Снешка живее во Германија: „Дојдовме со ранци, по 2 години си купивме стан - побегнавме зашто нашите деца заслужуваат подобро“

Како се снајдоа децата во училиште? Тешко ли го совладаа јазикот?

Дамјана имаше 8 години, Оги имаше 7 години кога дојдовме и кога почнаа со училиште. Одеа на училиште само еден месец и потоа бевме дома заради короната. Немаа тежок почеток. Имавме многу, многу среќа со училиштето.

Феноменални наставнички, феноменална директорка, цел персонал кој од кој пољубезни и помили.

Децата беа прифатени и водени со многу љубов и трпение. Јазикот го совладаа многу брзо. Предност кај Дамјана и Оги беше што и двајцата знаеја англиски и со учителките полесно се разбираа.

Англискиот го знаеја бидејќи јас постојано им преведував цртани филмови. За две недели на училиште веќе имаа основен фонд на германски зборови.

Беа во одделението со другите ученици, но работеа по друга програма.

Со учителките и јас комуницирав на англиски на почетокот. Сега мешам, од двата јазика, но најважно, соработката ни е беспрекорна.

Кога Дамјана заврши четврто одделение, се запиша во средно. Тука во Германија средно училиште започнува од петто одделение.

По препорака на учителката, Дамјана се запиша во гимназија, најјаката гимназија во Моерс, гимназија Адолфинум.

Ја примија без проблем. Учителката рече дека досега во нејзината кариера немала ученик кој по две години престој тука, толку добро напредувал.

По само една година, корона година, повеќе дома отколку на училиште, Дамјана ги стигна другарчињата од одделение и беше меѓу првите три со оценки. Нејзин личен успех е тоа. Не сме ја форсирале за ништо.

Се сретнавме со учителката на Дамјана пред крај на година, ѝ се заблагодарив за љубовта и посветеноста со која се посвети на штотуку дојдено дете кое ни јазик не знае и ја водеше по патот со леснотија.

Нормално, плачка каква што сум, се испорасплакав додека зборував. Се испорасплака и учителката. Како беше изреката: „Учителката многу ме засака?“.

sneshka-zhivee-vo-germanija-dojdovme-so-ranci-po-2-godini-si-kupivme-stan-pobegnavme-zashto-nashite-deca-zasluzhuvaat-podobro-25.jpg

Оги… во секое семејство едното дете е магистар, другото да е живо и здраво. Кај нас Оги е: „Да е живо и здраво!“.

И тој убаво си се снајде на училиште. Исто и со јазикот немаше проблем.

Машко, не му се учи, му лета паметот, ама среќен си оди на училиште. И тој има прекрасна учителка, прекрасна! Мила, тивка, трпелива, посветена…

Многу труд и трпение вложи за Оги да напредува. Кога забележа дека забушава, ме вклучи и мене.

Од следната училишна година и тој ќе биде петто одделение, се запиша во средно школо.

И со таа учителка имавме емотивен разговор и со неа си поплакав и неа ја расплакав.

Реално, тие две учителки ги чуваа и водеа моите деца секој ден на пат на којшто јас не можев да ги водам, заради нив се тоа што се денес.

За мене лично не е мала работа некој да ти даде љубов, внимание и трпение во земја во којашто првпат стапнуваш.

Јас сум многу благодарна за тоа. Нам ни е најважно децата да се среќни, нема поголем успех од среќно и задоволно дете.

Сè друго ќе си дојде само.

sneshka-trajkovska-za-zhivotot-vo-germanija-dojdovme-so-ranci-no-po-2-godini-si-kupivme-stan-pobegnavme-zoshto-nashite-deca-zasluzhuvaat-podobro-08.jpg

Кои се според тебе најголемите лаги што луѓето ги шират за животот во странство?

Па ете, според тоа што го кажав, „Газдата многу ме засака“, не е лага.

Не би можела точно да кажам кои се лагите.

Ситуацијата ја споделува секој според своите очекувања, воодушевувања, разочарувања и искуства. Јас досега немам непријатни искуства.

Голема улога игра и моментот на тазе дојдени и со непознавање на јазик, но и некултурата и егото коишто си ги донеле од Македонија.

Тие на коишто сè им пречело и биле вечно незадоволни во Македонија, не се задоволни ни во Германија. Многу често се чувствуваат обесправени, но реално, не преземаат ништо за да се вклопат.

Јазикот не се ни трудат да го совладаат, културата не ја подобруваат, тоа ни во Македонија не било добро, не па тука.

Контрастот е преголем, затоа и не се вклопуваат.

Имам премногу примери на луѓе кои вложиле во себе и без проблем успеале во кариерата тука во Германија.

sneshka-trajkovska-za-zhivotot-vo-germanija-dojdovme-so-ranci-no-po-2-godini-si-kupivme-stan-pobegnavme-zoshto-nashite-deca-zasluzhuvaat-podobro-19.jpg

Први на список ми се моите Тања и Блашко, кои имаат своја ординација за трудова медицина. Кога дошле речиси и да не го знаеле јазикот, а сега се вклопени како тука родени.

Нашата матична докторка, Македонка, и таа има своја ординација, тука е 12 години.

Моја другарка со завршен факултет за биохемија дојдена тука пред 10 години, без да знае ни збор германски, сега работи во лабораторија.

Другарка којашто се вработи во општина, уште една другарка во општина работи, другари кои работат во банка, другарки медицински сестри, другарка којашто работи во човечки ресурси во голема фирма… Примери за кариера во Германија имам премногу. Без врски и без партии.

Но, сите тие учеле јазик, се надградувале себеси со часови, курсеви, дообразование коешто е потребно тука, не седеле со скрстени раце.

Германија нуди многу во однос на образование и доообразование, но не секој сака да го „губи“ времето со тоа. Полесно е да се жалиш и да плукаш.

Секој почеток е тежок, секој ден е борба, но тука сите застанале на нозе и имаат убав живот.

Често слушам дека Германците не сакале ауслендери (дојденци), но јас во ниту еден момент не сум се почувствувала така и покрај непознавањето на јазикот. Мислам дека што ќе си посееш, тоа ќе си ожнееш.

Никој не сака некултурни, гласни, што фрлаат ѓубре и не почитуваат куќен ред.

Ние од кога сме дојдени никој не ни се обратил со погрешен тон, со омаловажување. Секогаш имало култура во односот и многу често љубезност повеќе од очекуваното.

Не велам дека секогаш вака ќе биде. Ќе налетаме и ние некогаш на проблем, но еве 3.5 години, супер е сè.

sneshka-zhivee-vo-germanija-dojdovme-so-ranci-po-2-godini-si-kupivme-stan-pobegnavme-zashto-nashite-deca-zasluzhuvaat-podobro-26.jpg

Поприми ли некоја навика од локалното население и која е таа?

Да, научив нешто од мајките на игралиште и комшиите. Да не се тресам кога децата се гласни. Имаат голема толеранција кон деца.

Речиси сè им е дозволено на децата. Да се гласни, да трчаат, да играат, не се бунат кога децата се деца. Секогаш кога ќе срипам да им ш-шкам на бандитиве, некој ме ш-шка мене, да ги оставам да дивеат.

Релаксирани родители, помирни деца.

Во нашата зграда, нашиве три се единствени деца во влезот. Комшиите секој празник ни оставаат чоколади и подароци пред врата.

Комшијата од трети кат ги сретнал бандитиве пред да појдеме на одмор. Им дал по 10 евра да си купат сладолед. Или што би рекол Оги:

- Ни рече да ги смениме во македонски евра и да си купиме сладолед.

Гестовите им се прекрасни, дискретни и ненаметливи. Не пречат, а сепак се тука.

Никогаш не доаѓаат ненајавени на врата, почитуваат приватност. Секогаш кога ќе побараме совет или помош, вложуваат труд и време да ни помогнат.

sneshka-trajkovska-za-zhivotot-vo-germanija-dojdovme-so-ranci-no-po-2-godini-si-kupivme-stan-pobegnavme-zoshto-nashite-deca-zasluzhuvaat-podobro-03_copy.jpg

Има ли некои германски специјалитети што најмногу ви се допаѓаат? Кои се тие?

Германската кујна не е многу поразлична од македонската. Речиси истите состојки ги користиме, но како ќе ги искомбинираме.

Тука национално јадење е компир. Ние како некои кои десет години живееле во центарот на добриот компир во Македонија, супер се снајдовме.

Германците многу го сакаат нашиот ајвар. Се трудам да донесам повеќе тегли од Македонија и да им поделам. Им се допаѓа и нашето гравче тавче.

sneshka-trajkovska-za-zhivotot-vo-germanija-dojdovme-so-ranci-no-po-2-godini-si-kupivme-stan-pobegnavme-zoshto-nashite-deca-zasluzhuvaat-podobro-18.jpg

Што би им порачала на луѓето што размислуваат да се преселат во Германија?

Би им препорачала да не размислуваат и да се преселат!

Доколку имаат време би им препорачала да учат јазик и да дојдат тука со подобар почеток од мене. Дури и кога ќе дојдат да не престанат со учење. Јазик, струка, да се надградуваат.

Во Германија секое знаење се цени, многу ќе им се најде за полесен живот.

Доколку немаат финансии да земаат часови по германски, нека почнат со апликации или часови на Јутјуб, но нека се движат во правецот надградба.

Не се срамете да прашате и побарате помош од роднини, пријатели, ФБ групи…

На тој начин ќе си олесните себеси, помалку ќе грешите и помалку проблеми и нервози ќе имате.

Во однос на живеење, моето искуство е дека и помалите градови во Германија се супер средени и ништо не недостасува. Затоа на сите им препорачувам помал град, од 100.000 жители па помалку.

Животот е порелаксиран во помалите места.

sneshka-trajkovska-za-zhivotot-vo-germanija-dojdovme-so-ranci-no-po-2-godini-si-kupivme-stan-pobegnavme-zoshto-nashite-deca-zasluzhuvaat-podobro-20.jpg

sneshka-zhivee-vo-germanija-dojdovme-so-ranci-po-2-godini-si-kupivme-stan-pobegnavme-zashto-nashite-deca-zasluzhuvaat-podobro-27.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...
Хелена Роза по 4 години се врати од Нов Зеланд: „Заминав на 39 години, завршив факултет и сега со со... „2022 ми беше една од најубавите години - конечно зедов дозвола за возење мотор ...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Бобан Алексов живее 6 години во Данска: „Заминав 'на слепо', работа најдов случајно на Фејсбук, живо... Боби Алексов (37) од Скопје, 6 години живее во Оденсе, Данска. За себе вели дека...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg