Три сестри од Скопје продаваат облека oд втора рака: „Спонтано ни дојде идејата за свој бизнис“

„Во Македонија, трендот за купување облека од втора рака расте сè повеќе. Секое парче облека кое го продаваме е со голема грижа одржувано - тоа е облека која е носена, меѓутоа е во одлична форма...“, споделуваат трите сестри кои стојат зад профилот „Your second hand corner“.

tri-sestri-od-skopje-prodavaat-obleka-od-vtora-raka-spontano-ni-dojde-idejata-za-svoj-biznis-01.jpg

Зад Инстаграм профилот „Your second hand corner“ стојат три сестри од Скопје (две близначки на возраст од 21 година и уште една постара сестра на возраст од 28 години), страствени љубители на модата и шопингот.

Велат дека профилот се родил од потребата да ослободат простор во нивните плакари и да им дадат нов живот на парчињата облека кои ги имаат.

Така создале место преку кое секое парче облека може повторно да заживее и да најде нов дом, па така нивната приказна веќе трае нешто подолго од три години.

tri-sestri-od-skopje-prodavaat-obleka-od-vtora-raka-spontano-ni-dojde-idejata-za-svoj-biznis-001.fw.png

За CRNOBELO.com споделуваат детали за својот мал бизнис:

Дали се средува облеката претходно? Колку е сочувана?

Секое парче облека кое го објавуваме на профилот е внимателно избрано и со голема грижа одржувано. Тоа е облека која е носена, меѓутоа е во одлична форма и може да се носи со години потоа.

Веруваме дека малите бизниси многу повеќе обрнуваме внимание на квалитетот и чистотата на парчињата облека, отколку што тоа го прават големите брендови.

Облеката која ја продаваме е претходно уредно средена и спремна да премине во рацете на купувачот.

Колку во светот е тренд да се купува на овој начин? Купуваат ли Македонците облека од втора рака?

Во последните години, купувањето облека од втора рака значително е зголемено ширум светот.

Интересно е тоа што, глобалниот пазар за користена облека расте 11 пати побрзо од традиционалниот малопродажен пазар на облека.

Среќни сме што сè поголем број луѓе ја избираат одржливоста преку оваа еко-свесна алтернатива.

Во Македонија, трендот за купување облека од втора рака расте сè повеќе, особено поради економската пристапност и зголемената свест за еколошки прашања.

Среќни сме што секојдневно добиваме поддршка и комуницираме со сè повеќе луѓе кои препознаваат вредност во ваквиот начин на купување облека и горди сме што нашиот бренд станува сè попрепознатлив меѓу сограѓаните.

Кои се придобивките?

Купувањето облека од втора рака е навистина добитна ситуација. Со изборот на користена облека, директно се придонесува за еколошка одржливост, намалувајќи го текстилниот отпад и влијанието на модната индустрија врз животната средина.

Воедно, економски е многу поповолно, нудејќи квалитетни парчиња по далеку пониски цени.

И на крај, ова е вистински пат кон уникатен стил – ретки, оригинални парчиња кои не може да се најдат во класичните продавници.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ана Даја Гри е модна девојка од Скопје со впечатлив стил и миленик далматинец, од кој не се дели (фо... „Мојот моден стил би го опишала како елегантен, женствен и внимателно усогласен....
Теодора од Скопје и Басил со потекло од Тајван, се запознаа во Хонгконг, а се венчаа во Демир Капија „Јас и Басил се запознавме во Хонгконг пред четири ипол години, онлајн.  По...
Мила одгледува шумски јагоди: „Се вљубив во вкусот, си зедов коренче и засадив во саксија на тераса ... Од прошетка во Берово каде се вљубила во нивниот вкус, преку садење коренче во с...
Урбан лик: Филип од Скопје е маж со впечатлив моден стил, вљубеник во фитнес и тетоважи „Мотивацијата е минлива, дисциплината е таа што останува. Кога не ми се вежба не...
Михаела (26) од Гевгелија е тениски судија: „Понекогаш судам и по 3 меча на ден, сум пропуштила важн... „Две недели откако се здобив со лиценца за судија, имавме турнир - не можев да в...
Даниела од Скопје е впечатлива модна дама, со страст за скап и безвременски накит „Од накит ретко носам бижутерија поради алергија и сакам квалитетни часовници и ...

Најчитани неделава