Семејство со две деца од Скопје на авантура низ Италија: „Авионските карти нѐ чинеа вкупно 140 евра, лежалките се 10 евра“

Што е тоа што ви остави најголем впечаток во целото патување? Што би можеле да издвоите како нешто кое ви остави најголем впечаток?

Од целото наше патување најголем впечаток ни остави Сан Марино, држава на Апенинскиот Полуостров без излез на море и целосно  опколена со италијанска територија.

Една од најмалите земји во Европа со вкупна површина од 61 километар квадратен и има население од околу 32.000 жители.

Планината Монте Титано, на која се наоѓа Сан Марино, е видлива од далеку во текот на патувањето.

Со самото пристигнување се најдовме во вистинска бајка, едноставно бевме фасцинирани, се восхитувавме на убавината на замоците како од бајките.

15-dena-avantura-niz-Italija-semejstvo-od-Skopje-so-dve-deca-istrazhuvaa-skrieni-predeli-vo-zemjata-na-vinoto-i-testeninite-povekje-08.jpg

Бесплатен паркинг е обележан со бели ознаки, но наоѓањето слободен простор таму е исклучително тешко, и ако успеете, може да се сметате за многу среќни.

Цената на платениот паркинг зависи од времето поминато на него. Ако планирате да останете од 4 до 6 часа, ќе треба да платите околу 4 евра или 1.5 евра по час.

Ако сакате да останете во Сан Марино еден ден, тогаш ќе треба да платите 8 евра.

Најпосетуван меѓу туристите е историскиот центар Сан Марино, сместен на врвот Монте Титано. Таму се зачувани средновековните знаменитости, расфрлани овде и таму, на преплетување на антички улици.

15-dena-avantura-niz-Italija-semejstvo-od-Skopje-so-dve-deca-istrazhuvaa-skrieni-predeli-vo-zemjata-na-vinoto-i-testeninite-povekje-09.jpg

Во Сан Марино јадевме прекрасна пица маргарита, која на големо наше изненадување чинеше исто како да ја купиш и во Македонија, околу 300 денари.

На враќање од Сан Марино, во вечерните часови го посетивме и центарот на Римини, град со богато историско наследство, прекрасни песочни плажи, нежно Јадранско Море, и на наше изненадување бурен и богат вечерен туристички живот, забавни паркови, преполни продавници.

15-dena-avantura-niz-Italija-semejstvo-od-Skopje-so-dve-deca-istrazhuvaa-skrieni-predeli-vo-zemjata-na-vinoto-i-testeninite-povekje-10.jpg

Добропознат факт е и дека Италијанците се жестоки возачи? Нешто налик на балканците. Какво беше вашето искуство со сообраќајот?

Патиштата во Италија се беспрекорни, одлично означени насекаде. Возачите односно Италијанците строго ги почитуваат сообраќајните правила, возат по прописи меѓутоа, најчесто ограничувањето на брзината се прекршува.

Како и да е, подобро е да не го правите ова, бидејќи радари се инсталирани насекаде, и казната за брзо возење е најмалку 41 евро.

Дали освен тоа што слетавте во Болоња, успеавте и да ја посетите? Какви се вашите импресии од овој град?

Болоња е град богат со историја, уметност и наука. Истиот се простира во централна Италија и е главен град на регионот Емилија Ромања, позната како црвената, учената и дебелата.

“Црвена“ поради бојата на циглите на зградите и улиците, “учена“ односно образована, во чест на нејзиниот универзитет прв во Европа и “дебела“ поради неодоливите гастрономски производи.

15-dena-avantura-niz-Italija-semejstvo-od-Skopje-so-dve-deca-istrazhuvaa-skrieni-predeli-vo-zemjata-na-vinoto-i-testeninite-povekje-11.jpg

Историскиот дел на градот може да се посети одејќи пеш, можеби започнувајќи ја прошетката од плоштадот Пјаца Маџоре. На овој плоштад се наоѓа познатата фонтана Нептун, што е централна точка на градот.

На ова место ќе најдете многу од главните градби и споменици на градот. Во неа е и Базиликата Сан Петронио, Палацо де Тонаи ​​или Палацо дел Подеста, најпознатата и најграндиозната црква во Болоња, и е шестата најголема во Европа. Денес, во Болоња се сместени некои од најпознатите факултети во Италија.

За крај, што ќе им препорачате на нашите читатели?

Убаво е да се посетат комерцијални места, и секако да се видат сите убавини на Италија. Но, според нас, најголемото богатство може да се види во скриените „дијаманти“ на оваа земја.

Да се види баш како функционираат малите места, каде се наоѓаат длабоките и стари традиции на Италија.

Затоа препорачуваме да се биде похрабар и поспонтан и да се направи ваков вид на патување; кое дури и со мали деца може да се оствари, ако се има добра организација и совршен план.

Па дури и да се скршне од планот, секоја спонтаност е добредојдена. Нели, во тоа е смислата на животот?

15-dena-avantura-niz-Italija-semejstvo-od-Skopje-so-dve-deca-istrazhuvaa-skrieni-predeli-vo-zemjata-na-vinoto-i-testeninite-povekje-12.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

К. А. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Марија Стамболиќ за патувањето во Јапонија: „Мажи во костуми на полноќ играат Покемон и пијат виски ... „Во Јапонија не беше културно да се зборува во метро и исто така телефоните мора...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Брачен пар од Битола патуваше со мотоцикл до Италија: „За 40-тиот роденден си се почестивме со незаб... „Оваа година јас и сопругот Александар наполнивме 40 години, па сакавме да се по...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg