Матеа од Македонија и Ејдан од Англија се венчаа на Бали: „Наместо да трошиме многу пари за една ноќ, отидовме на патување“

„Кога кажавме дека се откажуваме од големата свадба, нашите родители беа среќни за нас, но малку разочарани, бидејќи сакаа да се запознаат во живо. Мајката на сопругот беше прва која нè охрабри да правиме тоа што сакаме и покрај тоа што не беше воопшто традиционално“, раскажува Матеа од Кавадарци за бајковитата венчавка на Бали со сопругот Ејдан од Англија.

matea-od-makedonija-i-ejdan-od-anglija-se-venchaa-na-bali-namesto-da-troshime-mnogu-pari-za-edna-nokj-otidovme-na-patuvanje-01.jpg

Матеа од Кавадарци и сопругот Ејдан, кој е од Англија, живеат во Софија, Бугарија.

Откако им станало јасно дека организирањето традиционална (голема) свадба ќе биде практично невозможно бидејќи семејствата и пријателите им се од различни земји, решиле да се венчаат „по свои правила“.

Парите кои би ги потрошиле на голема свадба, ги искористиле за патување во Бали, каде што и се венчале.

Секако, организирале и мала прослава за најблиските во родното Кавадарци на Матеа.

Матеа ни раскажа како се запознале со сопругот, кога ја запросил, но и како и зошто се одлучиле за венчавка на Бали:

„Живеам во Софија, Бугарија веќе 11 години. Дојдов да студирам и останав, заради слободата и можностите што големиот град ги нуди.

Сопругот е од Англија и фирмата каде што работеше отвори претставништво во Софија и тој бил еден од избраните да помогне со разработувањето.

Се запознавме пред околу 6 години на мојот прв ден на работа — тој ја водеше обуката и тимот во тој период.

Не би кажала дека беше љубов на прв поглед, но имав чудно чувство дека го познавам од некаде. Ни требаше околу една година да разбереме дека не можеме еден без друг и да почнеме врска.

matea-od-makedonija-i-ejdan-od-anglija-se-venchaa-na-bali-namesto-da-troshime-mnogu-pari-za-edna-nokj-otidovme-na-patuvanje-53.jpg

Почнавме да живееме заедно речиси веднаш, и оттогаш сме преминале низ многу работи. Ме побара за жена кога бевме на летен одмор на Крф пред 2 години.

По вечерата, се шетавме на плажа, бевме само јас, тој и природата околу нас.

Не беа потребни никакви декорации — ѕвездите блексаа премногу силно, а шумолењето на морските бранови и нежниот вечерен ветер помогнаа за романтичната атмосфера“.

matea-od-makedonija-i-ejdan-od-anglija-se-venchaa-na-bali-namesto-da-troshime-mnogu-pari-za-edna-nokj-otidovme-na-patuvanje-50.jpg

Наместо да потрошат многу пари на една ноќ, Матеа вели одлучиле дека е подобро да отидат на патување и таму да го кажат судбоносното да.

„Првично сакавме да правиме поголема свадба во винарија близу Кавадарци, со гости од Македонија, Англија, Бугарија, САД...

Бидејќи сами ја финансиравме забавата, решивме дека тие средства може да се искористат подобро, отколку да се потрошат за една ноќ.

Исто така, и транспортот за гостите од странство ни претставуваше проблем, па сопругот даде идеа да отидеме некаде настрана.

По неколку денови барање локации на интернет, се одлучивме за Бали. Кога бев мала го гледав филмот ’Јади, моли се и уживај‘ и се заљубив во местото, па одлуката беше лесна.

matea-od-makedonija-i-ejdan-od-anglija-se-venchaa-na-bali-namesto-da-troshime-mnogu-pari-za-edna-nokj-otidovme-na-patuvanje-55.jpg

Кога кажавме дека се откажуваме од големата свадба, нашите родители беа среќни за нас, но малку разочарани, бидејќи сакаа да се запознаат и забавуваат во живо.

Мајката на сопругот беше прва која нè охрабри да правиме тоа што сакаме, и покрај тоа што не беше воопшто традиционално.

За Бали одлучивме да одиме само двајцата, заради тоа што сме од различни држави, а живееме во сосем трета и пак се појави проблемот со транспорт за други лица, особено бидејќи за Македонци треба виза.

Кажавме само на многу мал број луѓе, сакавме да си е само наш ден, пред да го споделиме со сите пријатели.

matea-od-makedonija-i-ejdan-od-anglija-se-venchaa-na-bali-namesto-da-troshime-mnogu-pari-za-edna-nokj-otidovme-na-patuvanje-48.jpg

Организацијата на венчавката беше многу лесна. Во денешно време навистина има сè на интернет и сè лесно се наоѓа и верифицира.

Во декември стапивме во контакт со свадбена агенција (Bali Moon Wedding), тие ни испратија листа со локации низ островот (околу 30), вид на декорации и фотографи.

matea-od-makedonija-i-ejdan-od-anglija-se-venchaa-na-bali-namesto-da-troshime-mnogu-pari-za-edna-nokj-otidovme-na-patuvanje-59.jpg

Како и секој човек што користи социјални мрежи, ако нешто ми се допаѓа, или најдам место каде што сакам да одам, си го зачувувам, со надеж дека еден ден може да се оствари, независно колку нереално да е во моментот.

Точно 4 години пред денот на свадбата, видов слика од хотел во Бали на Инстаграм и му ја пратив на сопругот.

Кога го видовме истиот хотел во листата од агенцијата, го сфативме како знак и закажавме дата за јуни.

Секој месец до свадбата имавме онлајн кореспонденција со членови од агенцијата, кои грижливо нè прашуваа дали имаме се подготвено и закажано (билети, визи, сместување).

matea-od-makedonija-i-ejdan-od-anglija-se-venchaa-na-bali-namesto-da-troshime-mnogu-pari-za-edna-nokj-otidovme-na-patuvanje-57.jpg

Еден ден пред свадбата, се сретнавме со член од агенцијата, којшто ни кажа чекор по чекор како ќе се одвива настанот. На овој состанок избравме и песни за одењето до олтарот и првиот бакнеж, и им пратив примери за шминка и фризура.

Бали е познат по изработката на сребро, па во истиот ден сопругот си купи бурма од локален производител на сребро.

На денот на свадбата имавме организиран трансфер од сместувањето до хотелот. Хотелот се вика The Kayon Jungle Resort, сместен е помеѓу оризови тераси во Убуд, централниот дел на островот“.

matea-od-makedonija-i-ejdan-od-anglija-se-venchaa-na-bali-namesto-da-troshime-mnogu-pari-za-edna-nokj-otidovme-na-patuvanje-49.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Бобан Алексов живее 6 години во Данска: „Заминав 'на слепо', работа најдов случајно на Фејсбук, живо... Боби Алексов (37) од Скопје, 6 години живее во Оденсе, Данска. За себе вели дека...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg