Љубовната приказна на Љупка Митрова и Георги: „Знаев дека е за мене првиот ден кога го видов како ме чека на снегот во мојата уличка“
А прстенот? Го бирал сам, или му помогна ти?
Моја омилена боја е жолтата. Па, верувам дека и прстенот е избран со внимание и запазување на мојот вкус.
На прстенот доминира жолтиот камен.

Дали почнаа подготовките за свадбата? Ако да, како одат, имате ли датум, каде ќе биде?
Подготовките за свадба почнаа и веќе се при крај.
Датумот е 25.05.2025, има премногу 5-ки, а тоа беше и причината за да го избереме како датум за свадбата ха, ха.

Кој ти ја дизајнираше венчаницата?
Венчаницата, нормално, е дизајн од мојот моден бренд Mitroff.
Од првиот ден знаев каков материјал сакам, каков дизајн сакам и што точно сакам да облечам за овој специјален ден за мене.
Мојот вреден тим професионално и со голема љубов и умешност ја креираше мојата венчаница од соништата.
Во моето катче на третиот кат од венчаниците - блесна мојата сопствена венчаница.
Кога ја видов ми се измешаа емоции, мисли, материјали, возбуда, среќа и еден голем успех што сè ова се реализира.

Каков е односот на твоите две ќерки со Георги? Дали им беше чудно на почетокот кога почнавте да се гледате или го прифатија брзо?
Георги има многу коректен однос со моите две ќерки, како другар, пријател, секогаш настроен за помош и совет.
Ќерките секогаш заштитнички стојат до мене, зашто ние три сме заедно во добро и лошо веќе долги години.
Но кога е нештото со многу љубов, тие знаат да го препознаат и остават простор љубовта да влезе и наместо да се дели - да се множи.

Кој е поромантичен - ти или тој? Која е најубавата романтична работа што ја направил за тебе, или ти за него?
Јас се сметав себеси за најромантичната жена на планетата, ама Георги издоминира овој пат, морам да признаам.
Не можам да издвојам ништо посебно за него, тој е посебен сам по себе и затоа е и мој избраник.

Што, според тебе, е важно за успешна врска, односно брак?
Битно е разбирање, прифаќање, почит.
Да човекот покрај тебе те прифати баш таква како што си и од тебе извади сè што е најдобро.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
