Јован и Никола имаат бурекчилница во Австралија: „Продаваме скоро 30 вкусови на бурек, ама најбарани се со месо и сирење“

Покрај незаменливиот бурек, што уште се пече во вашата фурна?

Ексклузивно печеме само буреци и мазници. Ние веруваме дека го произведуваме најдобриот бурек и мазник, па затоа не би сакале да се движиме во други насоки каде што не би биле најдобри.

Дали е семеен бизнис или имате и вработени?

Почна ексклузивно како семеен бизнис, но како што се развиваше бизнисот моравме да вработиме и други луѓе.

Моментално имаме пет вработени, но сè уште успеавме да го задржиме тоа чувство на семеен бизнис.

Кој вкус на бурек е најбаран?

Ние сме единствената бурекчилница во Австралија во којашто има скоро 30 вкусови на бурек од коишто може да се нарача и да се подготват во рок од 45-60 минути, но сепак најбараните вкусови ни се сирење и месо.

Покрај Македонците, кои сигурно се редовни муштерии, колку локалците купуваат бурек и како ве прифатија?

Локалците апсолутно ни се редовни, а имаме муштерии од австралиско, кинеско, арапско и европско потекло и многу други

Да не се фалиме, ама нашиот бурек како специјалитет е многу оригинален и кога ќе го откриеш, не можеш да го заборавиш.

Дали често доаѓате во Македонија?

Секоја година, редовно без прекин. Се надеваме дека ќе сме здрави и живи и Господ ќе го овозможи тој луксуз и во иднината.

Колку чини четвртина бурек во Австралија?

8.5 австралиски долари (околу 320 денари) за 1⁄4 бурек.

Интервјуто продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
Аница 55 години живее во САД: „Се преселив на 16, со сопругот изградивме куќа во Ресен да имаме свое... „Америка не ме пушта да си заминам засекогаш во Македонија, зашто таму ми се дец...
Зоран Мијалков e самохран татко на два сина со аутизам, Петар (21) и Никола (14): „Страв ми е што ќе... „Еднаш, пред две години, ми се случи да се онесвестам додека ги шетав на планина...
Aнгела Дончева: „На 22 години ми дијагностицираа леукемија, имав трансплантација во Германија, раскр...  „Зборот леукемија ме преплаши, почнав да читам сè за тоа. Но, мајка ми еде...
Ивана од Берово е мајка на 4 момчиња: „Моја желба беше јас да се грижам за нив, избегнуваме штетни с... „Имаме спори утра, нема брзање за одење некаде. Од мали ги поттикнувам самостојн...
Љубовната приказна на Снежана и Зоран Матовски - родителите на Цако, момчето со Даунов синдром кое п... Се запознале во клупче на Бит Пазар, се чекале кај Црвената болница, 42 години с...

Најчитани неделава