Моника и Никола патуваа од Скопје до 3 грчки острови со скутер: „Поминавме 1.800km, ни се запали куферот, но имавме незаборавна авантура“

Во овие уникатни улички направив стотици фотографии со мојот телефон, и никако не можам да одвојам само неколку најубави. Го фотографирав секој агол на ова живописно место.

Шесте ветерници Paano Мili, кои се поставени една до друга на рид на крајот од гратчето, а од каде се шири панорамски поглед на островот, се вистинска атракција за туристите.

Плажите Ornos, Paraga, Psarrou, Paraga, Elia, Paradise Beach се дел од најубавите плажи на островот. Постојат и јавни плажи на кои не мора да плаќате за да ги посетите, а има со подостапни ресторани со вкусна, традиционална храна и маркети каде може да ги набавите сите потребни продукти.

monika-i-nikola-za-7-dena-na-skuter-posetija-3-ostrovi-na-kikladite-i-2-grada-vo-grcija-nezaboravna-avantura-od-skopje-do-volos-30.jpg

Нам ни требаа пет часа за да го заобиколиме целиот остров од центарот до Elia, па сè до највисоката точка на светилникот каде се гледа цело морско пространство, земја, природа и слобода. Иако е прилично скап остров, вреди да се доживее барем еднаш - Миконос е како да си во нерелен свет.

Барем  јас така го доживеав - фантазија.

monika-i-nikola-za-7-dena-na-skuter-posetija-3-ostrovi-na-kikladite-i-2-grada-vo-grcija-nezaboravna-avantura-od-skopje-do-volos-09.jpg

По Миконос, трет избор беше Парос, остров до кој се стигнува за четири часа возење со траект.

Таман си помислив дека сме единствените Македонци на островот, на пристаништето сретнавме еден наш новинар, кој топло и весело нè поздрави, а ние бевме среќни што видовме нашинец на Парос.

monika-i-nikola-za-7-dena-na-skuter-posetija-3-ostrovi-na-kikladite-i-2-grada-vo-grcija-nezaboravna-avantura-od-skopje-do-volos-06.jpg

Парос има магија во воздухот. Сличен на Миконос, има нешто што ти буди чувство на спокој и радост и те тера да се смееш постојано.

Има совршени природни плажи, космополитски ноќен живот и антички споменици, долини со лозја и плантажи со маслинови дрвја. Прочитав некаде дека некогаш на ова место се наоѓал прочуен каменолом од мермер од кој се изградени бројни храмови. Градовите Парикија и Науса се како слика од соништата.

Ние бевме сместени во Парикија, во најшарениот хотел, каде сопственикот секое утро нè чекаше со приготвено кафе на бескрајно шарената тераса, како од бајките.

Улиците и куќите беа поплочени со бел камен и сини прозорци. Низ улиците се слушаа Италијанци и Англичани и по некој Французин.

Сите куќички беа во типичен грчки стил, во духот на вистинската Грција.

monika-i-nikola-za-7-dena-na-skuter-posetija-3-ostrovi-na-kikladite-i-2-grada-vo-grcija-nezaboravna-avantura-od-skopje-do-volos-10.jpg

Науса беше празник за очи, рибарско гратче, „фотогенично“ од секоја агол, со извонреден шарм и со најслаткото пристаниште за фотографирање.

Парос го прошетавме за два дена, бидејќи е двапати поголем од Миконос. Плажите се едни од најубавите на Кикладите. Kolipmithres, Golden Beach, Santa Maria, Monastiri, Farangas, Kalogeros beach - секоја со извонредна приказна сама за себе и вистински рај за очите.

monika-i-nikola-za-7-dena-na-skuter-posetija-3-ostrovi-na-kikladite-i-2-grada-vo-grcija-nezaboravna-avantura-od-skopje-do-volos-07.jpg

По многу поминати километри и 4 различни локации, тргнавме кон Волос. Ова е еден од најголемите грчки градови, лоциран во центарот на земјата, со пристаниште кое е меѓу најпрометните во Грција.

Град со долга и богата историја, фамилијарен, со задржана автентична архитектура и додека се шетате се чувствува свеж, солен морски ветер кој се меша со мирисливиот планински воздух.

Градот бил почетна точка на познатата античка експедиција на Јасон и Аргонаутите, која е една од најпознатите поглавја во грчката митологија.

IMG_20230809_141926.jpg

Овие 7 дена поминавме 1.800km, двојно помалку од ланската приказна низ Тоскана, со неколку чекирања на траекти, многу видени локации за кратко време на Кикладите и може да кажам дека вредеше целата динамика и секој момент.

За жал, ги пропуштивме Санторини и Наксос, кои ќе останат за некоја следна авантура.

Кикладите во Грција на скутер се сосема поинаква приказна, шаренило од бои, слобода, ветер, природа, адреналин, храброст - сè тоа си носи незборавно искуство, многу различно и неспоредливо со патувањето со автомобил.

Секако, треба да имаш некој кој ќе сака да ги дели со тебе истите доживувања. Има и ризик и непредвидени проблеми, но кога ќе ти се погоди возачот, сè е лесно.

До следното доживување, уште многу магнетчиња на фрижидер“.

monika-i-nikola-za-7-dena-na-skuter-posetija-3-ostrovi-na-kikladite-i-2-grada-vo-grcija-nezaboravna-avantura-od-skopje-do-volos-04.jpg

Погледнете повеќе фотки од патувањето на Моника и Никола:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Марија Стамболиќ за патувањето во Јапонија: „Мажи во костуми на полноќ играат Покемон и пијат виски ... „Во Јапонија не беше културно да се зборува во метро и исто така телефоните мора...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Бетика, Ледената Македонка за посетата на Занзибар и Кенија: „Секаде патував сама и се чувствував бе... „Запознав многу локалци во Занзибар, им се восхитував на позитивната енергија шт...
Марко Џамбазоски: „Сакам да истражувам и да покажам дека Македонија е многу повеќе од Скопје и Охрид... Марко Џамбазоски од Скопје со неговиот авантуристички дух постојано ја истражува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg