Љубовната приказна на Катерина од Берово и Захер од Либан: „Ме запроси на најубавото место во Саудиска Арабија“
Таму бевме две седмици, ни беше прекрасно и многу забавно. Секој ден ни беше полн со активности бидејќи и двајцата сме авантуристи и буквално сакавме сè да пробаме и сè да посетиме.


Ме запроси кога еден викенд отидовме на Ал Ула. Тоа е едно од најпознатите места во Саудиска Арабија и полно е со туристи.

Мене ми е омилено место во оваа држава бидејќи има посебна убавина и мир. Ме запроси уште првата ноќ од нашиот престој таму.

Имаше организирано приватна вечера. Вечерата беше во пустината, под ѕвездено небо, помеѓу две огромни карпи.

Еден човек свиреше тивка арапска музика и имаше тројца готвачи кои нè предупредија дека ќе готват многу видови на храна и да јадеме од сè по малку за да можеме да пробаме од сè.


И така таа вечер ме запроси.

Се регистриравме во Македонија и закажавме свадба за следната година.


