Успешни мајка и ќерка: Катарина има врвни тениски успеси, а мајка ѝ Слаѓана е жена претприемач
Мојата мајка Слаѓана е столбот кој стои зад секој мој успех и достигнување.
Таа беше вклучена во секој сегмент од нашето растење (моето и на сестрите) – секогаш се грижеше да јадам здраво, да стигнам на време на секој тренинг и на секоја обврска, и ме мотивираше од рана возраст да се вклучам во воншколски активности и да се пријавувам на натпревари.

Таа ми даде безрезервна поддршка за моите студии во Америка и кога отидов сфатив колку е тешко без мама.

Таа дефинитивно е моја инспирација и за мене е епитом на јака и храбра жена.

За мене таа е жена со беспрекорен стил и многу квалитетен вкус за естетика, па ми е пример и на поле мода.

Воедно ми е и најголем критичар и за неа секогаш може подобро, но тоа секако е начин на кој ми покажува дека животот е константно растење и подобрување, и дека моите капацитети за достигнувања се неограничени.

Најдобар совет кој сум го добила од неа е на српски: „Бог прегаоцима даје махове“ (во стилот: „Господ им дава замав на оние кои се трудат“).

Јас неа постојано ја советувам да забави со темпото и да наоѓа време и за одмор.

Таа е многу, многу посветена мајка, па така, на еден тениски турнир кој го освоив, таа исто така доби свој медал за прво место, кој ѝ беше доделен на церемонијата по повод вложувањето на мајчински труд“.





©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело