„Прљаво казалиште“ за CRNOBELO: „Во Прилеп скршив рака, тоа е ‘спомен’ од Македонија што ќе го памтам засекогаш“

По два часа на сцената, по секој концерт, се чувствувате ли изморени или имате сила за уште?

Ние со бендот имавме навика да имаме проби секој ден по 3-4 часа.

И без оглед дали имавме настапи или не - бевме во форма.

Но, во времето на корона, не настапувавме 27 месеци, направивме толку голема пауза. А и немавме проби.

И потоа сфативме дека 2 часа на сцената се долги, предолги.

Физички е напорно, па откако се вративме бројот на концерти годишно го намаливме од 120 на некои 60 до 80. На овие години тоа ни е топ.

Е сега, кога заврши првиот концерт по короната, додека ме возеа накај дома, мислев дека ќе умрам, дека сум целиот искршен.

На вториот концерт, кој беше неколку дена по првиот, свиревме исто така 2 часа и тоа беше борба за живот.

Дури по неколку месеци се вративме во ритам, зашто нашите концерти се енергични, не е стоење во место, ама тоа ќе го види пак македонската публика сега во сабота.

prljavo-kazalishte-za-crnobelo-vo-prilep-skrshiv-raka-toa-e-spomen-od-makedonija-shto-kje-go-pamtam-zasekogash-07.jpgФото: Инстаграм

За Tu noc kad si se udavala, која е една од најемотивните ју-балади, постои „урбана легенда“ дека е инспирирана од тажната љубов на Јасенко, кога девојката која требала да го чека да се врати од војска, се мажела кога тој си дошол, а притоа, го викнале да ѝ свири на свадбата. Дали има вистина во сето она што се пишува за песната или е само приказна која се пренесува со години меѓу фановите?

Јас никогаш не сум пишувал песни кои немаат врска со мене, но конкретно оваа песна не сакам да ја коментирам.

Во право си, постојат многу „легенди“ за настанувањето на песната, јас дури и не ги знам сите што се раскажуваат, па си велам: „Подобро да си молчам, а секој да си ја толкува како што сака“.

prljavo-kazalishte-za-crnobelo-vo-prilep-skrshiv-raka-toa-e-spomen-od-makedonija-shto-kje-go-pamtam-zasekogash-08.jpgФото: Инстаграм

После колку време ќе настапувате во Скопје? Што ќе ѝ понудите овој пат на македонската публика?

Спортски кажано - ние мора да одиграме добар натпревар, да избереме песни кои публиката ги сака, кои ќе ги кренат на нозе.

Имаме само час и половина, што е малку за нашиот репертоар, па можно е да не свириме некоја песна која им е омилена на многумина, но еве, ќе ветам дека наскоро ќе се вратиме со целовечерен концерт.

prljavo-kazalishte-za-crnobelo-vo-prilep-skrshiv-raka-toa-e-spomen-od-makedonija-shto-kje-go-pamtam-zasekogash-06.jpgФото: Инстаграм

По половина век, се доживувате ли како легенди на поранешната југословенска сцена и што е тоа што ве води и понатаму да творите, да создавате нови песни, да одржувате концерти, да пеете на фестивали?

Искрено, животот е мозаик, некоја сложувалка и секогаш ќе наидете на некоја нова фаза која би можела да ве интересира, да ве турка напред.

Па така, тргнав во поставување мјузикл во Загреб, тука ќе бидат и членовите на бендот и мислам дека тоа е тоа што нè води.

А што се однесува до прашањето дали се чувствуваме како легенди на овие наши простори... па, ако се земе предвид на што сè сме биле сведоци во сите овие години, што сме доживеале - би рекол да.

Но, дали сме легенди во музиката, тоа ќе треба да го кажат другите, оние што нè слушаат со децении. Благодарен сум што сум привилегиран.

prljavo-kazalishte-za-crnobelo-vo-prilep-skrshiv-raka-toa-e-spomen-od-makedonija-shto-kje-go-pamtam-zasekogash-09.jpgФото: Инстаграм

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело / фото: Инстаграм



Би можело да ве интересира:

Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...
Владо Јаневски за CRNOBELO: „Татко ми почина кога бев млад, песната што му ја посветив не ја пеам на... „Не се сметам за заводник. Јас секогаш сум требал да се помачам за девојките што...
Владо Георгиев за CRNOBELO: „Јас, како маж, не треба да им викам на своите ќерки, со сопругата не им... „На скала од 1 до 10 колку сум строг како татко, би рекол 2 ха, ха. Ние татковци...
Илија од Битола, пораснал во дом за деца без родители, денес е татко на 3 деца: „Бев оставен на 1 не... „Јас завршив во дом за доенчиња и мали деца во Битола кога бев како бебе, и бев ...
Игор Џамбазов за CRNOBELO: „Докторот што ме оперираше рече дека ќе останев без десната нога над коле... „Од татко ми научив да бидам чесен човек. И покрај сè што преживеав, се гор...

Најчитани неделава