Инспиративна дама со впечатлив стил: Проф. Јана Клопчевска е доказ дека жената може да биде сè - научник, мајка, модел и лидер

„Кога ќе влезам на научна конференција со црвен кармин и високи потпетици, понекогаш прво се слушаат потпетиците – а потоа резултатите. Мојата гардероба не е само облека – таа е мој визуелен манифест. Нема да кажам дека е секогаш лесно да се балансира помеѓу тоа да се биде мајка и да се гради кариера, народски кажано – со една рака правам ручек, а со друга одговарам на мејл“ - вели за CRNOBELO.com проф. д-р Јана Клопчевска - каде науката, модата и женственоста се спојуваат во визија за иднината.

inspirativna-dama-so-mokjen-stil-prof-d-r-jana-klopchevska-e-dokaz-deka-zhenata-mozhe-da-bide-se-nauchnik-majka-model-i-lider-01.jpg

Проф. д-р Јана Клопчевска е вистинска иновациска сила и визионерка на македонската наука и култура.

Како професорка на Катедрата за прехранбена и биотехнологија на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ, таа не само што ја движи науката напред, туку и револуционизира цели индустрии.

Основачка е на првата Отворена Градска Биотехнолошка лабораторија за биохакирање и трансформација на биоотпад, проф. Клопчевска го отвори патот кон иднината на биоекономијата во Македонија, развивајќи прототипи што го менуваат начинот на кој ги користиме ресурсите.

inspirativna-dama-so-mokjen-stil-prof-d-r-jana-klopchevska-e-dokaz-deka-zhenata-mozhe-da-bide-se-nauchnik-majka-model-i-lider-38.jpg

Во 2023 година, во соработка со UNDP, таа го организираше првиот биохакатон во земјата, а со тимот Биохајд, кој го менторираше, создаде иновативна кожа од комбуха што освои големи инвестиции и светско признание.

Таа е и движечка сила во STEM движењето како инфлуенсер, ментор и говорник на најпрестижните економски форуми и јавни дебати.

Но, највозбудливото во нејзината кариера е што е основоположник на молекуларната гастрономија во Македонија — уметност која ја претвора науката во магија на вашата трпеза.

Со над стотина настани во последните девет години, таа создаде вистински гастрономски револуции — од шопска салата во форма на кавијар, јадлив накит, коктели во цврста форма, до менија кои се целосно јадливи и иновативни.

Во последните три години, Јана освојува и на полето на професионалниот моделинг, каде ја комбинира својата научна моќ со стил и харизма, учествувајќи во модни кампањи за познати македонски брендови и развој на свет за истите.

inspirativna-dama-so-mokjen-stil-prof-d-r-jana-klopchevska-e-dokaz-deka-zhenata-mozhe-da-bide-se-nauchnik-majka-model-i-lider-34.jpg

„Модата за мене не е само суета, туку визуелен јазик што испраќа силни пораки. Сакав да покажам дека жената може да биде сè — научник, мајка, модел и лидер — без да се откаже од ниту една улога,“ вели проф. д-р Клопчевска, инспирација за генерации што доаѓаат.

Поразговаравме со неа и за CRNOBELO.com таа ги открива своите тајни за убавина и стил, успех на секое поле и баланс во животот, со што е вистинска инспирација...

Колку е тешко истовремено да се биде мајка, но и успешна жена на кариерно поле, со повеќе работни ангажмани како научник, иноватор, професор, претприемач? Како успевате да балансирате, како се охрабривте и со кои предизвици се соочувате? 

Нема да кажам дека е секогаш лесно. Искрено, немам универзален одговор или формула. Народски кажано – со една рака правам ручек, а со друга одговарам на мејл (ха-ха). 

Обично се будам околу 7:30 часот наутро и првото нешто што го правам е прошетка со моето куче, за време на која размислувам како да ги оптимизирам обврските и секојдневните предизвици. Потоа доаѓа кафето – силно и црно, балкански класик.

Сакам сама да подготвувам појадок, нешто едноставно, но хранливо – често со домашен јогурт, овес, чиа и сезонско овошје.

Мотивирана сум да го почнам денот најпрагматично, водејќи т.н. микроменаџмент од забелешки во мобилниот телефон, календар и нотес (хартиен), во кој си ги запишувам работните обврски.

inspirativna-dama-so-mokjen-stil-prof-d-r-jana-klopchevska-e-dokaz-deka-zhenata-mozhe-da-bide-se-nauchnik-majka-model-i-lider-02.JPG

Кога се работи за истражување, предавања, меѓународна соработка – може да биде напорно. Идејата дека науката треба да им служи на луѓето, т.н. „citizen science“, ми е движечко мото.

Знаењето дека мојата работа може да помогне во градењето почиста средина, која речиси и да нема биоотпад – тоа е она што ме движи.

Балансот не е лесен, но е можен. За мене, најважно беше да го прифатам фактот дека не морам секогаш да бидам совршена.

Понекогаш сум научник, понекогаш само мајка со пижами и несредена коса. Се охрабрив кога сфатив дека токму таа автентичност е мојата најголема сила.

Прифаќаш дека не можеш да бидеш „100%“ на сите страни секој ден, но можеш да бидеш присутна, автентична и искрена. Научив да давам приоритет на квалитетното време со семејството и пријателите.

inspirativna-dama-so-mokjen-stil-prof-d-r-jana-klopchevska-e-dokaz-deka-zhenata-mozhe-da-bide-se-nauchnik-majka-model-i-lider-03.jpg

Неделни ручеци со фамилијата, прошетки со пријателите или добра серија со чаша вино.

Малите ритуали, грижата кон себе, носат рамнотежа и ме потсетуваат зошто работата е важна, и зошто е важно кога ќе дојдеш дома, да те чекаат насмевки...

Клучот за мене е поддршката – од семејството и блиските пријатели, од жени кои ја разбираат двојната (или тројната) смена.

Понекогаш се чувствуваш исцрпено, понекогаш виновно кога пропуштам некој фудбалски натпревар на Стефан или некој важен состанок.

Но учам да бидам блага кон себе. Да прифатам дека совршенството е мит, а доволноста – моќ.

inspirativna-dama-so-mokjen-stil-prof-d-r-jana-klopchevska-e-dokaz-deka-zhenata-mozhe-da-bide-se-nauchnik-majka-model-i-lider-04.JPG

Важите за дама со впечатлив моден стил, но како вие го опишувате вашиот стил? 

„Мојот стил е молекуларна фузија на елеганција, удобност и став. Ќе ме препознаете по тивката смелост“.

Мојата гардероба не е само облека – таа е мој визуелен манифест. Сакам чисти линии, неутрални бои, силуети што говорат.

Преку секој избор праќам порака дека жената може да биде и научник, и мајка, и трендсетер. Моите модни додатоци се мојот отпечаток – без нив, комбинацијата е само половина приказна.

Мојот стил е одраз на она што сум – динамична, женствена, но и приземјена. Би рекла дека негувам елегантна, минималистичка естетика со доза на индивидуалност, која ја имам веројатно наследено од мајка ми, која е архитект.

-05.jpg

Сакам облека со чисти линии, квалитетни текстури и таква што ми дозволува слобода на движење. Следам модни трендови, но најчесто се водам според интуицијата – што ми прилега, што ме прави да се чувствувам сигурно, смирено и силно.

Клучот за мене е балансот: елеганција со функционалност, префинетост со личен печат. Во мојот плакар доминираат неутрални бои – бела, темно сина, сива и црна – затоа што овозможуваат бесконечни комбинации.

Сакам добро скроени оверсајз сакоа, квалитетни кошули и панталони што го следат движењето. Но, кога денот е исполнет со состаноци, настава или патувања, често се одлучувам и за лежерни, комфорни форми што нудат флексибилност.

Модните додатоци ми се личен потпис – накит со приказна, чанти со карактер или минималистички парчиња што оставаат впечаток без зборови.

За мене, стилот не е наметнат, то е начин да изразам почит – и кон себе, и кон луѓето со кои се среќавам.

inspirativna-dama-so-mokjen-stil-prof-d-r-jana-klopchevska-e-dokaz-deka-zhenata-mozhe-da-bide-se-nauchnik-majka-model-i-lider-06.jpg

Имате ли некоја модна формула која ви е спас во ситуации кога не знаете што да облечете? И дали има нешто што никогаш не би облекле?

Кога сум пред плакарот во модна дилема – одбрав себеси. Формулата е: црна, бела и храброст.“

Да бидам искрена – сите имаме денови кога стоиме пред плакарот и мислиме: „Немам што да облечам“, иако реално – стоиме пред десетици комбинации.

Монохроматска елеганција е мојот С.О.С. – бела кошула, црна панталона, добро скроено сако и чанта со став – секогаш функционира. Не би облекла нешто што ме прави „гостин“ во сопственото тело. Модата не е робија – таа е моќ.

inspirativna-dama-so-mokjen-stil-prof-d-r-jana-klopchevska-e-dokaz-deka-zhenata-mozhe-da-bide-se-nauchnik-majka-model-i-lider-07.jpg

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
Љубовната приказна на Бојан Велевски и Каролина: „Се запознавме во диско - таа го викала келнерот, ј... „Таа вечер не требаше да одам во диско. Не требало ни Каролина да оди, непл...
Ана Даја Гри е модна девојка од Скопје со впечатлив стил и миленик далматинец, од кој не се дели (фо... „Мојот моден стил би го опишала како елегантен, женствен и внимателно усогласен....
Сандра Ш. Каевска со семејството живее во Шведска: „Првите 3-4 години често размислувавме да се врат... „Првите три до четири години ни беа навистина тешки и често размислувавме за вра...
Љубовната приказна на Снежана и Зоран Матовски - родителите на Цако, момчето со Даунов синдром кое п... Се запознале во клупче на Бит Пазар, се чекале кај Црвената болница, 42 години с...
Зоран Мијалков e самохран татко на два сина со аутизам, Петар (21) и Никола (14): „Страв ми е што ќе... „Еднаш, пред две години, ми се случи да се онесвестам додека ги шетав на планина...

Најчитани неделава