Моника и Никола патуваа од Скопје до Италија со веспа за меден месец: „Полневме гориво на секои 300km, Италијанците се чудеа како сме стигнале“

„Италија на две тркала вреди да се доживее. Прекрасна земја особено доколку ја доживееш на отворен пат со мотор. Тргнавме со веспа Piaggio х10 за која многумина од Италијанците ни се воодушевуваа како сме стигнале дотаму бидејќи сепак не е патнички мотор“ – раскажува за CRNOBELO.com Моника од Скопје која со сопругот беше на меден месец од Скопје до Италија со веспа.

monika-i-nikola-od-skopje-so-vespa-zaminaa-na-meden-mesec-vo-italija-polnevme-gorivo-na-sekoi-300-kilometri-italijancite-ni-se-chudea-kako-stignavme-01.fw.png

Моника и Никола во февруари годинава стапиле во брак, а одлучиле да имаат незаборавно патување за медениот месец.

Парот како дестинација ја одбрал Тоскана, но она што е уникатно, е тоа што патувањето било со веспа Piaggio x10 од Скопје во Италија. 

monika-i-nikola-od-skopje-so-vespa-zaminaa-na-meden-mesec-vo-italija-polnevme-gorivo-na-sekoi-300-kilometri-italijancite-ni-se-chudea-kako-stignavme-02.jpg

Во интервју за CRNOBELO.com Моника ги споделува искуствата од патувањето, како и тоа како изгледа да се доживее Италија на две тркала...

Како одлучивте да тргнете на патување со веспа и зошто ја избравте токму Италија како дестинација?

Двајцата сме авантуристи по природа и уживаме во возењето со мотор.

За Италија тргнавме со веспа Piaggio х10 за која многумина од Италијанците ни се воодушевуваа како сме стигнале дотаму бидејќи сепак не е патнички мотор. Покрај истражувањето на Македонија и Грција, Италија беше одамнешна желба да ја извозиме.

Во 10 дена поминавме низ 15 градови. Љубовта кон Тоскана се роди по филмот „Under the Tuscan Sun“.

monika-i-nikola-od-skopje-so-vespa-zaminaa-na-meden-mesec-vo-italija-polnevme-gorivo-na-sekoi-300-kilometri-italijancite-ni-se-chudea-kako-stignavme-03.jpg

Како наоѓавте сместување во италијанските градови што ги посетивте?

Ноќевањата ги резервиравме ден за ден. Сѐ што ни требаше беше желба, храброст и средства. Тргнавме со мотор до Драч и таму се качивме на ферибот до Бари, патувањето беше долго.

Штом се симнавме од траектот веднаш се почувствува италијанскиот мирис и автентичната архитектура. Со голема возбуда возевме до Наполи која беше наша прва дестинација.

monika-i-nikola-od-skopje-so-vespa-zaminaa-na-meden-mesec-vo-italija-polnevme-gorivo-na-sekoi-300-kilometri-italijancite-ni-se-chudea-kako-stignavme-05.jpg

Дали за време на патувањето се соочивте со некои непријатности?

Со оглед на спремноста и фактот дека тргнавме да патуваме со Piaggio X10 за среќа не се соочиваме со никакви непријатности освен високите температури по патот.

monika-i-nikola-od-skopje-so-vespa-zaminaa-na-meden-mesec-vo-italija-polnevme-gorivo-na-sekoi-300-kilometri-italijancite-ni-se-chudea-kako-stignavme-06.jpg

На колку километри полневте гориво и како го носевте багажот?

Гориво полневме на отприлика 300km, багажот го носевме во три куфери кои ни беа прикачени на моторот и поради селењето од едно во друго сместување од град во град ни беше најпрактичната инвестиција.

monika-i-nikola-od-skopje-so-vespa-zaminaa-na-meden-mesec-vo-italija-polnevme-gorivo-na-sekoi-300-kilometri-italijancite-ni-se-chudea-kako-stignavme-06.jpg

Дали имавте некоја непријатна случка да раскажете од патувањето?

Секој ден беше пропратен со интересни моменти, од патувањето, очекувањето што ќе се случи по пат и во следниот град бидејќи првпат го посетивме тој дел од Италија.

Во еден бар во Наполи запознаваме постар пар од Лондон, а двајцата беа родени во истите месеци како нас и со истата причина дојдени во Италија.

Секој ден беше посебен, долгото возење, истражувањето на градовите, италијанската култура, исклучителната медитеранска храна.

Во Беневенто наидовме на големо невреме и за жал не можевме многу да го истражиме градот, но сопственичката на куќата во која преноќивме се погрижи да „ни го донесе“ Беневенто кај нас и да ни организира прекрасна вечера со сите специјалитети кои се одлика на градот.

За среќа сѐ беше во најдобар ред и според планот и рутата, едноставно добро го имавме организирано целото патување.

monika-i-nikola-od-skopje-so-vespa-zaminaa-na-meden-mesec-vo-italija-polnevme-gorivo-na-sekoi-300-kilometri-italijancite-ni-se-chudea-kako-stignavme-07.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Дечко од Белград во име на љубовта се пресели во Скопје: „Се вљубив во Бисера - напуштив работа и ку... „Кога Бисера се врати во Скопје по тие 3 прекрасни денови во Белград, се разбуди...
Успешни Македонци низ светот: Ана од Скопје направи хит видео игра со тим од Нови Сад – огромна зара... „Успехот на играта беше тотално неочекуван. Како студенти само сакавме да си ја ...
Петар од Скопје живее во ашрам во Индија: „Се будиме во 5 наутро, по ладниот туш следи јога, а навеч... „Се станува околу 5 часот, следува ладен туш и почнуваме со различни јога вежби ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg