„Епилепсијата со редовна терапија може да се излечи“: Интервју со д-р Марија Милановска, доктор на науки од областа на епилептологија

Постои ли ризик од повреда за време на епилептичен напад?

Кај одредени типови на напади, како што се генерализираните тонично-клонични напади, атоничните напади или апсансите, кај коишто доаѓа до акутна загуба на мускулниот тонус и на свеста, постои потенцијална опасност од сериозни, понекогаш животозагрозувачки повреди, од кои најсериозни се повредите на главата.

epilepsijata-so-redovna-terapija-mozhe-da-bide-izlekuvana-intervju-so-d-r-marija-milanovska-doktor-na-nauki-od-oblasta-na-epileptologija-04.jpg

Како изгледа терапијата? Примаат ли редовно лекарства овие пациенти?

Во најголем број од случаите, епилепсијата успешно се контролира со помош на лекови познати како антиепилептици. Веднаш по поставување на дијагнозата потребно е да се започне со третман. Типот на нападот влијае на изборот на антиепилептикот.

Лекот се воведува полека, со постепено покачување на дозата, со цел да се постигне максимален резултат со терапијата, а да се избегнат несаканите ефекти од лекот.

Во случаи кога со еден лек не може да се постигне контрола на нападите, во терапијата се воведува и втор антиепилептик.

Епилепсиите кои не реагираат на класичната антиепилептична терапија се познати како фармако-резистентни епилепсии. Некои од нив успешно се третираат со помош на хирургија, каде под строго контролирани услови се отстранува дел од мозочното ткиво кое е причина за нападите.

Услов за успешно контролирање на нападите и ставање на болеста под контрола е редовното земање на лековите. Кај дел од пациентите, терапијата се зема извесен временски период, а по постигнување на контрола на нападите терапијата може да биде прекината. За жал, дел од пациентите со епилепсија, потребно е да примаат терапија доживотно.

Типот на нападите и причината за нивното јавување, ја одредуваат должината на третманот.

Дали е можно епилептичен напад да се појави еднаш и никогаш повеќе?

Епилепсијата е болест која не поштедува никого. Секој човек на планетата земја, без разлика на полот, возраста, професијата, социо-економскиот статус или етничката припадност, може да добие епилептичен напад.

Меѓутоа, еден епилептичен напад не значи поставување дијагноза на болест епилепсија. Кај многу од индивидуите, иницијалниот напад нема тенденција за повторување и кај нив не е потребно лекување.

epilepsijata-so-redovna-terapija-mozhe-da-bide-izlekuvana-intervju-so-d-r-marija-milanovska-doktor-na-nauki-od-oblasta-na-epileptologija-01_copy_copy.jpg

Кој ви е најмладиот пациент со епилепсија, а кој најстариот? Дали оваа болест влијае на должината на животниот век?

Епилепсијата може да се јави во кое било доба од животот, но почесто се јавува кај новороденчињата и децата и кај повозрасните  (над 65 години).

Причината за ваквата застапеност е поголемата веројатност за појава на развојни абнормалности кај децата, односно хронични невролошки заболувања кај повозрасните, што се причина за појава на симптоматски епилепсии.

Луѓето со епилепсија може да водат нормален живот, да се образуваат, да се вработуваат, да планираат и формираат семејство.

Доколку болеста е добро контролирана, а терапијата се зема редовно и навреме, епилепсијата нема никакво влијание ниту на квалитетот на животот, ниту на должината на животниот век.

Која е вашата порака до оние на кои штотуку им е дијагностицирана оваа болест?

Во некои помалку развиени региони во светот, за жал и кај нас, епилепсијата е болест со силна стигматизација, сѐ уште недоволно разбрана, што дополнително го обременува секојдневието на пациентите, но и членовите на нивните семејства.

За среќа, епилепсијата е една од ретките невролошки состојби, која со правилно одбрана, навремена и редовна терапија, може успешно да биде лекувана и излекувана.

Кон епилепсијата не треба да имаме предрасуди, таа не е ниту заразна, ниту животно-загрозувачка болест.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови и фотографии е казниво со закон.

С. С. | Црнобело / фото: приватна архива



Би можело да ве интересира:

Ана од Битола: „Партнерот ме запроси на 18 години, сите нè осудија, но чувствата не бираат ниту годи... „Кога партнерот ме побара за жена, имаше премногу негативни коментари, предрасуд...
Македонка која живее во Израел: „На патот кон аеродромот се молев да не нѐ погоди некоја ракета, со ... „Кога започнаа ракетните напади, се сокривме во безбедна соба во нашата зграда. ...
Педијатар специјалист Звезда Спасовска: „Детето треба да става играчки во уста за имунитет, лекови з... „Покачената температура е еден од најчестите симптоми кај децата кога се болни. ...
Д-р Маја Врчаковска, кардиолог: „Тинејџер (16) доживеа срцев удар, мит е дека ако се удирате по град... „Операциите на отворено срце се едни од најкомплексните зафати во хирургијата, п...
Маја од Скопје е мајка на предвреме родено бебе: „По 57 дена ја земавме Петра и дознавме дека итно м... „Породувањето се одвиваше одлично. Петра со тивок плачлив глас, ми ја доближија ...
Маја од Скопје на 41 година го победи ракот на дојка: „Пациентите кријат дека примаат терапии, кај н... „Сакав и одлучив да живеам и мислам дека таа свесна намера беше пресудна да се п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg