Кире Лазаров за татковството: „Ги пропуштав родендените на децата поради ракометот, но многу сум близок со двајцата“

„Бидејќи на сопругата Љубица ѝ се ближеше терминот за породување, а јас имав собир со репрезентацијата, решивме да се породи во Скопје. Знаевме кој ден ќе се роди Благојче, па очекував повик од болницата. Отидов во болница, го видов, го зедов во раце, вечерта прославивме, а јас следниот ден веднаш заминав во Унгарија“, раскажува Кире Лазаров за татковството за CRNOBELO.com.

kire-lazarov-za-tatkovstvoto-gi-propushtav-rodendenite-na-decata-poradi-obvrskite-so-rakometot-no-mnogu-sum-blizok-so-dvajcata01.jpg

Кире Лазаров, селекторот на македонската ракометна репрезентација и поранешен капитен, е татко на двајца тинејџери. Синот Благојче во јануари 2023 наполни 17 години, а ќерката Лана, која е две години помала, исто има роденден во јануари, па годинава наполни 15.

Кире е многу близок со децата и покрај обврските поврзани со кариерата и честите патувања. И додека беше во ракометниот врв на Европа, Лазаров беше целосно посветен на семејството.

А сега, откако ја заврши кариерата на играч и работи како тренер на „Алкалоид“ има уште повеќе време за нив, па често одат заедно на патувања и организираат семејни дружења.

Во искрено интервју за CRNOBELO.com, Кире се потсети на моментите кога му се родија децата, ни откри како тој и сопругата Љубица им ги избрале имињата, а низ смеа ни призна и со кој од нив двајца Благојче и Лана ги делат тајните.

kire-lazarov-za-tatkovstvoto-gi-propushtav-rodendenite-na-decata-poradi-obvrskite-so-rakometot-no-mnogu-sum-blizok-so-dvajcata-03_copy_copy.jpg

Прочитајте го интервјуто за предизвиците поврзани со татковството:

Се сеќаваш ли на моментот кога првпат ги виде синот и ќерката? 

Беше многу одамна. Синот Благојче е роден во 2006, а ќерката Лана во 2008 година. И се случи токму тука во Автокоманда, во приватна болница.

Таа година играв во Унгарија, во „Веспрем“, но беше јануари и бевме на зимска пауза од клубот.

Во тоа време имавме собир со репрезентацијата, па бидејќи на Љубица ѝ се ближеше терминот за породување, решивме да се породи во Скопје.

Знаевме кој ден ќе се роди и очекував повик од болницата. Па, кога ми се јавија да ми кажат дека Благојче е роден, организирав прослава. Не правевме мекици, бидејќи немав време, не успеав.

Само отидов во болница, го видов, го зедов во раце, вечерта прославивме, а јас следниот ден веднаш заминав во Унгарија поради обврските со мојот тогашен клуб.

kire-lazarov-so-karolina-bevme-partneri-za-matura-poradi-pogreshna-dijagnoza-mislev-deka-porano-kje-ja-zavrsham-karierata-11_copy_copy.jpg

Кога се роди Лана, исто така во јануари, бев член на ракометниот клуб „Загреб“.

Се сеќавам, тогаш имав натпревар со репрезентацијата, игравме во Скопје против Португалија, но решивме Љубица да се породи во Загреб.

Се надевавме дека ќе успеам да се вратам во Загреб и ќе присуствувам на породувањето, но ми се јавија да ми кажат дека сопругата ненадејно добила болки и дека веќе се породила.

По ден-два требаше да заминам за Португалија, каде што игравме реванш натпревар, па не можев да отидам во Загреб.

Ќерката првпат ја видов неколку дена откако се роди, таа и сопругата веќе беа излезени од болница кога јас си дојдов во Хрватска.

Сепак, ги организирав моите родители да одат и да ѝ помогнат на Љубица за да не биде сама.

kire-lazarov-za-tatkovstvoto-gi-propushtav-rodendenite-na-decata-poradi-obvrskite-so-rakometot-no-mnogu-sum-blizok-so-dvajcata-02_1.jpg

Бидејќи им ги пропушташе родендените на децата поради ракометните обврски, дали годинава конечно прославивте заедно?

За жал, ни годинава. Иако сме сите тука во Македонија, повторно ги пропуштив бидејќи бев на Светското првенство со македонската репрезентација.

Тие се родени на 16 и 25 јануари, па иако беше планирано да прославиме заедно, ете, ни овојпат не успеав.

Во времето на нивните родендени секогаш се одржуваат големи натпреварувања, Европско или Светско првенство.

Добро е што Македонија е секогаш присутна на тие првенства, но лошото е што не сум присутен на родендените на моите деца.

Па, и оваа година им честитав преку телефон.

kire-lazarov-za-tatkovstvoto-gi-propushtav-rodendenite-na-decata-poradi-obvrskite-so-rakometot-no-mnogu-sum-blizok-so-dvajcata-08.jpg 

Бидејќи често беше на пат додека децата беа мали, колку имаше време да ѝ помагаш на Љубица во обврските со нив?

Секогаш сум сакал да ѝ помогнам и сум помагал колку што ми дозволувале обврските.

Но, таква ми беше кариерата. Играв во клубови во кои имав преголеми обврски во текот на целата година.

kire-lazarov-za-tatkovstvoto-gi-propushtav-rodendenite-na-decata-poradi-obvrskite-so-rakometot-no-mnogu-sum-blizok-so-dvajcata-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Кире Лазаров: „Со Каролина бевме партнери за матура, поради погрешна дијагноза мислев дека рано ќе ј... „Финалето на Светското клупско првенство беше мојот најтежок натпревар во кариер...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Маја од Скопје на 41 година го победи ракот на дојка: „Пациентите кријат дека примаат терапии, кај н... „Сакав и одлучив да живеам и мислам дека таа свесна намера беше пресудна да се п...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Јелена Розга за CRNOBELO: „Мислев ќе се срушам од убавина кога публиката ја пееше ‘Гинем’ на цел гла... „Утрото пред концертот имав некој чуден страв, па ѝ се јавив на другарка ми и ѝ ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg