Ребека, Македонка во Сан Франциско: „Животот ми приреди бура - како испливав нагоре без страв и омраза?“

Кои се најголемите предизвици со кои мајките на мали деца се соочуваат во моментот кога ќе одлучат да го напуштат токсичниот партнер?

Па најчесто со тоа дека децата поставуваат прашања кои не се баш лесни за одговор.

Потоа децата знаат да направат непријатни ситуации од типот: ‘мамо дојди и ти со нас’ или ‘мамо кога ќе се вратиме дома…’

Многу жени го почнуваат патот и на крај завршуваат пак дома со партнерот и се смируваат. Кога ќе ги прашаш зошто, велат: ‘поради децата, за да имаат и мајка и татко’.

Искрено не се согласувам. Ако се разведеш не значи дека некој умрел. Секогаш ќе ги имаш и двајцата родители.

Кога ќе се вратат дома жените е дури тогаш немаат веќе излез. Тогаш ќе бидат третирани полошо од стара крпа.

Враќање назад е како да земеш наназад да одиш - 100% ќе паднеш! Никако назад - само напред и главата горе.

rebeka-makedonka-vo-san-francisko-zhivotot-mi-priredi-bura-kako-isplivav-nagore-bez-strav-i-omraza-04.jpg

Што би им порачалa на жените што живеат со таков партнер, а немаат храброст да се осмелат да му кажат: „Збогум“?

Дека никогаш нема да дојде вистинскиот момент кога ќе треба да го направат првиот чекор. Никогаш!

Тој момент не доаѓа како некоја најава за да ти каже: ‘ајде сега е време.’

Тоа е нешто што од внатре доаѓа. Те облева како бран. Ако немало револуции и востанија во минатото, ако луѓето не се бореле за нивните права, како ќе ја имавме денешницата во која живееме?

Да не се бореле нашите предци - можеби сѐ уште ќе сме биле под ропство. Епа истото е и во една врска и воопшто во животот.

Бори се! Излези и крени востание! Бори се за себе како личност, ти вредиш, ти имаш уште многу да видиш во животот.

Животот е еден и единствен. Животот е убав. Животот е само твој. Не дозволувај таков подарок од твоите родители да биде поробен/уништен/сронет…

Бори се! Не се предавај зошто таа светлина на крајот на тунелот е најслаткото чувство што ќе го почувствуваш.

Борбата до таа светлина и сите препреки на патот ќе те направат една силна борбена жена што никој никогаш повеќе нема да смее ‘А’ да ѝ писне.

rebeka-makedonka-vo-san-francisko-zhivotot-mi-priredi-bura-kako-isplivav-nagore-bez-strav-i-omraza-07.jpg

Колку ти се промени тебе лично животот откако одлучи да си заминеш и да ставиш крај на бракот? Постои ли голема разлика во секојдневието?

Да, на подобро се промени. Сега секој ден ми е сонце и сино небо па дури и кога врне надвор. Секој ден го започнувам со насмевка, со медитација, со грижа за себе надворешно и внатрешно зошто јас вредам.

Јас вредам многу. Јас се сакам себеси, јас заслужувам да ме почитуваат. Сега можам точно да согледам и осетам кога некој пробува да ми ги сруши моите ограничувања.

Тогаш јас културно му давам до знаење дека такво однесување што би рекле на нашки ‘можеш дома кај мајка ти - овде не!’ Мала шeга.

Едноставно веќе не се осеќам принудена да молам луѓе да ме сакаат или да ги молам да останат во мојот живот, премногу се почитувам себеси и знам дека што е мое - ќе си дојде. Порано или покасно.

Кога универзумот ќе одлучи дека сум подготвена за тоа, а дотогаш ќе се борам и учам како лавица! Мене веќе ништо не може да ме сруши!

После тоа што телото ми доживеа, после тоа што душата ми доживеа…

Колку и да пробуваат - само може да научам нешто ново зошто кога гледам дека некој ми става камења на патот - јас не се карам со таа личност, си ги собирам камењата, си продолжувам по патот и со нив еден ден ќе си изградам своја империја.

Луѓето што те третираат лошо - тие имаат проблем - не ти!

rebeka-makedonka-vo-san-francisko-zhivotot-mi-priredi-bura-kako-isplivav-nagore-bez-strav-i-omraza-06.jpg

Колку години има синот? Можеш ли да споделиш некоја тајна за тоа како ти лично се справи со тоа синот да не чувствува огорченост и болка по разделбата?

Синот има 2 и пол години. Никогаш нема да дозволам никој да го вреѓа тој човек. Тој е таткото на моето дете. Што и да било - поминало.

Јас сум му благодарна за сите добри и лоши моменти. Јас сум поголема личност. Јас не се спуштам на ниво да вреѓам и мразам.

Јас знам каде одам и што сакам да постигнам во животот.

Нема никогаш лошо да му зборувам на мојот син за неговиот татко. Како што напоменав погоре од кал да е - татко е. Најлошо нешто што може еден родител да направи е да спроведува одмазда спрема бившиот партнер преку своето дете.

Тоа е толку недораснато, толку ниско, толку нечувствително спрема душата на своето сопствено дете. Со тоа само детето ќе пати и резултатот е: траума од детството.

Макси секогаш ќе нѐ има и двајцата. Какви биле такви, заедно или разделени - ние секогаш ќе бидеме тука за него.

rebeka-makedonka-vo-san-francisko-zhivotot-mi-priredi-bura-kako-isplivav-nagore-bez-strav-i-omraza-11.jpg

Колку оваа токсична врска влијае врз тоа во иднина повторно да се осмелиш да ѝ дадеш шанса на љубовта? Се гледаш ли себеси како среќна личност со некој друг во иднина?

Сега точно знам што сакам и не се плашам од иднината и од нов партнер или нова љубов.

Сега точно знам како да комуницирам и како да ги покажам моите чувства на здрав начин. Сега поседувам емоционална интелигенција која е клучна во една врска. Дали љубовна дали пријателска дали на работа…

rebeka-makedonka-vo-san-francisko-zhivotot-mi-priredi-bura-kako-isplivav-nagore-bez-strav-i-omraza-13.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...
Кире Лазаров: „Со Каролина бевме партнери за матура, поради погрешна дијагноза мислев дека рано ќе ј... „Финалето на Светското клупско првенство беше мојот најтежок натпревар во кариер...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Елена Ристеска: „Има многу злоба меѓу народот, се штитам така што никој не знае каде сум и што права... „Почесто плачам од радост, отколку од тага. Емотивна сум за блиски луѓе, за...
Хелена Роза по 4 години се врати од Нов Зеланд: „Заминав на 39 години, завршив факултет и сега со со... „2022 ми беше една од најубавите години - конечно зедов дозвола за возење мотор ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg