Тони Зен и Слаткар за CRNOBELO: „Знаевме дека ќе траеме долго“

Како изгледаше вашето дружење во тоа време, кога двајцата бевте на почетоците на кариерата?

Слаткар: У суштина имавме и сѐ уште имаме различни вкусови и идеи за нештата, но, во тоа најдовме убавина - да ги споиме двете страни.

Различностите нè прават успешни, без да си судиме и без суетно да работиме.

Дружби како дружби, одлични биле, без разлика каде сме и со кој сме и што правиме.

toni-zen-i-slatkar-za-crnobelo-znaevme-deka-kje-traeme-dolgo-10.jpg

Постоело ли некогаш ривалство меѓу вас (и приватно и во однос на кариерата)?

Слаткар: Никогаш. Јас и тој сме многу различни како луѓе.

Не мечтаеме за иста работа, мечтаеме за различни работи, ни се допаѓа различен тип на музика, ни се допаѓа различен тип на облека, ни се допаѓаат различни девојки, секој има различна идеја за тоа каде треба да биде утре и никој не пател за туѓото, туку секој се радувал за тоа што го има тој другиот.

Не знам како да ти кажам, ама јас верувам дека тоа што ќе му го посакаш на другиот, тоа ќе ти се исполни тебе - ако му посакаш добро, ќе ти се исполни и тебе, ако се радуваш на туѓиот успех, ќе се радуваат и другите на твојот.

Тоа е некаков природен циклус и најверојатно причина што јас и Тони сè уште сме блиски и еве правиме концерт заедно после 20 години.

toni-zen-i-slatkar-za-crnobelo-znaevme-deka-kje-traeme-dolgo-13.jpg

Марко, сигурно во тој период си имал некои интересни ситуации со фанови/девојчиња кои те обожаваа и „вриштеа“ по тебе на секој чекор. Раскажи ми некоја ситуација на која се сеќаваш и денес...

Слаткар: Не знам дали можам дека да зборувам за тоа „вриштење“, тоа може да се преведе како изјавување љубов.

Ние ова што го правиме се емоции, ние сме трговци на емоции, така што ние им даваме љубов на луѓето и сме среќни кога имаме фидбек.

Не знам точно да ти кажам интересна случка, ама можам да ти кажам дека сме имале навистина заеднички интересен период кој бил многу весел и нема што да го зборуваме тука.

toni-zen-i-slatkar-za-crnobelo-znaevme-deka-kje-traeme-dolgo-05.jpg

Тони, твоите песни денес се малку поинакви од оние со кои се прослави. Дали и колку се пронаоѓаш во пеењето на старите песни што беа хитови во тоа време? Дали ти е лагодно додека ги пееш?

Тони: Нормално дека старите хитови нема да се повторат, не е во тоа поентата.

Отсекогаш сакав да еволуирам и да се изразувам онака како што се чувствувам, размислувам и живеам.

Едно време не си ги прифаќав старите хитови, но, сега ми се ептен хит старите мои хитови.

toni-zen-i-slatkar-za-crnobelo-znaevme-deka-kje-traeme-dolgo-20.jpg

Тони, како би го опишал Марко во 3 збора?

Тони: Интелигентен, посветен, духовит.

toni-zen-i-slatkar-za-crnobelo-znaevme-deka-kje-traeme-dolgo-12.jpg

Марко, како ти би го опишал Тони во 3 збора?

Слаткар: Тони ми е Зен, многу е смирен, а јас сум многу поразличен.

Три зборови - смирен, добар и дисциплиниран.

Да имаш ќерка да сакаш да ти се омажи со него. Ете така.

toni-zen-i-slatkar-za-crnobelo-znaevme-deka-kje-traeme-dolgo-15.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
Владо Георгиев за CRNOBELO: „Јас, како маж, не треба да им викам на своите ќерки, со сопругата не им... „На скала од 1 до 10 колку сум строг како татко, би рекол 2 ха, ха. Ние татковци...
Љубовната приказна на Тања Кочовска и Предраг Павловски: „Ме запроси во 5 наутро, на секоја жена ѝ п... „Предраг имаше девојка, со неа се забавуваше 4-5 години, а јас бев тогаш во екот...
Владо Јаневски за CRNOBELO: „Татко ми почина кога бев млад, песната што му ја посветив не ја пеам на... „Не се сметам за заводник. Јас секогаш сум требал да се помачам за девојките што...
Илија од Битола, пораснал во дом за деца без родители, денес е татко на 3 деца: „Бев оставен на 1 не... „Јас завршив во дом за доенчиња и мали деца во Битола кога бев како бебе, и бев ...
Игор Џамбазов за CRNOBELO: „Докторот што ме оперираше рече дека ќе останев без десната нога над коле... „Од татко ми научив да бидам чесен човек. И покрај сè што преживеав, се гор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg