Љубовната приказна на Сања Ристиќ и Перо Антиќ: „Тој прв кажа ‘те сакам’, го запознав кога мислев дека нема да најдам љубов“
Дали вашите деца се пријатели, имајќи предвид дека се на слична возраст, одите заедно на одмори...?
Децата се дружат, сложуваат и се сакаат, се трудиме секогаш да уживаат кога се заедно.
Сакаме сите заедно да патуваме, да им приредуваме изненадувања.
Нè прави среќни секоја нивна насмевка.

Се здужуваат ли понекогаш против вас?
Не сме искусиле некое такво искуство.
Познавајќи ги колку се интелигентни, сигурно имаат по некој заговор.

Како изгледаат вашите заеднички летувања/зимувања?
Исполнети со многу забава, случувања, смеење и доживувања.
Јас сум подопустлива, а Перо знае да биде построг и поодмерен со нив. Баланс има.
Лани бевме да посетиме аквариум со ајкули оваа година пливавме и гушкавме делфини.
Уживаме кога сме заедно, сакаме сите патувања и забава.

Кој е поромантичен - ти или Перо? Која е најубавата романтична работа што ја направил за тебе?
Би рекла Перо. На мојот 40-ти роденден ми се јави и ми рече дека ме чека да одиме заедно на вечера.
Секако, се спремив возбудена, се симнав, влегов во автомобилот и се упативме кон еден скопски ресторан.
Јас комплетно опуштена дека сме само ние двајца да го одбележиме денот, влегувам и одеднаш изрипуваат од секаде сите мои најблиски и сакани.

Ме пречекува огромно срце со 101 ружа, подароци, гушкање, музика, сè накитено и организирано преубаво, како на филм.
Сето тоа го осмислил и реализирал Перо, со мала помош од моите другарки.
Ја помнам целата вечер, а најмногу зборовите „Заслужуваш да си среќна“.

А кој се лути полесно? Кој, пак, попушта прв при расправии?
Не знам кој се лути полесно, можеби јас се налутувам и одлутувам побргу, а кај Перо знае да трае подолго ха, ха.
Се надевам нема ова да го прочита, дека си признавам, ама тој ми попушта поприлично.

