Моника и Никола патуваа од Скопје до 3 грчки острови со скутер: „Поминавме 1.800km, ни се запали куферот, но имавме незаборавна авантура“

„На пат кон Атина имавме мало патешествие, кое за среќа нè чинеше само 2 изгорени куфери и 2 пара ‘штикли’ - ни се запали страничниот куфер и иако реагиравме брзо, беше неупотреблив. Така натоварени со јакни и облека на сите можни делови од мотоциклот, го продолживме патот без да дозволиме таа незгода да ни го уништи ентузијазмот“ – велат Моника и Никола за CRNOBELO.com, кои на скутер тргнаа на авантура низ Грција.

monika-i-nikola-za-7-dena-na-skuter-posetija-3-ostrovi-na-kikladite-i-2-grada-vo-grcija-nezaboravna-avantura-od-skopje-do-volos-01_1.jpg

Моника и Никола, кои во 2022 година ја имаа една од најголемите авантури во животот, кога со веспа патуваа од Скопје до Тоскана, Италија, и ова лето имаа необично патување.

Брачниот пар со скутер тргна од Скопје и за 7 дена посетија 2 големи града во Грција и три острови на Кикладите. Велат, ова е уште една незаборавна авантура за која ќе раскажуваат уште долго.

Нивното патешествие вклучува и два изгорени куфери и два пара „штикли“, но и многу забава кога во еден ден извозиле преку 700 километри, слушајќи ги хитовите на Бери Вајт и Џо Кокер...

monika-i-nikola-za-7-dena-na-skuter-posetija-3-ostrovi-na-kikladite-i-2-grada-vo-grcija-nezaboravna-avantura-od-skopje-do-volos-02.jpg

Моника и Никола својата приказна ја раскажаа за CRNOBELO.com:   

„По незаборавното минатогодишно искуство низ Тоскана, Италија со скутер, оваа година имавме добро скроен план за 5 граници - Македонија, Хрватска, Словенија, Србија и Австрија, но за жал, поради лошите временски услови, во последен момент се договоривме да се извозиме до 3 острови во Грција, кои не се толку експонирани во нашите агенции.

Во раните утрински часови тргнавме за Атина и имавме мало патешествие, кое за среќа не нè чинеше многу, освен два изгорени куфери и два пара штикли.

Ни се запали страничниот куфер и изреагиравме брзо, но за жал беше неупотреблив, па целата гардероба мораше да ја препакуваме во еден куфер.

monika-i-nikola-za-7-dena-na-skuter-posetija-3-ostrovi-na-kikladite-i-2-grada-vo-grcija-nezaboravna-avantura-od-skopje-do-volos-03.jpg

И така натоварени со патики, јакни и облека на сите можни делови од мотоциклот, без да дозволиме таа незгода да ни го уништо ентузијазмот, си продолживме по патот. Со цела плеј-листа на Бери Вајт, Џо Кокер, цел албум на Vaya Con Dios и по некое house-че, во еден ден поминавме 732 километри до Атина.

Возевме 10 часа, имавме само 4-5 попатни паузи. Ги избројав сите ленти и дрвја на автопатот, дури и заборавив едно време дека сум на мотоцикл. Мислата ми беше пуштена на off и уживав под небото на отворениот пат.

На мотоцикл си секогаш поблиску до природата и ја чувствуваш слободата на возењето, постојано те држи адреналин и многу подобро се доживува патувањето.

monika-i-nikola-za-7-dena-na-skuter-posetija-3-ostrovi-na-kikladite-i-2-grada-vo-grcija-nezaboravna-avantura-od-skopje-do-volos-03_1.jpg

И така стигнавме до првата точка од распоредот - Атина.

Атина е престолнина на античка модерна Грција, преубава, полна со историја и со антички дух. Има многу знаменитости кои се вредни за внимание. 

Во Атина се качивме на траект и пловевме 3 и пол часа до Сирос, бидејќи до Кикладите нема можност да се стигне по копнен пат.

monika-i-nikola-za-7-dena-na-skuter-posetija-3-ostrovi-na-kikladite-i-2-grada-vo-grcija-nezaboravna-avantura-od-skopje-do-volos-13.jpg

Сирос е магичен остров кој се наоѓа во срцето на Кикладите во Егејско Море. 150 километри одалечен од Атина, тој е жив и енергичен, со топол шарм, а ние едноставно уживавме во совршенството со коешто зрачи ова место.

Островот е одличен за семејно летување, има патеки кои водат до беспрекорните, тешко достапни плажи преку прекрасен карпест пејзаж, полн со пештери и мали мостови. Ние за 2 дена го обиколивме целиот остров, а најголем впечаток ни оставија плажите Galissas, Kini, Agathopesс и главниот град Ермуполи, кој се наоѓа во срцето на Сирос и има типичен грчки шмек – шарен, хармоничен.

monika-i-nikola-za-7-dena-na-skuter-posetija-3-ostrovi-na-kikladite-i-2-grada-vo-grcija-nezaboravna-avantura-od-skopje-do-volos-27.jpg

Луѓето кои живеат таму се многу мирољубиви. Се интересираа за нашата земја и беа вистински гостопримливи домаќини. Населението е мешано, најмногу грчко и француско.

Сирос е типичен грчки остров, со многу плажи, превкусна храна и одличен ноќен живот.

Сите патишта, улици и плажи се тивки и мирни, храната е богата и превкусна. А мирисот на цвеќето бугенвилија и маслиновите дрвца даваат чувство на релаксираност и среќа.

monika-i-nikola-za-7-dena-na-skuter-posetija-3-ostrovi-na-kikladite-i-2-grada-vo-grcija-nezaboravna-avantura-od-skopje-do-volos-05.jpg

По 2 дена во Сирос тргнавме на Миконос. Ах, Миконос е бајковита сликовница во живо. Уникатен остров, плажи со кристално чиста тиркизна вода, зајдисонце кое опушта и тесни бели, камени улички, па имате чувство како да сте дел од светскиот џет-сет.

Ова беше незаборавно доживување кое ни донесе нови познанства, нови хоризонти, спомени, авантура.

Иако е познат како остров за забава за млади, Миконос е полн со посетители на различна возраст, има бројни ресторани кои се сместени на брегот, и овде секој може да си пронајде свое омилено место.

monika-i-nikola-za-7-dena-na-skuter-posetija-3-ostrovi-na-kikladite-i-2-grada-vo-grcija-nezaboravna-avantura-od-skopje-do-volos-42.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Марија Стамболиќ за патувањето во Јапонија: „Мажи во костуми на полноќ играат Покемон и пијат виски ... „Во Јапонија не беше културно да се зборува во метро и исто така телефоните мора...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Бетика, Ледената Македонка за посетата на Занзибар и Кенија: „Секаде патував сама и се чувствував бе... „Запознав многу локалци во Занзибар, им се восхитував на позитивната енергија шт...
Марко Џамбазоски: „Сакам да истражувам и да покажам дека Македонија е многу повеќе од Скопје и Охрид... Марко Џамбазоски од Скопје со неговиот авантуристички дух постојано ја истражува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg