Ирена Димоска, жртва на семејно насилство: „Првпат ме удри по свршувачката, ме напаѓаше и кога плачеше нашиот син“

irena-dimoska-zhrtva-na-semejno-nasilstvo-prvpat-me-udri-po-svrshuvachkata-me-napagjashe-i-koga-placheshe-nashiot-sin-09.jpg

Колку сила ви беше потребно за тоа?

Силата ја добив некако наеднаш. Во настанот пред да пријавам и заминам тој ми се закани по живот. Ми се обрати со таква омраза и со зборовите следниот пат ќе ти го свиткам вратот и на место „ќе те оставам“ (ќе биде крај со тебе).

Во тој миг нешто ми кликна во главата. Продолжив да климам и да му велам дека е во право, а во главата правев план за бегство.

Чекав да заспие и тивко подготвив малку облека (за едно пресоблекување) за себе и децата. Утрото ги спремив за градинка, а јас за на работа за тој да не се посомнева и отидов да го пријавам.

Дали децата беа сведоци на пеколот низ кој минувавте? Дали тој некогаш кренал рака врз нив?

Децата физички ги немаше повредено, но грижата за нив секогаш мораше да ми биде приспособена според неговите потреби. Ако е тој гладен или жеден, беше поважно од тоа децата да си легнат навреме.

Тие често беа сведоци на насилството и секогаш го имав стравот дека ќе почнат да ги копираат неговите постапки, па тоа беше нешто што исто така ми даваше сила да останам истрајна.

Ви се извинуваше ли потоа? Како ги средуваше работите? Имаше ли долги мирни периоди? Ве бараше ли кога ќе го напуштите?

Некако беше толку сигурен дека ме има под контрола што не слушав често извинувања.

Не смеев да бидам налутена бидејќи тогаш бев повторно нападната.

Мирен период имаше по мојот прв обид за да го пријавам. Но не сфатив дека сепак продолжил со манипулации.

Во тој период ме убеди дека ќе останеме без дом и јас зедов станбен кредит. Кога тој се увери дека сега нема каде да бегам, повторно продолжи прво со психичко насилство, а тоа постепено повторно ескалираше во физичко насилство.

Какви повреди ви има нанесено? Дали вас ве обвинуваше за своите постапки?

Најчесто тоа биле хематоми на рацете или нозете. Често со денови чувствував болка на главата од кубењето за коса, а сум имала и потечени прсти, посекотини и како што веќе кажав повреда на главата.

Вината никогаш не ја презел тој и секогаш кажуваше дека јас сум виновна. Се разбира, вистината е сосема поинаква, но такви се насилниците.

Колку пати го имате напуштано и му се имате враќано?

Само еднаш го напуштив на неколку дена и се вратив, наредниот пат веќе беше дефинитивно.

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Александар и Надица се игроорци од Валандово: „Ја негуваме традицијата, по аманет од баба и мајка, и... „На играорна ме запиша мојата покојна баба, и тоа ми е најубавиот спомен од неа,...
Игор Џамбазов за CRNOBELO: „Докторот што ме оперираше рече дека ќе останев без десната нога над коле... „Од татко ми научив да бидам чесен човек. И покрај сè што преживеав, се гор...
Ирена Карамачоска: „Добив дијагноза рак на 34 години - ќерка ми имаше 6 месеци, а утеха ми беше што ... „Кога ја напипав грутката на десната града и добив дијагноза помислив дека среќа...
Илија од Битола, пораснал во дом за деца без родители, денес е татко на 3 деца: „Бев оставен на 1 не... „Јас завршив во дом за доенчиња и мали деца во Битола кога бев како бебе, и бев ...
Владо Јаневски за CRNOBELO: „Татко ми почина кога бев млад, песната што му ја посветив не ја пеам на... „Не се сметам за заводник. Јас секогаш сум требал да се помачам за девојките што...
Љубовната приказна на Бојан Велевски и Каролина: „Се запознавме во диско - таа го викала келнерот, ј... „Таа вечер не требаше да одам во диско. Не требало ни Каролина да оди, непл...

Најчитани неделава