Ели Секуловска: „Се преселив на Занзибар за да отворам свој хотел и сакам да вработам локалци за да ги поддржам нив и нивните семејства“

„Често локалците таму ми велат „Вие од Европа можеби имате пари, но не сте среќни“. Конкретно мојот хотел ќе биде повеќе во европски стил во поглед на ентериер и внатрешен дизајн, а екстериерот го налага владата и законите со цел зачувување на традицијата и автентичноста на градот“ - раскажува за CRNOBELO.com Ели (26) која претходно работела во банка во Скопје, а сега живее на Занзибар. 

eli-sekulovska-se-preseliv-na-zanzibar-za-da-otvoram-svoj-hotel-i-sakam-da-vrabotam-lokalci-za-da-gi-poddrzam-niv-i-nivnite-semejstva-01.jpg

Ели Секуловска од Скопје, со претходно работно искуство во банка, на своите 26 години одлучи да заплива во водите на сопствен бизнис и тоа на Занзибар, каде неодамна се пресели. 

Уште како дете била темпераментна, динамична, борбена личност. Спортот придонел во градење на нејзиниот карактер затоа што се занимавала со професионално пливање од 4 до 18 години.

Зад себе има Балкански и Европски првенства, има добиено над 200 медали како и трофеи за најдобар пливач во женска конкуренција во далечинско пливање на патека од 10 километри. На крај, патот ја одвел на остров среде Индискиот Океан.

Ели за CRNOBELO.com открива зошто решила да се пресели на Занзибар и да започне еден поинаков бизнис...

До неодамна имаше однапред утврдено секојдневие: работа во банка, по некоја слободна активност и брз начин на постоење што е својствен за градовите. Но, денес со секое ново будење се испишува поразлична приказна од претходната. Елена, како заврши на Занзибар?

Ова е апсолутно голема промена за мене, но можеби и не толкав шок за фамилијата и пријателите со оглед на фактот дека за помалку од една година сум четирипати овде.

Дури во еден од коментарите на мојот Инстаграм профил стои „zanzi girl“. Конкретно на Занзибар заминував секогаш кога ќе ме совладаше притисок, тензија, напната атмосфера и ми требаше издувен вентил.

Занзибар беше полначот кој несомнено знаеше како да ми ги наполни батериите. По секое мое враќање во Македонија, ширев позитива и моите импресии никого не оставаа рамнодушен.

Инспирирав многу луѓе да го посетат овој остров и да ја почувствуваат магијата, се надевам во иднина ќе ги има уште во поголем број.

eli sekulovska se preseliv na zanzibar za da otvoram svoj hotel i sakam da vrabotam lokalci za da gi poddrzam niv i nivnite semejstva 3

Пред да продолжиме понатаму сакам да се навратиме малку во минатото. Со што си замина по првата посета на Занзибар во 2021 година?

Си заминав со коктел од емоции. Апсолутно најголемата авантура која некогаш сум ја доживеала. Од една страна мојата омилена дискотека „Coccobello“ која е поим за журка во вистинска смисла, необични шоуa кои овие луѓе ги приредуваат, феноменални денсери кои не можам да ги споредам со никого и никаде.

Африка и онака е позната по музиката и танцот, па кога гледаш дека некој го прави тоа толку добро, посакуваш и ти. Не е чудо што почнав да посетувам школа за афро денс и има една тајна која засега ќе остане, се надевам ќе има следна прилика да ја публикувам. И нормално коктелот нема да е целосен ако нешто не те здрма.

Од другата страна е училиштето како најемотивниот момент кој никого не остави рамнодушен. Лимен кров, прозорци од решетки, на килим седнати ученици, а они толку среќни. Често велат „Вие од Европа можеби имате пари, но не сте среќни“.

Среќата е во малите нешта, да се биде среќен малку треба. Нè опишуваат како луѓе кои постојано брзаат, живеат под притисок затоа што тоа им го налага работата и животот, постојано нешто бркаат и секој ден исто.

Драги мои, луѓето овде се апсолутно спротивно. Овие луѓе живеат во ритамот на Hakuna Matata - Don’t worry! Take it easy!

Често ми довикуваат pole, pole сакајќи да ми кажат „Полека, не брзај“, а јас толку улетана што не знаеш дали одам или џогирам.

Луѓето овде живеат без стрес, а вие дневно колку пати стрес доживувате?

eli sekulovska se preseliv na zanzibar za da otvoram svoj hotel i sakam da vrabotam lokalci za da gi poddrzam niv i nivnite semejstva 2

Понесена од убавините на оваа дестинација, твоето второ доаѓање на Занзибар беше како враќање на веќе познат терен. Меѓутоа и тогаш многу работи светнаа пред твоите очи, што најмногу те освои за време на втората посета?

Идејата за Занзибар ја добив по првата посета на островот со моите омилени џангловци - Jungle Travel, кои толку добро ни го пренесоа Занзибар, што си реков ова место нема да го посетам само еднаш.

Со оглед на тоа дека островот го познавав доста добро, моето второ доаѓање на Занзибар беше осврнато на ноќниот живот, журките, новите пријателства и афро денсот.

Што ако ви кажам дека вториот пат поминав појако и од првиот?! Можеби затоа што секое следно доаѓање овде е нешто ново, неоткриено, мистериозно.

Клучен момент од втората посета е мојата пасија, амапиано музиката. Од тој ден па сè до денес мојата плејлиста за друго не слушнала.

eli sekulovska se preseliv na zanzibar za da otvoram svoj hotel i sakam da vrabotam lokalci za da gi poddrzam niv i nivnite semejstva 4

Одлучноста да заминеш по третпат веројатно претставуваше моментот кога сакаше да заминеш од сè она што ти беше познато до тогаш. Што поточно се случи по слетувањето на аеродромот во Стоун Таун?

По слетувањето на Abeid Amani Karume Internation Airport поздравив неколку вработени на аеродромот на нивниот свахили јазик, а тие пресреќни зошто белче знаело нешто да гукне.

Следуваа неколку основни реченици конверзација, па ме прашаа од каде знам. Им одговорив „Завртете низ пасошот и ќе видите по кој пат сум овде, домородецот ви дојде“.

Ова беше мојот трет пат на Занзибар, па по што си дојдов тоа и си најдов. Го најдов местото на кое моментално вложувам.

Уште поинтересно е заминувањето кон Македонија. Во авион запознав пријател од Велика Британика кој е туристички водич по националните паркови и сафари во Танзанија.

Си реков како е ова можно, од цел авион баш овој човек да седи до мене и на некој начин да биде моја конекција за соработка во иднина. Јас лично, верувам во знаците кои ни ги пружа животот со оглед на тоа дека ништо не е случајно.

По престојот во хостелот, запознавав и двајца пријатели од Дубаи кои работат маркетинг, видео едитирање и слично, па понесени од мојата визија и храброст истакнаа дека сакаат да работат на маркетингот на хотелот. Сето ова ми даде елан да продолжам во остварување на идејата и мојот план да стане реализација.

eli sekulovska se preseliv na zanzibar za da otvoram svoj hotel i sakam da vrabotam lokalci za da gi poddrzam niv i nivnite semejstva 8

Од толку многу места во светот зошто одбра да вложиш токму во Занзибар?

Понесена сум од енергијата и вајбот кои ги дава Занзибар. Понесена сум од вечното сонце и тропската клима. Сето тоа е предуслов за добро расположение. Нели „Што зрачиш, тоа привлекуваш“.

Животот ни е еден и сакам да го живеам со полни гради и со полна пареа. Често мајка ми вели: „Ели, ти му се радуваш на животот“.

Можеби и затоа се поврзав со ова место и овие луѓе. Ја чувствувам нивната енергија, а и тие мојата. И кога би ми се појавиле брчки, би сакала први да бидат оние од смеење.

eli sekulovska se preseliv na zanzibar za da otvoram svoj hotel i sakam da vrabotam lokalci za da gi poddrzam niv i nivnite semejstva 7

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Марија Стамболиќ за патувањето во Јапонија: „Мажи во костуми на полноќ играат Покемон и пијат виски ... „Во Јапонија не беше културно да се зборува во метро и исто така телефоните мора...
Моника и Никола патуваа од Скопје до 3 грчки острови со скутер: „Поминавме 1.800km, ни се запали куф... „На пат кон Атина имавме мало патешествие, кое за среќа нè чинеше само 2 изгорен...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg