Никола од Скопје и Нардос од Етиопија: „Се запознавме на Фејсбук во христијанска група за самци, се венчавме во Бигорски“
Но, мораше да направиме свадба во Етиопија, тоа беше како еден мал услов на што се согласивме и ја направивме свадбата.
Беше преубава свадба. Дојдоа татко ми, мајка ми и дедо ми од моја страна.
А од нејзина, се разбира, имаше многу луѓе.

После свадбата си ја земав со мене, дојдовме во Македонија.
Се венчавме во Бигорски манастир, мојот духовен отец Партениј нè венчаше, тој ми го даде и благословот да одам во Етиопија за да се сретнам со Нардос.
И тоа за мене има многу големо значење, неговиот благослов.

Направивме и во Скопје свадба со 300 гости.
Во меѓувреме Нардос остана и бремена.

Сега си го имаме и нашиот мал Михаил, како плод на нашата љубов.

Среќни сме, радосни, се сакаме, се почитуваме се трпиме еден со друг, и посакуваме да си дочекаме длабока старост во многу љубов заедно.

Бракот е една многу света заедница, никој не би смеел да се осмели да го уништи и да се раздели еден од друг, треба многу трпение и голема жртва“.



©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
