Љубовната приказна на Катерина од Берово и Захер од Либан: „Ме запроси на најубавото место во Саудиска Арабија“

„Се регистриравме во Македонија и закажавме свадба за следната година. После регистрацијата отидовме 10 дена во Италија, каде гледавме 3 натпревари на Јувентус, бидејќи Захер им е голем фан“, вели Катерина Пипонска (27) од Берово за CRNOBELO.com.

ljubovnata-prikazna-na-katerina-od-berovo-i-zaher-od-liban-me-zaprosi-na-najubavoto-mesto-vo-saudiska-arabija-01.jpg

Катерина Пипонска (27) од Берово, години наназад работеше како стјуардеса, а сега ќе работи во областа на внатрешен дизајн во Саудиска Арабија.

Нејзиниот партнер Захер Хатум (37) од Либан е сопственик на маркетинг компанија.

Парот живее во Ријад, Саудиска Арабија.

Тој ја запроси во Саудиска Арбаија, па се регистрираа во Македонија и беа на патување во Италија.

Катерина ја споделува нивната љубовна приказна за CRNOBELO.com:

„Се запознавме преку другари. Колешка  ми се јави да им се придружам на базен. Mи кажа дека доаѓа некое нејзино друштво, па ајде да се дружиме.

ljubovnata-prikazna-na-katerina-od-berovo-i-zaher-od-liban-me-zaprosi-na-najubavoto-mesto-vo-saudiska-arabija-37_copy.jpg

Јас тој ден нешто не бев расположена и ми се седеше дома, но бидејќи многу инсистираше одлучив да им се придружам за да ми се промени расположението.

ljubovnata-prikazna-na-katerina-od-berovo-i-zaher-od-liban-me-zaprosi-na-najubavoto-mesto-vo-saudiska-arabija-05.jpg

Кога стигнав, не знаев никој, па таму го запознав Захер.

ljubovnata-prikazna-na-katerina-od-berovo-i-zaher-od-liban-me-zaprosi-na-najubavoto-mesto-vo-saudiska-arabija-11.jpg

Тој ден зборувавме на многу различни теми и некако од прва „кликнавме“. И двајцата имавме чувство како да се знаеме долго време.

ljubovnata-prikazna-na-katerina-od-berovo-i-zaher-od-liban-me-zaprosi-na-najubavoto-mesto-vo-saudiska-arabija-31.jpg

Така започна нашата врска. 

ljubovnata-prikazna-na-katerina-od-berovo-i-zaher-od-liban-me-zaprosi-na-najubavoto-mesto-vo-saudiska-arabija-15.jpg

Захер е многу грижлив и тоа многу ми се допадна. 

Покрај него се чувствувам многу безбедна и сакана. Ме мотивира во секоја смисла.

ljubovnata-prikazna-na-katerina-od-berovo-i-zaher-od-liban-me-zaprosi-na-najubavoto-mesto-vo-saudiska-arabija-10.jpg

Почнавме да минуваме повеќе време заедно, бевме разделени само кога требаше да одиме на работа.

ljubovnata-prikazna-na-katerina-od-berovo-i-zaher-od-liban-me-zaprosi-na-najubavoto-mesto-vo-saudiska-arabija-03.jpg

Сè се случи пребрзо.

ljubovnata-prikazna-na-katerina-od-berovo-i-zaher-od-liban-me-zaprosi-na-najubavoto-mesto-vo-saudiska-arabija-02.jpg

Потоа, решивме да патуваме.

Отидовме на Бали, затоа што ми беше дестинација од соништата подолг период, имав планирано со другарка да патувам, но работите се сменија.

ljubovnata-prikazna-na-katerina-od-berovo-i-zaher-od-liban-me-zaprosi-na-najubavoto-mesto-vo-saudiska-arabija-39.jpg

ljubovnata-prikazna-na-katerina-od-berovo-i-zaher-od-liban-me-zaprosi-na-najubavoto-mesto-vo-saudiska-arabija-34_copy.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на нашата стјуардеса Ана и Тарек од Јордан: „Живееме во Дубаи, тој уште не бил во... „Јас сум стјуардеса, летам на долги релации, и дома често само на спие...
Сташа Божиновска ја преточи азбуката во накит: „Ова е мој личен обид да го зачувам богатството на ма... „Кога имав 14 години, татко ми одлучи да ја продаде семејната компанија „Бо...
Љубовната приказна на Светлана и Мики Црнокрак: „Паднав врз Мики на писта, тоа беше почеток на нашат... „Утрото на свадбата, Мики си се спремил, се дотерал, изнајмил трубачи и како на ...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Србинката Горана љубовта ја донесе во Македонија: „Веќе 13 години Скопје ми е дом, тука ми се родија... „Во Македонија дојдов на одмор, со братучетка ми бевме во Охрид и таму го запозн...
Ана и Мартин направија луксузна свадба во стилот на „Убавицата и ѕверот“, со 700 бели рози, музика н... „Пред да отидеме во ресторанот, моравме да направиме кратка пауза, па со Мартин ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg