Симона Живковска, актерка: „Глумев со Скарлет Јохансон, работев во машки затвор, а во детството берев цреши во село Бразда“

„Моето детство во Македонија денес ми изгледа како сон. Во тоа време не бев изложена на она на што се изложени децата сега. Пораснав во селото Бразда. Се качував на црешите, берев разни овошја и зеленчуци од нивите, готвев со баба ми. Тоа беше еден од најдобрите периоди во мојот живот“, раскажува во интервју за CRNOBELO.com актерката Симона Живковска, која македонската публика ја запозна преку улогата во филмот „Black Widow“ со Скарлет Јохансон. Родена е во Скопје, од мајка Македонка и татко од Карибите, а повеќе од 20 години живее во Англија.

simona-zhivkovska-akterka-glumev-so-skarlet-johanson-rabotev-vo-mashki-zatvor-a-berenjeto-creshi-vo-selo-brazda-mi-e-najubaviot-spomen-od-detstvoto-01_copy.jpg

Актерката Симона Живковска е уникатна во секој поглед. Неверојатно убава, пријатна за разговор, и секогаш насмеана, Симона ќе ве маѓепса уште со првиот впечаток.

Родена е во Скопје, од мајка Македонка и татко од Карибите, а повеќе од 20 години живее во Англија.

Симона со многу емоции се сеќава на детството во Скопје, кога берела цреши со својот полубрат во дворот на семејната куќа во селото Бразда, а со баба ѝ готвела македонски специјалитети. 

Обожава симит и бурек, па секогаш кога ќе дојде во Скопје, братучедите прво ја носат во бурекчилница да ѝ го направат меракот.

Во разговор за CRNOBELO.com, Симона раскажува за животот во Англија, улогата во филмот „Black Widow“, за времето кога работела во машки затвор, но и со жени жртви на семејно насилство…

simona-zhivkovska-akterka-glumev-so-skarlet-johanson-rabotev-vo-mashki-zatvor-a-berenjeto-creshi-vo-selo-brazda-mi-e-najubaviot-spomen-od-detstvoto-10_copy.jpg

Публиката во Македонија првпат слушна првпат за тебе кога се појави во „Black Widow“ со Скарлет Јохансон… Дали неколку години по премиерата на филмот ти е чудно што уште те поврзуваат со него?

Воопшто не ми е чудно. „Black Widow“ е феноменален проект и има огромен број обожаватели поврзани и со самиот филм, но и со останатите филмови во продукција на Marvel. Се чувствувам горда и почестена што ме препознаваат по мојата работа.

simona-zhivkovska-akterka-glumev-so-skarlet-johanson-rabotev-vo-mashki-zatvor-a-berenjeto-creshi-vo-selo-brazda-mi-e-najubaviot-spomen-od-detstvoto-14.jpg

Во филмот имаш само една кратка реплика, и тоа на македонски… Зошто решија да го кажеш текстот на македонски? И што се случи со останатите сцени? Се разочара ли што беа исфрлени?

Во време кога се случуваше кастингот, беше многу очигледно дека Marvel сака да истражува и да се сретне со актерки од различно потекло и различни сфери во животот. Тие сакаа секој лик да се истакне на свој начин.

Тоа што сум Македонка за мене беше бонус. Идејата беше дека „вдовиците“ потекнуваат од целиот свет.

Но не сум тажна што останатите сцени што ги снимавме не се најдоа во финалната верзија на филмот. Како актерка ја разбирам важноста на раскажувањето приказни.

Главната приказна што требаше да се раскаже во филмот беше раскажана на начин на кој требаше.

Кога филмот оди во последните фази на реализација, пред да се претстави пред публика во кината, продуцентите имаат тешка задача да се осигурат дека филмот ќе ги исполни временските рокови, а тоа понекогаш значи дека ќе треба да се отстранат некои сцени.

Никој не го сака овој процес, но тој е многу неопходен.

simona-zhivkovska-akterka-glumev-so-skarlet-johanson-rabotev-vo-mashki-zatvor-a-berenjeto-creshi-vo-selo-brazda-mi-e-najubaviot-spomen-od-detstvoto-03_copy.jpg

Ти во меѓувреме доби улога во популарната серија „Devils“ со Патрик Демпси… Што сè сними изминативе години и на што работиш во моментов?

Да, го завршив снимањето на „Devils“ пред околу една година и тоа беше забавно искуство. Работев на првата и втората сезона од серијата со Luxe Vide. Особено уживав кога ја снимавме втората сезона.

Минатиот месец го завршив снимањето на првата сезона од „Sexy Beast“, која ќе може да се гледа на Paramount+ пред крајот на ова година, или на почетокот на следната.

Оваа улога е многу посебна за мене како актерка, зашто глумам лик каков што не сум глумела претходно.

Улогата ми даде можност да покажам и какви сè актерски способности поседувам, а во исто време да раскажувам и приказни кои се осврнуваат на темите кои им биле важни на жените кои живееле во Лондон во ’80-тите години.

simona-zhivkovska-akterka-glumev-so-skarlet-johanson-rabotev-vo-mashki-zatvor-a-berenjeto-creshi-vo-selo-brazda-mi-e-najubaviot-spomen-od-detstvoto-04_copy.jpg

Често доаѓаш во Македонија. Кажи ми за твоето македонско потекло…

Родена сум и пораснав во Скопје. Учев во училиштето „Кирил и Методиј“ и живеев тука до својата 8-ма година.

Татко ми е од островот Сент Мартин на Карибите.

На почетокот на 2000-тите години се преселив во Британија и оттогаш живеам тука. 

simona-zhivkovska-akterka-glumev-so-skarlet-johanson-rabotev-vo-mashki-zatvor-a-berenjeto-creshi-vo-selo-brazda-mi-e-najubaviot-spomen-od-detstvoto-09_copy.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Хелена Роза по 4 години се врати од Нов Зеланд: „Заминав на 39 години, завршив факултет и сега со со... „2022 ми беше една од најубавите години - конечно зедов дозвола за возење мотор ...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Сања е самохрана мајка со своја фарма во с. Четирце: „Мотив за бизнисот ми беше мајка ми да не се см... „Порано бев осудувана што сум самохрана мајка. Осудите беа од типот дека тоа сум...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg