Дамјан Гроздановски живее во Белгија: „Брисел е град кој вреди да се посети, но има вистински проблем со бездомниците и ѓубрето“

И покрај ова, плажите се убави и со ситен песок што е невообичаено за овој дел од Европа, но водата е ладна и изгледа матна/нечиста.

Јас летово немав стекнато право на платен одмор, па бев неколкупати на белгискиот брег за викенд и покрај големата гужва во возовите во тој период.

damjan-grozdanovski-najevtino-pivo-e-300-denari-a-brisel-e-eden-od-poneubavite-gradovi-vo-belgija-so-mnogu-bezdomnici-i-gjubre-12.jpg

Белгија како дестинација за патување е...

Секако вреди да се посети, како што споменав Брисел во декември пред Божиќ, а во останатиот дел од годината, фокусот би ми бил на некои од градовите во Фландрија .

Какви се локалците кога станува збор за љубовните врски? Какви ставови имаат во поглед на бракот?

Во овој поглед мислам дека се како и останатите Европејци. Од тоа што гледам, за брак и семејство најчесто се размислува над 30 години (ако е порано, најчесто е поради даночни олеснувања или за документи за престој на нон-ЕУ партнер).

Исто така, слушнав дека Белгија ја има една од највисоките стапки на разводи во Европа и во светот.

damjan-grozdanovski-najevtino-pivo-e-300-denari-a-brisel-e-eden-od-poneubavite-gradovi-vo-belgija-so-mnogu-bezdomnici-i-gjubre-03.jpg

Какви се локалците кога станува збор за пријателствата?

Од локалците немам многу блиску пријатели, но од ЕУ балонот имам навистина добри другари со кои верувам дека ќе останам во контакт цел живот.

 Од тоа што го гледам за пријателствата, сите се подготвени да помогнат, но не прават отстапки и не си го нарушуваат мирот за да им излезат во пресрет на пријателите (во основа не си го нарушуваат мирот ниту за себеси).

Од овој аспект, мислам дека во Македонија и општо луѓето на Балканот сме поблиски, што до некаде нѐ прави и подобри пријатели.

damjan-grozdanovski-najevtino-pivo-e-300-denari-a-brisel-e-eden-od-poneubavite-gradovi-vo-belgija-so-mnogu-bezdomnici-i-gjubre-04.jpg

Кои се предизвиците, но и предностите на животот таму?

Како и за секој што живее во странство, на почеток е доста стресно поради промена на околина и сѐ што оди со тоа. Колку добро и да се вклопив, сепак е живот во странство и е далеку од најблиските, далеку од тоа што е „наше“ и на што научени/навикнати.

Со сегашните евтини летови, до некаде и се елиминираат овие негативни работи.

Од друга страна, страндардот и квалитетот на живот е секако повисок, има поголеми можности за напредок, поголема мрежа на луѓе, итн.

Сѐ на сѐ, мислам дека живеењето во странство има повеќе предности од маани, особено за млад човек.

damjan-grozdanovski-najevtino-pivo-e-300-denari-a-brisel-e-eden-od-poneubavite-gradovi-vo-belgija-so-mnogu-bezdomnici-i-gjubre-03_1.jpg

Би се вратил ли да живееш во Македонија некогаш?

Секако дека би се вратил. Знам многу луѓе во Брисел, особено од Јужна и Источна Европа, кои по секоја цена остануваат во Брисел, дури и невработени.

Меѓутоа, јас би се вратил во првиот момент кога нема да ми се укаже убава прилика тука, или ќе ми се укаже подобра можност во Македонија.

Повеќе фотографии од Дамјан во Белгија:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

На одмор со Магдалена во Охрид: „На тура со глисер видов скриена природа, коктели се до 500 денари -... „Со мајка ми и внук ми одевме на плажата Даљан, која има слободен дел без лежалк...
Славица со семејството 2 месеци беше во Тајланд: „Има совршен оброк за 100 денари, но во ресторан со... „Животот во Тајланд започна со две болни деца, од прв ден, и ова не е некој доба...
Сања Коцева за патувањето во Оман, пред војната: „Литар нафта беше 30 денари, како да сте во бајката... „Гледајќи ги локалците во традиционална облека, имате чувство како да сте во фил...
Катерина Спасова за патувањето во Русија: „Метрото во Москва личи на палата, летав преку Истанбул, а... „Пред да тргнам поради актуелната ситуација и војната, едно од најчестите прашањ...
Тура низ Македонија со Лиде, наш туристички водич: „Кои ми се омилените градови (и зошто)?“ „Струга ја обожавам поради Црн Дрим и чувството на леснотија, како да сум на одм...

Најчитани неделава