Емра Куртишова за љубовта со сопругот Петар: „Ме запроси на мојот роденден, доцневме на сопствената свадба“

Со Петар ја имате ќерката Лена. Колку нејзиното раѓање ви ја зацврсти љубовта?

Лена има година и пол, таа е причина плус за која ѕверски се бориме со секоја препрека во животот.

Љубовта постоеше и пред неа, но, со неа дојдоа и посветеноста, грижата одговорноста - сè она што го прави семејството. 

emra-kurtishova-za-ljubovta-so-soprugot-petar-me-zaprosi-na-mojot-rodenden-docnevme-na-sopstvenata-svadba-12.jpg

Кој е поромантичен - ти или тој? И која е најубавата романтична работа што ја направил за тебе, или ти за него?

Петар е Рак во хороскоп, јас сум Јарец. Кој е поромантичен? Ха, ха, ха дефинитивно тој е поиницијативен кога станува збор за романтични гестови.

Често знае да ме изненади со убава вечера, викенд во Грција, а за родендените секогаш смислува нешто креативно, вешто крие до последен момент и навистина секогаш ме изненадува.

emra-kurtishova-za-ljubovta-so-soprugot-petar-me-zaprosi-na-mojot-rodenden-docnevme-na-sopstvenata-svadba-11.jpg

Колку години сте во брак? Како сега ги одржувате љубовта, страста, почитувањето?

Во јуни ќе правиме 2 години од брак. Но, некако бројкава ми изгледа мала, имам чувство како да сме заедно и во брак подолго време.

Љубовта ја одржуваме така што си сме пријатели пред сè. Зборуваме многу, се смееме, си ги кажуваме и убавите и тешките работи.

Страста не се гаси кога има блискост, кога си тука еден за друг, дури и во најобични моменти. А почитта... тоа е основата.

Си даваме простор, си се слушаме и си помагаме. Знаеме дека сме тим и дека кога е тешко, само заедно можеме да издржиме.

Тоа е она што нè зближува и не дозволува да нè оддалечи. 

emra-kurtishova-za-ljubovta-so-soprugot-petar-me-zaprosi-na-mojot-rodenden-docnevme-na-sopstvenata-svadba-09.jpg

Што, според тебе, е важно за успешен брак?

Според мене, за успешен брак најважни се искрената комуникација, почитувањето и поддршката, особено во тешки моменти.

Не е сè идеално, но кога знаеш дека си со некој што те слуша, што те разбира и што стои до тебе дури и кога не е лесно, тогаш љубовта станува посилна.

Исто така, верувам дека малите гестови прават голема разлика - едно кафе заедно, поглед, допир, шега што само ние ја разбираме.

А кога имаш и дете, сè добива нова смисла. Таа ни е потсетник зошто вреди да се бориме, секој ден одново.

emra-kurtishova-za-ljubovta-so-soprugot-petar-me-zaprosi-na-mojot-rodenden-docnevme-na-sopstvenata-svadba-07.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Леонтина (19) од Штип е талентирана сликарка: „Првиот нацртан портрет на ДНК им го дадов лично и ста... „Мој прв вистински предизвик беше портрет на мојот брат и мојата сестра. Ко...
Даниела од Скопје е впечатлива модна дама, со страст за скап и безвременски накит „Од накит ретко носам бижутерија поради алергија и сакам квалитетни часовници и ...
Зоки Бејбе за своето Скопје: „Од Музеј на современа уметност се гледа најубавото зајдисонце, Градски... „Во Градскиот парк возам лонгборд, одмарам, се дружам. Обично секојдневно сум ка...
Рената (36) од Гостивар за борбата со ракот: „Доејќи го моето бебе опипав грутче на градата, мислев ... „На само 33 години и 10 месеци, кога моето второ бебе беше уште во пелени, ми бе...
Бајковитата свадба во родното Берово на Катерина со Захер од Либан - матично во природа, раскошна ве... Катерина Пипонска, наша некогашна стјуардеса, вели дека во родното Берово ја има...
Александар Пендароски, зет на Галичка свадба: „Женската носија тежи 25kg, моите родители се венчаа в... „Имам одредено искуство со јавање, но сепак дополнително се подготвував. То...

Најчитани неделава