Сандра Цветковска, фотограф на брод: „Јамајка е рај, но нема да го заборавам зип-лајнот во прашума во Костарика“

Сандра Цветковска по природа е човек којшто сака да учи и истражува, па поради тоа постојано ги поместува своите граници на тоа што е возможно за неа. Не останува во зона на комфор речиси никогаш, па поради тоа постојано се става во ситуации каде мора да се менува и учи за да успее.

sandra cvetkovska fotograf na brod vo jamajka lugjeto bea premnogu opusteni a kafeto vo falmaunt beshe najdobroto kafe koe nekogash go imam probano 12

Освен фотографијата, сака и да планинари и сè што е поврзано со природата. Сака да пишува и чита, а во последните неколку години преферира автобиографии. Смета дека може многу да се научи од животот на луѓето.

Минатата година Сандра добила понуда да работи на брод како фотограф, ја прифатила понудата и по две недели заминала во Лос Анџелес од каде и почна нејзиното петмесечно истражување на еден дел од Јужна Америка, каде на својот Инстаграм профил @sandracvetkovska редовно ги споделува своите авантури.  

Сандра веќе неколку месеци си надвор од Македонија, како се одвиваше маршрутата на бродот каде работиш како фотограф?

Лос Анџелес – Мексико – Панама – Картагена – Лимон – Фалмаунт – Насау – Принцес Кеј – Сејнт Томас – Мајами, од кои Очо Риос и Монтего Беј во разни периоди во Јамајка и уште неколку градови во Мексико. И така во круг последните неколку месеци.

sandra cvetkovska fotograf na brod vo jamajka lugjeto bea premnogu opusteni a kafeto vo falmaunt beshe najdobroto kafe koe nekogash go imam probano 9

На какви културни шокови налета на дестинациите што ги посети?

Во Јамајка луѓето беа премногу опуштени, а кафето во Фалмаунт беше најдоброто кафе кое некогаш го имам пробано. Толку енергично се немав чувствувано одамна. И не, немаше ништо екстра во него – барем колку што знам. :)

Во Насау на десно од портот беше делот за туристи, а на лево можеше да се види дел од тоа како живеат луѓето таму. Градот го посетив во неколку наврати, така што имав можност да истражам нешто повеќе. Слична беше и ситуацијата во Картагена, Колумбија. Стариот дел на градот изгледа како од филм, додека пак во околината луѓето живеат во голема беда. Од сите места на списокот, само Лимон го имаше она чувство на автентичност. Луѓето таму живеат баш водејќи се според она мото Pura Vida. Целосно уживање во животот.

Од сите овие места кои ги посетив во текот на претходните неколку месеци, можам да кажам дека луѓето во овој дел од светот се поопуштени и посмели (на поинаков начин) за разлика од кај нас. Посмели во смисла на живеење на начин како им одговара без разлика на мислењата од страна. Ова секако, е само моја опсервација после кратко време поминато во регионов.

Освен ова, краткотрајни културни шокови ми беа чипс од банани во Костарика (не беше лош), возење на огромни шлепери со прилична брзина низ тесните градски улици во Насау, префините продавачки во Картагена (сервисот не им се споредува со ниту една држава, не само во Јужна Америка, туку општо).

sandra cvetkovska fotograf na brod vo jamajka lugjeto bea premnogu opusteni a kafeto vo falmaunt beshe najdobroto kafe koe nekogash go imam probano 1

Несомнено по толку посетени држави и доживеани искуства животот ти станал многу побогат, но што е она што ти остави најголем впечаток од местата што ги посети?

Преубавото Карипско море во секоја можна нијанса на сино беше дефинитивно едно од највпечатливите нешта во секој град. Насау ја имаше најубавата нијанса на сино, додека пак на Принцес Кејс водата беше најдобра за пливање.

Монтего Беј во Јамајка ме одушеви со својата убавина исто така, но поради ковид рестрикциите не бев во можност да го истражам подалеку. Би го издвоила и зип-лајнот во Костарика, лоциран во прашумата Верагуа кој е еден од најдолгите во светот.

Дали знаевте дека Насау е главен град на пиратите? Или пак дека Картагена е именувана според истоимениот град во Шпанија? Зип-лајнот во Коста Рика е нешто што мора да се посети и не залудно е толку зборуван.

sandra cvetkovska fotograf na brod vo jamajka lugjeto bea premnogu opusteni a kafeto vo falmaunt beshe najdobroto kafe koe nekogash go imam probano 2

Многумина што имаат намера да го посетат овој дел од светот пред да заминат ќе направат истражување за цените. Еве, од твое лично видување какви се цените во државите што ги посети? Што е евтино, а што скапо?

Бахамите се прилично скапи за туристи, додека пак во Лимон, Костарика е многу евтино без разлика дали станува збор за ресторан или супермаркет. Картагена беше исто евтина, почнувајќи од храната, превозот, сувенири итн.

sandra cvetkovska fotograf na brod vo jamajka lugjeto bea premnogu opusteni a kafeto vo falmaunt beshe najdobroto kafe koe nekogash go imam probano 3

Не се сомневам дека секоја држава те исполни со многу нови доживувања. Кои искуства со задоволство ќе ги споделиш со твоите пријатели?

После цел ден внимавање да не згазнам на змија или отровна жаба во Верагуа, кога се спремав да се качам на зип-лајнот и ги облекував ракавиците, ме касна црвена мравка којашто беше скриена во нив. Шетав со потечена рака после тоа, но без никакви поголеми последици.

Нуркав на Елеутера, за прв пат во животот се осмелив да ги отворам очите под вода (со маска секако) и да го видам тој подводен свет кој сите овие години ми се чинеше толку страшен (лошо прво нуркачко искуство).

sandra cvetkovska fotograf na brod vo jamajka lugjeto bea premnogu opusteni a kafeto vo falmaunt beshe najdobroto kafe koe nekogash go imam probano 4

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Марко Илиески за Грузија: „Карта за јавен превоз е 9 денари, не би живеел таму заради менталитетот н... Марко Илиески (20) од Прилеп, студент на Градежен факултет во Скопје, каде што и...
Македонка што живее во Бразил: „Моето омилено место е островот Ilha Grande, див рај со 15-метарски в... „По неколку години живот во Бразил точно знам кое е моето омилено место... Стану...
Емилија за животот во Дубаи: „Тие се светлосни години пред нас, но пензија би сакала да дочекам во О... „Дубаи го препорачувам како дестинација за одмор во есен и пролет, на лето темпе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg