Д-р Мартина Амбарџиева, уролог: „Најчести симптоми за рак на тестисите се безболна грутка или оток во тестисот“

Кои се најчестите симптоми за рак на тестиси/простата? Дали мажите во Македонија веднаш доаѓаат на лекар и се справуваат ракот во ран стадиум?

Најчестите симптоми за рак на тестисите вклучуваат безболна грутка или оток во тестисот, чувство на тежина во скротумот, и понекогаш болка во долниот дел на стомакот или препоните.

Ракот на простатата, пак, во почетните фази често нема изразени симптоми, но со напредувањето може да предизвика тешкотии при мокрење, слаб проток на урина, болка во долниот дел на грбот, и крв во урината или семената течност.

Во нашата држава, свесноста за овие видови рак расте, но постои простор за подобрување.

Иако некои мажи доаѓаат на уролог веднаш при забележување на симптоми, други, поради страв или недоволна информираност, чекаат предолго. Ова води до доцна дијагноза и посложен третман.

Преку кампањи за подигнување на свеста и едукација, се зголемува бројот на мажи кои се јавуваат на прегледи за рано откривање и третман на овие видови карцином.

d-r-martina-ambardjieva-urolog-najchesti-simptomi-za-rak-na-testisite-se-bezbolna-grutka-ili-otok-vo-testisot-06.jpg

Најчудни случаи/ситуации со кои си се соочила досега…

Во текот на мојата кариера сум сретнала повеќе необични и комплексни случаи. На пример кај некои пациенти при оперативниот третман сретнуваме огромни камења во мочниот меур, кои се значително зголемени поради долгогодишно игнорирање на симптомите.

Во друг случај, пациент доаѓа со симптоми на болка и оток, а после испитувањата откривме тумор на бубрег од 30 сантиметри.

Исто така, понекогаш пациентите, обидувајќи се да се лекуваат сами, завршуваат со сериозни компликации, кои бараат итна медицинска интервенција. Овие искуства ми ја потврдиле важноста на внимателниот пристап и сериозното разгледување на сите симптоми, без разлика колку необични или незначајни можеби изгледаат.

d-r-martina-ambardjieva-urolog-najchesti-simptomi-za-rak-na-testisite-se-bezbolna-grutka-ili-otok-vo-testisot-14_copy.jpeg

Како функционира здружението на уролози во Македонија, добиваш ли совети од постарите колеги?

Македонската уролошка асоцијација функционира како важен организатор на научни настани, работилници и професионални состаноци, и ја игра клучната улога во развојот на урологијата во земјата.

Претседател на асоцијацијата е проф. д-р Скендер Саиди, кој активно води и поддржува иницијативи за унапредување на уролошката практика.

Оваа година, асоцијацијата организира настани во текот на целиот ноември, вклучувајќи различни работилници и професионални средби, но организиравме и посебен настан за усовршување на младите лекари.

d-r-martina-ambardjieva-urolog-najchesti-simptomi-za-rak-na-testisite-se-bezbolna-grutka-ili-otok-vo-testisot-11_copy.jpg

Исто така, во склоп на кампањата „Мовембер“ организиравме и планинарски марш, како и кошаркарски турнир, што се дел од нашите иницијативи за поголемо вклучување на заедницата.

Покрај тоа, со цел да ја зголемиме јавната свест, учествуваме и на повеќе телевизиски емисии. За сите овие настани, оваа година имаме официјален постер и брошура, кои ги промовираме низ целата кампања.

Советите и насоките од постарите колеги, се од огромно значење за мојот професионален развој. Тие активно се вклучуваат во обука и менторство, што ми помага во подобрувањето на клиничките вештини и истражувачките напори.

Нивното искуство и мудрост создаваат силна мрежа на поддршка и напредување во уролошката заедница.

d-r-martina-ambardjieva-urolog-najchesti-simptomi-za-rak-na-testisite-se-bezbolna-grutka-ili-otok-vo-testisot-10.jpg

Ноември е месец на машкото здравје… Што би им препорачала на мажите кога станува збор за грижата за нивното здравје?

Ноември е месец за здравјето на мажите, и важно е да се потсетиме на значењето на редовните прегледи.

Мажите над 50 годишна возраст треба да ги следат редовните уролошки прегледи, а помладите мажи самопреглед на тестисите кои се достапни за палпација, и е најдобро да се прави при туширање.

Еректилната дисфункција исто така може да биде сигнал за други проблеми, па е важно редовно да се консултираат со лекар.

Активен начин на живот, здрава исхрана и контрола на тежината се клучни, а исто така треба да се обрне внимание и на психичкото здравје. Превенцијата и редовните прегледи се основа за добро здравје и рано откривање на заболувања.

d-r-martina-ambardjieva-urolog-najchesti-simptomi-za-rak-na-testisite-se-bezbolna-grutka-ili-otok-vo-testisot-15_copy.jpg

d-r-martina-ambardjieva-urolog-najchesti-simptomi-za-rak-na-testisite-se-bezbolna-grutka-ili-otok-vo-testisot-02_1.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Теодора од Скопје и Басил со потекло од Тајван, се запознаа во Хонгконг, а се венчаа во Демир Капија „Јас и Басил се запознавме во Хонгконг пред четири ипол години, онлајн.  По...
Раде од Скопје одгледува малиноа кучиња: „Се користат за барање дрога или одбрана во специјални едни... „Секогаш ги советувам луѓето да не земаат миленик, доколку стварно немаат желба ...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...
Kсенија Николова: „На окото ми се појавуваше сенка, имав катаракта (перде) - се оперирав во Словениј... „Ќе лажам ако кажам дека не бев исплашена, во раните триесетти јас имам перде, н...
Рената (36) од Гостивар за борбата со ракот: „Доејќи го моето бебе опипав грутче на градата, мислев ... „На само 33 години и 10 месеци, кога моето второ бебе беше уште во пелени, ми бе...
Наташа од Струмица за ракот на дојка: „Децата (12 и 5) ме проверуваа дали дишам - тоа ми беше потешк... „Во септември 2020-та самоиницијативно направив ехо на дојка и ми рекоа дека сè ...

Најчитани неделава