Снешка живее во Германија: „Дојдовме со ранци, по 2 години си купивме стан - побегнавме зашто нашите деца заслужуваат подобро“

„Заминавме да живееме на село за да се тргнеме од напнатоста и стресот на градскиот живот. Но, целата таа идила беше само околу нас, во нашиот двор. Сè надвор од нашиот двор тонеше ко Титаник. Убавината и вредноста на германското гратче Моерс се во мирот, тишината и среденоста. Криминал да речам нема, ќе излажам, но безбеден град е“ – вели во интервју за CRNOBELO.com, Снешка Трајковска, која заедно со сопругот од Скопје одлучи да се пресели во селото Петралица, а оттаму пред 4 години во Германија.

sneshka-trajkovska-za-zhivotot-vo-germanija-dojdovme-so-ranci-no-po-2-godini-si-kupivme-stan-pobegnavme-zoshto-nashite-deca-zasluzhuvaat-podobro-01.jpg

Снешка Трајковска по потекло е од Скопје, а на Фејсбук е позната по нејзиниот профил Огнените Ѕверови на Дамјана, каде често ги споделува искуствата од својот живот. 

Снешка и нејзиниот партнер привлекоа внимание откако одлучија да побегнат од вревата во Скопје и да се преселат во селото Петралица, а потоа „со ранците на грб“ да си заминат во Германија, каде живеат неколку години наназад.

Снешка Трајковска има 42 години, но, вели дека ако некој праша, треба да кажеме дека има 30 години, затоа што духот и енергијата се вгнездиле таму. На прашањето што е по занимање, таа кратко одговара: „Среќна!“

Како што вели, неколку испити ја делат од завршување на педагошкиот факултет. Работела на повеќе работни места, но последна пред да замине на село ѝ била во маркетинг агенција.

Позиција копирајтер или смислувач на слогани, реклами и сценарија за реклами.

Во интервју за CRNOBELO.com Снешка открива како изгледала преселбата од Петралица во Германија, со кои предизвици се соочиле на почетокот, но и како изгледа малечкото гратче Моерс каде денес живеат со нивните 3 деца.

sneshka-trajkovska-za-zhivotot-vo-germanija-dojdovme-so-ranci-no-po-2-godini-si-kupivme-stan-pobegnavme-zoshto-nashite-deca-zasluzhuvaat-podobro-02_copy.jpg

Проследете го интервјуто со Снешка во целост:

Од Скопје со семејството се преселивте во селото Петралица, па потоа во Германија во Моерс? Кажи ни, што беше клучно за да одлучите да си заминете од Македонија? Тешко ли ја донесовте одлуката да си заминете?

Кога од Скопје се преселивме на село, крајот на 2009 година, бевме семејство сочинето од двајца. Дамјана и Огнен се родија на село. Без паника, не се породував во нива или во штала. Се родија во Скопје.

Филип Путински се роди во Германија.

Една година живеевме во село Псача, во куќата на наши пријатели, потоа го купивме старото школо во селото Петралица и се преселивме таму. Во старото школо живеевме 10 години и потоа заминавме за Германија. Во Германија сме веќе 3.5 години.

Заминавме на село за да се тргнеме од напнатоста и стресот на градскиот живот. Јас уште 2012 година почнав да работам онлајн и работев сè до 2021 година.

Но, главна обврска ни беше селскиот живот. Уживавме во производство на наша храна, млеко, сирење, зеленчук, мед, уживавме со животните и слободата што ја имавме во селото на планина.

sneshka-trajkovska-za-zhivotot-vo-germanija-dojdovme-so-ranci-no-po-2-godini-si-kupivme-stan-pobegnavme-zoshto-nashite-deca-zasluzhuvaat-podobro-04.jpg

Одлуките за заминување на село и во Германија не беа тешки. Ништо не е тешко кога имаш некој покрај тебе којшто размислува како тебе и е доволно храбар да чекори напред, а не да тапка во место со изговори.

Пред да заминеме на село, јас всушност сакав да заминам за Канада. Но, ете, решивме да си ја пробаме среќата на село. Не се жалам, ниту пак жалам за десетте години на село. Беше тоа преубав период од животот. Бандата моја растеше на чист воздух, со здрава храна, по цел ден си играа во двор и по ливади, имаа детство какво што секое дете заслужува.

Но целата таа идила беше само околу нас, во нашиот двор. Сè надвор од нашиот двор тонеше ко Титаник. Корупции, убиства, местени работи… Ништо не функционира и нема ни изгледи дека ќе стане подобро.

Не сакавме ние да сме музичарите што свират до крај. Нашите деца заслужуваат подобро детство и подобра иднина. Ние живеевме во некои транзиции, непотребни напнати ситуации, место младост имавме протести и измислени војни, место детство и младост, беснеење, ние имавме страв и стрес …

Нашите деца не го заслужуваат тоа, заслужуваат подобро. Ние решивме дека тоа ќе го обезбедиме за нив. Секоја следна генерација треба да е подобра од претходната за да има револуција и еволуција.

Нема потреба историјата да се повторува. Не сакавме да сме заглавени на кружен тек и како хрчаци во тркало да мотаме тоа-па-тоа и да го нарекуваме судбина.

sneshka-trajkovska-za-zhivotot-vo-germanija-dojdovme-so-ranci-no-po-2-godini-si-kupivme-stan-pobegnavme-zoshto-nashite-deca-zasluzhuvaat-podobro-05.jpg

Откако сево ова го набројав, јасно е дека одлуката за заминување во Германија дојде лесно. Не може во Германија да е потешко од колку во Македонија.

За заминување во Германија решивме по еден разговор со нашите мили пријатели Тања и Блашко. Тие веќе подолго време беа тука во Германија и ни го опишаа животот тука. Штом го завршивме муабетот со нив, татково на три деца ме праша:

- И сега што правиме?

- Се селиме, што друго да правиме.

Од тој момент, до заминувањето за Германија на татково на три, помина еден месец. Тој замина на 19-ти ноември, а јас, Дамјана, Оги и бебе Филип Путински во меше, заминавме на 19 декември 2019 година.

Едно дете за една рака, друго дете за друга рака, бебе во меше, секој од нас со својот ранец на грб, суперменскиот блузон на мене и 2 часа лет до новиот живот.

sneshka-trajkovska-za-zhivotot-vo-germanija-dojdovme-so-ranci-no-po-2-godini-si-kupivme-stan-pobegnavme-zoshto-nashite-deca-zasluzhuvaat-podobro-06.jpg

Какво гратче е Моерс? Зошто избравте да живеете таму, а не во некој од другите поголеми германски градови?

Моерс е релативно мало гратче. По број на жители е околу 100.000, но во споредба со гигантските милионски градови, Моерс е топче.

Центарот е мал, тивок, чист, нема големи згради, сите куќи се стари и одржувани, како мини бајка е. Има и мало замоче во центарот на градот. Има прекрасен преголем парк, лизгалиште, хокеарски клуб, тим за уметничко лизгање, мини аква паркче, за мене Моерс е магија.

Изборот за гратче не беше наш. Во Моерс живееја нашите пријатели Тања и Блашко, затоа и дојдовме тука. Нашата идеја беше, ако не ни се допаѓа, со ранци сме дојдени, се селиме како кампери. Не сме дрвја. Но, Тања и Блашко направиле феноменален избор на град за нив и немаше потреба да се селиме. И нам ни се допадна Моерс.

Кога баравме стан да купиме, не сакавме подалеку од Моерс да мрднеме. Успеавме да најдаме стан во Нојкирхен Флин.

Ние веќе речиси година и пол сме во наш стан. Го купивме и се вселивме во декември 2021. Порано мислев дека Нојкирхен е населба на Моерс, бидејќи се веднаш еден до друг. Пеш одиме до Моерс, но Нојкирхен Флин се води како посебно гратче.

sneshka-zhivee-vo-germanija-dojdovme-so-ranci-po-2-godini-si-kupivme-stan-pobegnavme-zashto-nashite-deca-zasluzhuvaat-podobro-22.jpg

Нојкирхен Флин е спој на два помали града (Нојкирхен и Флин). Нешто како што е кај нас Чешиново Облешево. Епа ние во Чешиново сме.

Вкупен број на жители на двата града е 27.000.

Ако Моерс е топче, Нојкирхен е џамлииче во споредба со милионските градови.

Што би рекол другар ми:

- Германциве ќе стават зграда во село и одма им е град!

Шегата на страна, Нојкирхен е уште помал и помирен од Моерс.

Дамјана имаше 10 години, Оги имаше 9 години кога се преселивме тука и учеа во Моерс, во старото училиште. Секој ден сами со автобус одеа и сè уште одат и се враќаат сами.

Немало никакви проблеми, кражби, тепачки… Децата се безбедни, а мене мирна душа.

sneshka-zhivee-vo-germanija-dojdovme-so-ranci-po-2-godini-si-kupivme-stan-pobegnavme-zashto-nashite-deca-zasluzhuvaat-podobro-21.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...
Хелена Роза по 4 години се врати од Нов Зеланд: „Заминав на 39 години, завршив факултет и сега со со... „2022 ми беше една од најубавите години - конечно зедов дозвола за возење мотор ...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Бобан Алексов живее 6 години во Данска: „Заминав 'на слепо', работа најдов случајно на Фејсбук, живо... Боби Алексов (37) од Скопје, 6 години живее во Оденсе, Данска. За себе вели дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg