Моника и Никола патуваа од Скопје до Италија со веспа за меден месец: „Полневме гориво на секои 300km, Италијанците се чудеа како сме стигнале“

Можете ли накратко да ни раскажете кои градови ги посетивте и што ви остави најголем впечаток во секој од нив?

Наполи е градот за кој пее Дин Мартин, романтичен, хаотичен, каде што се најдобрите театри и куќи на операта во светот, го нарекуваат и музеј на отворено поради бројните статуи и монументи. Единствено на што не наидовме во Наполи беше ноќен клуб.

monika-i-nikola-od-skopje-so-vespa-zaminaa-na-meden-mesec-vo-italija-polnevme-gorivo-na-sekoi-300-kilometri-italijancite-ni-se-chudea-kako-stignavme-08.jpg

Соренто, Амалфи - Воодушевувачка убавина, Соренто е познат по лимоните и напитокот лимончело, стариот град е прекрасно место опркружено со шарени улички и мали сокачиња, прекрасни продавници.

Амалфи е непроценлива убавина која се извојува од секое место во Италија. Имавме прилика да го извозиме цел брег со мотор и тоа е чувство што ве полни со енергија и колоритна глетка. Убавина за очите.

monika-i-nikola-od-skopje-so-vespa-zaminaa-na-meden-mesec-vo-italija-polnevme-gorivo-na-sekoi-300-kilometri-italijancite-ni-se-chudea-kako-stignavme-09.jpg

Позитано - Волшебно селце на карпа, романтично место кое мене ми беше омилено во целото наше патување. Мулти обоени куќички во залив - одлично место за прошетка.

Градот е опкружен со маслинови дрвца, а воздухот во Позитано импресионира со вкусни мириси.

monika-i-nikola-od-skopje-so-vespa-zaminaa-na-meden-mesec-vo-italija-polnevme-gorivo-na-sekoi-300-kilometri-italijancite-ni-se-chudea-kako-stignavme-10.jpg

Минори - има погодна локација која го прави идеална основа за истражување на целото крајбрежје на полуостровот Соренто, додека неговата опуштена атмосфера и широк спектар на услуги од ресторани до клубови на плажа изобилува со своја посебна убавина.

monika-i-nikola-od-skopje-so-vespa-zaminaa-na-meden-mesec-vo-italija-polnevme-gorivo-na-sekoi-300-kilometri-italijancite-ni-se-chudea-kako-stignavme-11.jpg

Рим - Градот на културата и историјата, беше премногу топло и затоа во Рим поминавме само неколку часа. Го посетивме Колосеумот, Фонтаната ди Треви, Шпанските скали и Ватиканската палата и продолживме за Чивитавеќија што во превод значи древен град.

monika-i-nikola-od-skopje-so-vespa-zaminaa-na-meden-mesec-vo-italija-polnevme-gorivo-na-sekoi-300-kilometri-italijancite-ni-se-chudea-kako-stignavme-12.jpg

Преубаво туристичко гратче, има поморско пристаниште и светилник, навечер тука е прекрасно за прошетка. Високата класа од Римското време доаѓала тука на одмор како најблиско место во близина на Рим.

Тука се наоѓа и познатата статуа на двајцата вљубени морнар и медицинска сестра во времето на Втората светска војна.

monika-i-nikola-od-skopje-so-vespa-zaminaa-na-meden-mesec-vo-italija-polnevme-gorivo-na-sekoi-300-kilometri-italijancite-ni-se-chudea-kako-stignavme-13.jpg

Ливорно - најголемото пристаниште во Тоскана. Се наоѓа на 20 километри јужно од Пиза, типичен европски пристанишен град, хаотичен и жив, приморски град кој е водена релација до околните градови. Ливорно има многу да понуди, од море и култура до храна и вино.

Во Пиза ја посетивме кривата кула и јадевме прекрасна италијанска храна на познатиот „Дуомо“ во Пиза каде вкусивме преубава паста со тартуфи и тосканско бело вино. Тоа беше наша попатна станица до Лука.

monika-i-nikola-od-skopje-so-vespa-zaminaa-na-meden-mesec-vo-italija-polnevme-gorivo-na-sekoi-300-kilometri-italijancite-ni-se-chudea-kako-stignavme-14.jpg

Лука е преубаво тивко роматично градче. Прошетавме низ ѕидот на Лука, Сан Донато портата, замокот и вечеравме на плоштадот пропратени од уличен музичар кој ја долови во вистинска смисла романтичата атмосфера со незаменливата италијанска музика на плоштадот во Лука.

Виареџо го искористивме како место за плажа и оддишка од долгото патување. За жал неможевме да се капеме поради големите бранови и бројните медузи во морето тој ден.

Фиренца е романтична и полна со знаменитости - еден од градовите со најголем број на интересни места за посета, едноставно прекрасна.

monika-i-nikola-od-skopje-so-vespa-zaminaa-na-meden-mesec-vo-italija-polnevme-gorivo-na-sekoi-300-kilometri-italijancite-ni-se-chudea-kako-stignavme-15.jpg

Беше тоа цел ден романтика, шетање по Пјаца дел Дуомо и ќе се загледате во катедралата и крстилницата Сан Џовани и тешко е да не се воодушевите од монументалноста што ве опкружува.

Вечерта со нертпение го чекавме популарното зајдисонце кое најубаво се гледаше од мостот на реката Арно.

Сан Гимигнано - олицетворение на тоскански ридски град. Ни остави голем впечаток инфраструктурата, посебните градби и тесни улички.

Во центарот на градот се наоѓа Пјаца де ла Цистерна, именувана по цистерната што ја опслужува стариот бунар што стои во центарот на овој плоштад. Рустични, но горди фасади се толчат во тесната гужва околу бунарот.

Од тука си купивме сирење во неколку вкусови кое беше карактеристично за тој предел.  

monika-i-nikola-od-skopje-so-vespa-zaminaa-na-meden-mesec-vo-italija-polnevme-gorivo-na-sekoi-300-kilometri-italijancite-ni-se-chudea-kako-stignavme-16.jpg

Сиена - неверојатно убав средновековен град во Италија. Срцето на Сиена е нејзиниот централен плоштад познат како Ил Кампо, ширум светот познат по понзатата трка со коњи Палио која се вози околу плоштадот двапати секое лето.

Филмската публика ширум светот може да ги види Сиена и Палио во филмот за Џејмс Бонд, Quantum of Solace.

На заминување од Сиена кон Тиволи ја посетивме долината Вал д'Орчија. Средновековни замоци, шкрги жабри, антички села, прекрасни фарми, изолирани домови, патишта покриени со чемпреси, прекрасни лозја и маслинови градини и златни полиња со жито и сончоглед, ова се само некои од елементите што ги формираат фантастичните и хармонични пејзажи на Вал д'Орчија.

monika-i-nikola-od-skopje-so-vespa-zaminaa-na-meden-mesec-vo-italija-polnevme-gorivo-na-sekoi-300-kilometri-italijancite-ni-se-chudea-kako-stignavme-17.jpg

Оваа богата зелена долина, која ја опфаќа реката Орчија и од каде го добива своето име, се наоѓа во јужна Тоскана, која се протега помеѓу провинциите Сиена и Гросето. Целата област е заштитена како светско наследство од УНЕСКО.

Тиволи е мало гратче во Италија и има свои уникатни карактеристики и атракции. Се наоѓа на периферијата на Рим, патот од главниот град на Италија до античкиот град е околу 25km.

Овој италијански град е познат по својата пријатност, пријателски расположени луѓе, бројни продавници, семејни ресторани и необични природни атракции и минерални води. Водата која тече од славините во Тиволи е газирана.

monika-i-nikola-od-skopje-so-vespa-zaminaa-na-meden-mesec-vo-italija-polnevme-gorivo-na-sekoi-300-kilometri-italijancite-ni-se-chudea-kako-stignavme-18.jpg

За еден ден во Тиволи може да се види прекрасната и величествена тврдина Рока Пиа, подигната во средината на 15 век, античката катедрала Свети Лоренц.

Покрај тоа, интересни се масивните готски врати и пријатната храмска капела, вилата Грегоријана и најпознатата Вила д’Есте, со ренесансната архитектура и италијанските градини, кои се запишани во списокот на УНЕСКО на заштитени Светски градини.

Во Тиволи ги пробавме познатите супли од леб и ориз, фокачо и познатото пиво Перони.

monika-i-nikola-od-skopje-so-vespa-zaminaa-na-meden-mesec-vo-italija-polnevme-gorivo-na-sekoi-300-kilometri-italijancite-ni-se-chudea-kako-stignavme-19.jpg

Беневенто е прекрасен град сместен во зелена средина и опкружен со Кампанските Апенини, помеѓу реките Сабато и Калоре.

Беневенто е познат и како „град на вештерките“ од кога Ломбардите пристигнале во градот и вовеле некои обичаи, како танцување околу оревите, што ги плашело христијаните од Беневенто.

Сместувањето во Беневенто ни беше подалеку од центарот но со преубав поглед на цел град каде уживавме во смиреноста на Беневенто, преубавите домашни кроасани и летниот дожд кој ни даде оддишка и сила за следниот ден.

monika-i-nikola-od-skopje-so-vespa-zaminaa-na-meden-mesec-vo-italija-polnevme-gorivo-na-sekoi-300-kilometri-italijancite-ni-se-chudea-kako-stignavme-19.jpg

По заминување од Беневенто се упативме во Алберобело како наша претпоследна дестинација. Необично гратче кое се наоѓа во провинцијата Бари.

Место како од бајките, чии живеалишта имаат автентични кровови, кои потсетуваат на шапките карактеристични за овие предели од 14 век.

Бари - градот на Свети Никола. Во Бари го чекавме траектот до Драч во доцните часови и немавме многу прилика да го доживееме, освен шеталиштето на Бари, пространоста  и бројните улици, кој го карактеризираат Бари како главен град на Ампулија.

Како се чувствувавте на враќањето кон Скопје?  

По деветчасовно патување со траект пристигнавме во Драч. Патот од Драч до Скопје беше долг, времето претопло, но нас нѐ држеа импресиите од Италија и со нетрпение чекавме да се вратиме во Скопје и да раскажеме за нашето патување.

Италија на две тркала вреди да се доживее. Прекрасна земја особено доколку ја доживееш на отворен пат со мотор, бидејќи ја чувствуваш слободата, воздухот, природата.

Воземе по 250-300 километри дневно со попатни паузи, но не се чувствуваше тежината на патот бидејќи постојано во околината имаше природа и интересни предели кои изобилуваат со посебниот италијански дух.

За нас ова беше прекрасно незаборавно искуство.

Погледнете уште фотографии во продолжение:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело  



Би можело да ве интересира:

Бисера од Скопје направи свадба на Бали со партнерот од Босна: „Имавме 50 гости од цел свет, мајка м... „Свадбата беше буквално како што замислувавме - во вила покрај плажа, со многу з...
Успешни Македонци низ светот: Ана од Скопје направи хит видео игра со тим од Нови Сад – огромна зара... „Успехот на играта беше тотално неочекуван. Како студенти само сакавме да си ја ...
Мирослав Митрашиновиќ: „Да се биде балетан е макотрпна, но прекрасна работа - го работам тоа веќе 15... „На нас балетаните дозволено ни е вежбање во фитнес центри, но не со големи тежи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg