Никола од Скопје и Нардос од Етиопија: „Се запознавме на Фејсбук во христијанска група за самци, се венчавме во Бигорски“
- Детали
- сабота, 18 октомври 2025
„Се венчавме во Бигорски манастир, мојот духовен отец Партениј нè венчаше, тој ми го даде и благословот да одам во Етиопија за да се сретнам со Нардос, која ја запознав преку Фејсбук групата Orthodox Christian Singles, a ja запросив на третиот ден по средбата во живо“, вели Никола Јовановски (29) од Скопје за CRNOBELO.com.

Никола Јовановски (29) од Скопје, вработен во фурна, а претходно во дом за стари лица и Нардос Јовановска (31) од Адис Абеба, Етиопија, по струка сметководител , дури живеела во Етиопија работела во комерцијалната банка на Етиопија
Парот се запознал преку Фејсбук група за самци, а сега живеат заедно во Скопје со нивниот син Михаил.
Никола ја споделува нивната приказна за CRNOBELO.com:
„Се запознавме во една група на Фејсбук Orthodox Christian Singles... Ми излезе нејзина фотографија со објава во групата и веднаш ја додадов на Фејсбук и ѝ пишав.

Ја прашав дали сака да останеме во контакт на што таа се согласи.
И така почнавме да си се јавуваме еден на друг на камера на WhatsApp.

Разговорот си течеше многу убаво цело време. И се засакавме уште на камера.

Едноставно се погодивме еден за друг.
Се одлучив да отидам во Етиопија после 2 и пол месеци и ѝ кажав дека ќе дојдам во Етиопија.

Извадив виза онлајн. Купив авионски билет и преку Истанбул отидов во Адис Абеба.

Стигнав таму, ме чекаше таа на аеродромот и тоа беше првото видување во живо што не се заборава никогаш.
Се сретнавме, се гушнавме, ја бакнав... И оттаму фативме такси и отидовме во хотелот каде што имавме сместување.

