-me-magjepsa-a-vo-nigerija-e-opasno-02.jpg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Весна Коцевска, туристички водич, за патувањето во Сицилија: „Во Палермо е многу евтино, во Катанија... На сите им препорачувам да патуваат со деца во Сицилија. Без разлика дали би се ...
Драган од Скопје за животот на Флорида: „Луѓето во Тампа се прељубезни, полицаец ми ја подари својат... „Луѓето на Флорида знаат да почнат разговор со вас иако не ве познаваат, да ве п...
Тања од Скопје беше на фестивалот „Tommorowland“ во Белгија: „Тешко се доаѓа до билети, имаме незабо...  „Можеби немаме фотографии од сите стејџови, ама затоа имаме спомени и друж...
Стефан Маневски живее во Стразбур: „Велосипед е основно превозно средство, рестораните работат само ... „Живеењето во Стразбур веројатно не може да се замисли без велосипед како основн...
Сара Груеска: „Во Дубаи видов скапа чанта и лаптоп оставени среде мол и никој не ги допре, во Јапони... „За да патувате во Јапонија ви треба само повратна авионска карта, нормално пасо...
Загорка и Мартин - семејство од Скопје кое секоја година со децата кампува во Грција: „Камперскиот ж... „Се вљубив во камперскиот живот благодарение на мојот сопруг Мартин кога првпат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg