Тони Зен и Слаткар за CRNOBELO: „Знаевме дека ќе траеме долго“

„Ние сме многу различни како луѓе. Не мечтаеме за иста работа, ни се допаѓа различен тип на музика, на облека, ни се допаѓаат различни девојки, никој не пател за туѓото, туку се радувал за тоа што го има тој другиот“ - велат Слаткар и Тони Зен за CRNOBELO, пред скопскиот концерт.

toni-zen-i-slatkar-za-crnobelo-znaevme-deka-kje-traeme-dolgo-01.jpg

Како тинејџери издоминираа на македонската хип-хоп сцена, а денес, како зрели мажи, Тони Зен и Марко Маринковиќ Слаткар, и понатаму се на врвот.

Зад нив се преку 20 години кариера, заеднички настапи, големи хитови, соработки, песни кои се македонски хип-хоп евергрини, но и приватни дружења, во кои не само Тони и Марко, туку и нивните синови Јасен и Моша другаруваат.

И сето ова придонесе тие на 11 октомври да одржат голем заеднички концерт, да нè вратат низ времето, со песните со кои растевме, но и да ја споделат со публиката својата нова музика.

А тоа беше доволен повод за разговор со двајцата музичари, кои за CRNOBELO.com споделија и по некое свое сеќавање од почетоците на кариерата до денес:

Се подготвувате за првиот голем заеднички концерт со Тони после долго време, а зад вас години и години дружење и соработка... Кој е повозбуден околу целиот проект?

Слаткар: Па мислам дека и двајцата сме возбудени многу, поради тоа што се враќаме на бина заедно после многу време.

Минатата година имавме три пробни концерти, кога правев јас, кога славев 15 години од првиот албум и после тој момент почувствувавме дека навистина сме си фалеле.

Јас уште тогаш знаев дека мора да направиме еден ваков убав заеднички концерт.

toni-zen-i-slatkar-za-crnobelo-znaevme-deka-kje-traeme-dolgo-03.jpg

Чија беше идејата да направите заеднички концерт со Марко?

Тони: Идејата беше на Прагма продукција, интересно звучеше идејата и ја прифативме идејата и двајцата.

Нормално дека постоеше скептицизам и од двајцата, но, оптимистички прифативме и сме максимално ангажирани да ова биде одличен концерт.

toni-zen-i-slatkar-za-crnobelo-znaevme-deka-kje-traeme-dolgo-04.jpg

Поминати се години, но се сеќаваш ли на првиот настап со Слаткар? Каде беше, кога? Што ти е останато во меморијата?

Тони: Првиот настап каде што бевме заедно беше во Кичево, во Шевињон, местото на Виктор кое работеше беспрекорно во тие времиња.

Беше отприлика 2006-07, јас пуштав музика и настапував, а Марко го викнав како гостин, бидејќи тогаш многу сакаа да го видат и слушнат, а немаше каде.

Oсвен нешто на MySpace или HiFive, не беа толку достапни музичарите како сега, воопшто и луѓето меѓусебно - требаше да излезеш за да видиш или слушнеш некого, затоа и беше поинтересно времето тогаш.

toni-zen-i-slatkar-za-crnobelo-znaevme-deka-kje-traeme-dolgo-22.jpg

Кога ќе ти текне на првиот поголем настап со Тони во „Вулкан“, какви емоции ти се враќаат?

Слаткар: Тој настап не беше многу голем, но беше многу важен за нас.

Ми текнува на тоа дека бевме многу мали и многу сонувавме, знаеш.

Секогаш сме имале некаква визија за тоа како би требало да изгледаме за 20 години потоа.

Не замислувавме дека тоа ќе изгледа вака, но секогаш сме сонувале и тоа е барем мене тоа што ме води, многу работа и многу фантазија.

toni-zen-i-slatkar-za-crnobelo-znaevme-deka-kje-traeme-dolgo-09_copy.jpg

Од денешен аспект, дали во тоа време помислуваше дека и ти и тој ќе „траете“ преку децении?

Тони: Да, знаев дека ќе траеме долго.

Слаткар: Не знам да ти кажам точно што сум мислел тогаш, ама вака кога ќе размислам, само сум сакал мојот глас да биде слушнат, мојата порака да биде пренесена.

Тоа ми било најважно, инаку не можам да кажам дека сум имал точно ваков тип на визуелизација.

toni-zen-i-slatkar-za-crnobelo-znaevme-deka-kje-traeme-dolgo-08.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
Владо Георгиев за CRNOBELO: „Јас, како маж, не треба да им викам на своите ќерки, со сопругата не им... „На скала од 1 до 10 колку сум строг како татко, би рекол 2 ха, ха. Ние татковци...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...
Владо Јаневски за CRNOBELO: „Татко ми почина кога бев млад, песната што му ја посветив не ја пеам на... „Не се сметам за заводник. Јас секогаш сум требал да се помачам за девојките што...
Илија од Битола, пораснал во дом за деца без родители, денес е татко на 3 деца: „Бев оставен на 1 не... „Јас завршив во дом за доенчиња и мали деца во Битола кога бев како бебе, и бев ...
Игор Џамбазов за CRNOBELO: „Докторот што ме оперираше рече дека ќе останев без десната нога над коле... „Од татко ми научив да бидам чесен човек. И покрај сè што преживеав, се гор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg