Љубовната приказна на каратистката Моника Стефановска и Илија: „Не сме романтични, но уживаме во исти работи“

Имате син и бебе на пат... Колку раѓањето на синот ви ја зацврсти љубовта?

Со неговото раѓање, љубовта ни доби некое ново лице. Ни покажа страна од нас што претходно не ја знаевме и многу ја сакам таа верзија од нас.

Преку него, секој ден учиме нешто ново еден за друг, и растеме – без притисок, не само како родители, туку и како пар.

ljubovnata-prikazna-na-monika-stefanovska-i-ilija-crkovnata-venchavka-i-krshtevkata-na-sinot-ni-bea-vo-ist-den-07.jpeg

Кој е поромантичен - ти или Илија? Која е најубавата романтична работа што ја направил за тебе, или ти за него? 

Не сме нешто романтични по дефиниција, ама баш тоа што уживаме во истите работи ни е најголемата романтика.

За нас, токму во тоа е убавината, кога и наједноставното ни е убаво бидејќи сме заедно. 

ljubovnata-prikazna-na-monika-stefanovska-i-ilija-crkovnata-venchavka-i-krshtevkata-na-sinot-ni-bea-vo-ist-den-10.jpeg

Што, според тебе, е важно за успешен брак?

Иако не сме многу години во брак, за ова време научивме нешто важно – дека сè се гради со разбирање, трпение и искреност.

ljubovnata-prikazna-na-monika-stefanovska-i-ilija-crkovnata-venchavka-i-krshtevkata-na-sinot-ni-bea-vo-ist-den-05.jpeg

Покрај љубов и страст, она што ни дава сила е трпението и искреноста.

Трпението ни помага да се слушаме и да се прифаќаме, а искреноста гради доверба и близина.

ljubovnata-prikazna-na-monika-stefanovska-i-ilija-crkovnata-venchavka-i-krshtevkata-na-sinot-ni-bea-vo-ist-den-03.jpeg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Јасмина од Струга и Никола од Охрид: „Ме запроси за време на лет над Босфор, н... „Првпат се запознавме со Никола на плажа во Охрид. Јас бев со другарка, а тој со...
Љубовната приказна на Драгана и Антонио: „Го запознав на 18 години, а првиот состанок ни беше искачу... „Избравме невообичаен состанок бидејќи и двајцата во тој период бевме спортисти,...
Љубовната приказна на Марина и Даниел Кајмакоски: „Ја пропуштив првата шанса да се запознаам со него... „Даниел го видов првпат, како и повеќето луѓе од Србија, на телевизија, во 2014 ...
Љубовната приказна на Елена од Куманово и Кристијан од Скопје: „По еден месец врска решивме да се пр... „Првиот состанок ни беше на Матка, па на Водно, па во парк и траеше буквално цел...
Љубовната приказна на Тони од Македонија и Клаудија од Мексико: „Се запознавме на брод, ја обожава г... „Работевме на ист брод, но нè разделија... Двапати патував со автобус 14 часа са...
Љубовната приказна на Александар од Богданци и Шер од Кина - се запознале во Берлин, ја запросил во ... „Правевме свадба во родниот град на Шер во Кина, имавме традиционално кинеско зе...

Најчитани неделава