Даријан Галевски (9) е наш фудбалер со светски талент: „Тренерите на Барселона ме избраа за најдобар играч на камп за млади таленти“

Дамјан, вие сте спортско семејство... Кога го забележавте талентот на Даријан?  Има ли талент за други спортови? Колку е другиот син талентиран за спорт?

Да, ние сме спортско семејство. Јас сум поранешен кошаркар во КК Работнички, додека сопругата е поранешна каратистка со повеќе од 170 медали на балкански, европски и светски првенства.

Синовите Даријан и Лука тренираат фудбал, уште само ќерката Никита се нема определено што ќе прави понатаму, затоа што е уште мала и има 7 години.

Даријан самиот уште на 2-годишна возраст ја зема топката и од тогаш ја нема испуштено од раце.

Истовремено е многу талентиран и во кошарка, но сметам дека два спорта е невозможно да се пратат и тренираат професионално во исто време.

Другиот син, Лука, е член на генерација 2009 во ФК Вардар.

Можеби не е природен талент како Даријан, но без пропуштен ниту еден тренинг на фудбалските терени, чекор по чекор, успеа да се наметне со својата скромност и игра и сега е член на првиот тим во категоријата Помлади пионери во ФК Вардар.

darijan-gelevski-9-e-nash-fudbaler-so-svetski-talent-trenerite-na-barselona-me-izbraa-za-najdobar-igrach-na-kamp-za-mladi-talenti-28.jpg

Како успевате да постигнете сè - скоро секој викенд да сте во Белград, да го носите на тренинзи и натпревари тука, а и тој да не заостанува со учењето?

Ако се сака, може да се постигне сè. Нас спортот ни е движечка сила, а со тоа и мотивот да ги подржиме децата во нивната определба, и тоа ни е единственото нешто што не движи во животот.

Успеваме некако да се носиме со тоа, секако има многу жртви да се постигне сè, меѓутоа Даријан е разбрано дете, ги прифаќа нашите совети, и секој момент кога има можност, се посветува на едукација и учење.

Честопати, тоа се случува и возејќи по пат во возилото на релација Скопје-Белград-Скопје.

darijan-gelevski-9-e-nash-fudbaler-so-svetski-talent-trenerite-na-barselona-me-izbraa-za-najdobar-igrach-na-kamp-za-mladi-talenti-40.jpg

Како стигнавте до кампот на Барселона и сето она што следуваше потоа?

За кампот на Барселона кој се одржа во Загреб дознавме истражувајќи на интернет.

Сакавме да си докажеме, дали освен во Македонија, Даријан е на исто ниво со своите талентирани врсници и во странство.

Од 21-25.06.2024 година се пријавивме на Barca Academy во Загреб. Секој ден имавме по 2 тренинга, наутро и приквечер.

Беа пријавени деца од генерација 2007-2017 година и секоја генерација имаше по еден тренер со хрватско потекло, а на секои 2 генерации следуваше и по еден тренер од шпанско потекло, од ФК Барселона.

Да напоменам, за најдобар на кампот единствено одлучуваше тимот од тренерите како и координаторот од ФК Барселона.

Даријан уште првиот ден ги воодушеви тренерите, а само по два тренинга беше префрлен од генерација 2016 во генерација 2015.

Во текот на истиот ден, координаторот го повика и го прашан дали може да се „носи“ со децата од 2014-то годиште.

На неговиот позитивен одговор, беше префрлен и остана да тренира со генерацијата 2014, иако е 2016-то годиште.

Самото тоа, знаејќи го Даријан, само повеќе го мотивираше, и на крајот на кампот тој беше избран за најдобар играч од преку 200 деца, и ја доби најдобрата награда - да тренира 10 дена во LA MASIA, најдобрата школа за фудбал на светот на терените на ФК Барселона.

darijan-gelevski-9-e-nash-fudbaler-so-svetski-talent-trenerite-na-barselona-me-izbraa-za-najdobar-igrach-na-kamp-za-mladi-talenti-32.jpg

Кои други кампови ги посети Даријан?

Даријан има посетено многу кампови и турнири. Го има посетено кампот на Ливерпул во Риека, како и кампот на ФК Црвена Ѕвезда во Скопје и во Белград.

На кампот во Белград во јуни 2024-та беше избран за најдобар играч и тогаш доби покана да стане член на овој клуб, па таму е член и денес.

darijan-gelevski-9-e-nash-fudbaler-so-svetski-talent-trenerite-na-barselona-me-izbraa-za-najdobar-igrach-na-kamp-za-mladi-talenti-34.jpg

Ако треба да бирате каде би ја почнал својата професионална кариера, која е вашата (и на сопругата) најголема желба за идната кариера на вашиот син? Од денешен аспект, што мислите дека е најдобро за него во моментов?

Ние одиме чекор по чекор и сметаме дека сме на подолго патување, кое се надеваме ќе заврши со среќен крај.

Нашата желба е едно, но реалноста и среќата и останатите фактори се друго.

Неговата желба е да има професионална кариера во некој голем клуб, а доколку тоа бидат Барселона или Црвена Ѕвезда, на среќата ќе ѝ нема крај.

Најдоброто за него во моментов е само да биде среќно дете, и да остане на желбата да тренира со истото темпо кое самиот го наметна.

Секако, ние сме тука да го следиме тој пат, и да му го олесниме тоа патување.

darijan-gelevski-9-e-nash-fudbaler-so-svetski-talent-trenerite-na-barselona-me-izbraa-za-najdobar-igrach-na-kamp-za-mladi-talenti-39.jpg

Колку е „скапо“ да се следи неговата кариера - патувања, опрема, фудбалски кампови? Поради талентот на Даријан, има ли можеби заинтересираност од спонзори?

Прашањето ви е сосема на место, и верувам нема човек што не ни го поставил ова прашање.

Да се следи Даријан е навистина прескапо за нашите примања и очекувања во Македонија. Дека има потреба од спонзори или помош од државата и тоа е точно.

Секако дека сите го бодрат Даријан и го препознаваат неговиот талент, за којшто сведочат и наградите од многубројните турнири во Македонија и странство, но за жал кај нас нема заинтересираност ниту од државата, а со самото тоа ниту од спонзори, сега за сега. Спонзорите секогаш сакаат етаблирани и признаени спортисти.

Сметам дека, државата како и разните спонзори и општествено одговорни компании треба да им помогнат на талентите во развој кога тоа им е најпотребно, без разлика од кој спорт доаѓаат тие.

Доколку се препознаат тие, и им се помогне во тој момент, тогаш можеби тие таленти и ќе го исполнат својот потенцијал, а доколку не, има доста таленти од фамилии кои не можат финансиски да се носат со таа ситуација, и згаснуваат многу рано, не успевајќи да го достигнат својот максимален потенцијал.

Во нашиот случај, ние тргнавме на патот да го следиме Даријан, секако и другите деца, во исполнување на неговиот сон.

Дали ќе биде тешко, со или без спонзори, ние ќе се бориме да излеземе на крај со сето тоа, и со малце среќа и со Господ напред да го видиме Даријан во некој светски клуб и во дресот на репрезентацијата на Македонија.

darijan-gelevski-9-e-nash-fudbaler-so-svetski-talent-trenerite-na-barselona-me-izbraa-za-najdobar-igrach-na-kamp-za-mladi-talenti-37.jpg

Повеќе фотографии на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
Сандра Ш. Каевска со семејството живее во Шведска: „Првите 3-4 години често размислувавме да се врат... „Првите три до четири години ни беа навистина тешки и често размислувавме за вра...
Maрија, ѕвездата од „Тин камп“, стана диџејка: „Клабингот не е нешто негативно - терапија е, идол ми... „Почнав да пуштам музика многу спонтано, речиси случајно. Но, ако размислам...
Елена од Битола: „На сакото од баба ми, старо 37 години, му дадов нов живот со брошеви - омилено ми ... „Баба ми го носеше ова сако на свадбата на вујко ми, далечната 1989 година, кога...
Ивана Кнез за CRNOBELO: „Мајка ми, иако живее на село, ги соблекува гумените чизми, облекува потпети... „Јуле е посебна жена, во мои очи легенда. Од погон и берење праски има стигнато ...
Ана Даја Гри е модна девојка од Скопје со впечатлив стил и миленик далматинец, од кој не се дели (фо... „Мојот моден стил би го опишала како елегантен, женствен и внимателно усогласен....

Најчитани неделава