Емра Куртишова за љубовта со сопругот Петар: „Ме запроси на мојот роденден, доцневме на сопствената свадба“

„Бевме на прослава од работа и наеднаш Петар ми шепнува дека мораме дома: „Ме боли стомак, морам во тоалет!“ Полудев - Молам!? „Оди заврши си работа и врати се“. „Не, мораш да возиш, многу ме боли“ ми вели и гледам се превиткува од болки. Му поверував! Возам накај дома, тој на секоја кривина се дере од болки“ - раскажува Емра за изненадувањето што ѝ го приредил сопругот кога ја запросил.

emra-kurtishova-za-ljubovta-so-soprugot-petar-me-zaprosi-na-mojot-rodenden-docnevme-na-sopstvenata-svadba-01.jpg

Наскоро ќе прават 2 години во брак, но нивната љубовна приказна почнува многу порано, кога се запознале во Театарот за деца и младинци во Скопје.

Иако од самиот почеток меѓу нив постоеле искри, за CRNOBELO.com, Емра вели поминало време пред од пријатели да станат партнери.

emra-kurtishova-za-ljubovta-so-soprugot-petar-me-zaprosi-na-mojot-rodenden-docnevme-na-sopstvenata-svadba-06.jpg

А денес не само што се тоа, туку се и родители на Лена, ќерката која се роди пред скоро 2 години.

Прочитајте ја романтичната љубовна приказна на актерите Емра Куртишова и Петар Стојанов:

Како почна вашата љубовна приказна? Кој го направи првиот чекор?

Најнапред да кажам дека јас верувам во судбина. Во моментот кога изгубив верба во љубовта, се случи она што најмалку очекував.

Мојата одлука беше дека не сакам да се омажам и дека животот ќе го живеам по свои правила. Но, како велат - твојот план е еден, а Божјиот е друг... 

Во 2019 година во Театар за деца и младинци се одржа аудиција за вработување актери.

По некаква „случајност“ јас бев дел од жирито.

Имав толку многу трема, како да требаше јас да конкурирам за вработување.

Аудицијата сè уште не беше започната, па излегов да ги видам кандидатите. Како е можно од толку многу кандидати директно да погледнам во Петар?!

Јас тој човек не го познавав, до тогаш не сум го видела. 

На лево круг, затворив врата и тргнав така со падната вилица да ја прашам колешката коj е тој човек ха, ха, ха.

Петар се викал, играл во претставата Mamma Mia... „Добро“ си реков и си ја „зашив“ устата. 

Петар беше примен во театарот со едногласна одлука на жирито. 

По некој период почна да се подготвува претставата „Едвард раце ножици“ а, таму во поделата на улоги влеговме и двајцата.

Тука започна сè. Јас држев до себе, срце јуначко не се даваше... но, по некој период не гледав причина да го правам тоа, зашто сфатив дека треба да си дадаме шанса. 

emra-kurtishova-za-ljubovta-so-soprugot-petar-me-zaprosi-na-mojot-rodenden-docnevme-na-sopstvenata-svadba-03.jpg

Со што те освои тој?

Со добрината и огромната емпатија.

Дали уште веднаш знаеше дека тој е вистинскиот или со текот на времето сфати дека сте создадени еден за друг?

За да дознаеш дали е „вистинскиот“, мораш да поминеш некој период со партнерот.

Ние 3 години осознававме работи за нас, а не бевме во врска.

Бевме блиски и ставени на тест дали нештото би функционирало.

А, да, физички уште веднаш ми се допадна, но, сè друго си дојде со времето. 

emra-kurtishova-za-ljubovta-so-soprugot-petar-me-zaprosi-na-mojot-rodenden-docnevme-na-sopstvenata-svadba-02.jpg

Како те запроси? Ти подготви ли некакво изненадување?

Беше 30-ти декември, мојот роденден. Скоро секоја година на тој датум театарот организира предновогодишна забава, па Петар одлучил датумот да биде тој.

Бевме во една скопска кафеана, нормално си направивме убава атмосфера, со колешките игравме...

Наеднаш Петар ми шепнува на уво дека мораме дома, имал проблем. Му велам „Каков проблем, што се случи?“

„Ме боли стомакот, морам во тоалет!“ Полудев - Молам!?!?!

„Оди, му велам заврши си работа и врати се“.

„Не, мораш да возиш, многу ме боли“ ми вели и го гледам се превиткува од болки.

Му поверував! Возам накај дома, тој на секоја кривина се дере од болки.

Стигнавме, и како ветер истрча од кола, а јас останав да паркирам.

Влегувам дома, вратата од тоалетот отворена, гледам не е во тоалет... ја отворам дневната, тој клекнат на едно колено со букет и прстен во рацете, дише ко да ќе пцоиса и ми се смее...

И, мене, ко што ме дал Господ, (не знам да реагирам на изненадувања) му велам, „Па, тебе не ти се одело во тоалет, ме излажа... бла бла бла!“ (анализа на случајот, детективот во мене).

Дури после неколку секунди дојдов на себе, па се расплакав од возбуда, па се смеевме како недоквакани за приказната со тоалетот...

И, после сè, се вративме во кафеаната на славење предновогодишна, роденденска и предсвадбена забава.

Беше преубаво, никогаш нема да ја заборавам таа вечер.  

emra-kurtishova-za-ljubovta-so-soprugot-petar-me-zaprosi-na-mojot-rodenden-docnevme-na-sopstvenata-svadba-04.jpg

Раскажи ми некој интересен момент од свадбата? На што се сеќаваш со најголема радост од тој ден?

Повеќе смешен момент, би рекла, беше тоа што доцневме на сопствената свадба.

Наместо ние да ги пречекаме гостите, тие нè пречекаа нас.

Но, тоа беше поради „добрата организација“ да тргнеме од Скопје за Гевгелија истиот ден.

По пат имавме ситуација, хранев кучиња кај велешката патарина па се здавија и морав да интервенирам и покрај тоа што требаше дента да бидам невеста.

Ама, тоа сум јас беше посилно од мене. 

Најголема радост беше присуството на сестра ми со нејзиното семејство, таа живее во странство.

Ми беше навистина многу мило што тој ден бевме заедно. 

emra-kurtishova-za-ljubovta-so-soprugot-petar-me-zaprosi-na-mojot-rodenden-docnevme-na-sopstvenata-svadba-14.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Ивона Јо за CRNOBELO: „Не сакав никој да знае дека сум во депресија, а многу сакав да ми помогнат“ „Ми беше сеедно за моето постоење и тоа беше најстрашното чувство што досега сум...
Инспиративна жена: Сузана од Скопје е успешна деловна дама која ужива во патувања и дружби со синот „Иако убавината може да понуди предности, потпирањето само на изгледот е ретко о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg