Ирена Димоска, жртва на семејно насилство: „Првпат ме удри по свршувачката, ме напаѓаше и кога плачеше нашиот син“

Што мислите има ли многу жртви на семејно насилство во Македонија?

За жал, има многу повеќе жртви од оние што се регистрирани.

Често самите жртви не успеваат да согледаат дека врз нив се врши насилство, особено кога тоа не е манифестирано баш како што очекуваме. Жртвите ако се свесни за насилството не се решаваат секогаш да пријават и никаде не се регистрирани.

Да го вратите времето наназад што би направиле поинаку?

Единствено што можеби би променила е тоа да пријавам и да си заминам порано.

Но, сепак, не жалам за начинот на кој се справив. Постапив најдобро што знаев и научив непроценливи лекции.

irena-dimoska-zhrtva-na-semejno-nasilstvo-prvpat-me-udri-po-svrshuvachkata-me-napagjashe-i-koga-placheshe-nashiot-sin-05.jpg

На кој ваш потег сте најгорди?

Горда сум на сè што досега сум постигнала. Ако сум згрешила, сум извлекла поука. Најмногу се гордеам кога ќе видам дека сум охрабрила некоја жена да се спаси.

Понекогаш навистина изгледа како да правиме малку, но и тоа малку во некои моменти може да биде многу.

Секоја чест што говорите јавно, колку сметате дека вашата приказна ќе им помогне на други жртви на семејно насилство да го кренат гласот?

Навистина се надевам дека мојата приказна ќе охрабри барем една жена. Би била среќна да слушнам дека некоја жена се охрабрила, макар и да не било поради моето јавно говорење.

Она што би сакала да го постигнеме е да го победиме оној срам кој ги прати жртвите.

Молчењето никогаш не е решение секогаш кога сакаме нешто да промениме треба да тргнеме од себе и тоа е девизата по која се водам.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Билјана Настеска порасна со 3 сестри: „И денес им земам облека, нашите деца се блиски како што бевме... „Најстарата сестра мораше да е дома до 12м, но кога јас почнав да излегувам роди...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Марта Гусар, адвокат: „Не е неопходен развод за жртвите на семејно насилство да побараат заштита“ „Доколку жртвата на семејно насилство сака да поведе и постапка за заштита и бра...
Мија (20) е успешен модел и поранешен кик-бокс шампион на Македонија: „Девојката на Марко Митев ми е... „Со Марко сме заедно скоро 3 години. Не е лесно да си во врска со професионален ...
Миро Кацаров за родниот град: „Старата чаршија во Штип ме научи на 'школо' кое нема цена“ „Роден сум во Штип и растен сум во бивша Југославија, каде сите маалски детски и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg