Ангела Велинова: „Лешница направи да се вљубам во планините, Кораб ме зајакна, а камчињата срциња ме инспирираат“

Ангела вели дека планината ја возвраќа љубовта...

„Дефинитивно планината ја возвраќа љубовта! Интересен момент од ова лето што ќе го паметам е посетата на Олимп во Грција – Домот на боговите, мистериозна и непредвидлива планина со грандиозни шуми, зеленило и неколку опасни врвови.

angela-velinova-leshnica-napravi-da-se-vljubam-vo-planinite-korab-me-zajakna-a-kamchinjata-srcinja-me-inspiriraat-03.jpg

Пред секој завршеток од предвиденото искачување кое беше поделено во неколку делови наоѓав камчиња во форма на срце.

Со голем и тежок ранец на себе, уморна од топлото и нагорнините, преубаво е чувството кога во текот на движењето ќе пронајдеш камче срце. Те мотивира да не се откажеш и те бодри да продолжиш со голема љубов кон највисокиот врв во Грција.

angela-velinova-leshnica-napravi-da-se-vljubam-vo-planinite-korab-me-zajakna-a-kamchinjata-srcinja-me-inspiriraat-06.jpeg

Со секое најдено камче се насмевнуваш затоа што знаеш дека љубовта е заемна и тогаш кога не можеш да ја видиш. Од ова патување собрав четири срце камчиња.

Можеби врвот Митикас не го искачив поради стравот од карпи и висина, но затоа го освоив срцето на Зевс – вака се шегувавме со останатите планинари, страсни љубители на планините.

angela-velinova-leshnica-napravi-da-se-vljubam-vo-planinite-korab-me-zajakna-a-kamchinjata-srcinja-me-inspiriraat-09.jpg

Но, приказната со камчињата не застана тука. Решена да се соочам со стравот од висина отидов да научам искачување на карпа во Демир Капија, каде повторно пред карпата за вежбање најдов камче срце.

angela-velinova-leshnica-napravi-da-se-vljubam-vo-planinite-korab-me-zajakna-a-kamchinjata-srcinja-me-inspiriraat-07.jpg

На Голем Кораб најдов уште две такви камчиња, едното при самото одење како поттик да продолжам со движењето, а второто на самиот врв како признание за достигнувањето.

Камчиња во форма на срце ќе има сигурно уште многу, но пораката која ја испраќаат овие камчиња е дека љубовта е наоколу нас, само треба да дозволиме да ја почувствуваме.“

angela-velinova-leshnica-napravi-da-se-vljubam-vo-planinite-korab-me-zajakna-a-kamchinjata-srcinja-me-inspiriraat-11.jpeg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ангела од Скопје живее во Лондон 6 години: „Многу локалци живеат во еднособни станови, а градот има ... „Кириите за просечен еднособен стан во Лондон се од 1.700 евра, па нагоре. Ги об...
Јасмина Мукаетова за Њу Џерси: „Живееме во предградие со средени тревници, училишни автобуси и има м... „Песната ме однесе низ многу меридијани, но секое патување има своја конечна дес...
Наталија (36) од Русија вторпат ја посети Македонија: „Омилена земја ми е, преку песните на Тоше доз... „Немам македонски корени (барем колку што знам), но со целото срце ја сакам Маке...
На одмор со Даниел Данн во Атина: „Бев сам 8 дена, плажите се убаво организирани - кафе е од 3€, леж... „Сместувањето буквално го резервирав истиот ден додека возев кон Атина. Но, врв ...
На одмор со Илија од Скопје на Тасос: „Бев сместен во две гратчиња, траект чинеше 8€ по лице“ „Морето на Тасос е прекрасно, со многу чиста и бистра вода. Она што најмногу ми ...
Марија Главчева за животот во Чикаго: „Многу македонски деца има овде, а сите тие можеа да растат во... „Живеам во околина на Чикаго, ме нервираат измамниците, да ти е страв да кренеш ...

Најчитани неделава