Љубовната приказна на Сања Ристиќ и Перо Антиќ: „Тој прв кажа ‘те сакам’, го запознав кога мислев дека нема да најдам љубов“
Кој кажа прв „Те сакам“?
Ако не се лажам, скоро сум сигурна, Перо. Беше далеку поопуштен и подиректен од мене на почетокот.

Дали ти готви?
Не е некој страстен готвач, но сака да зготви по нешто брзо.
Специјалност му е песто паста, а мене ми е омилена.

Како сакате да го поминувате времето кога сте заедно?
Многу разновидно зависно од распололожението, сакаме да шетаме, да патуваме претежно на пократки дестинации, да вежбаме заедно, да излеземе со друштво, да поуживаме во убава храна или да уживаме заедно, дома опуштено гледајќи некоја серија.

Ви беше ли чудно на почетокот откако се дозна за врската, кога излегувавте низ град? Ве загледуваа ли луѓето?
Мислам дека целиот град знаеше дека сме во врска уште пред јас било што да знам или било што да се случи.
Уште не почнавме посериозно да комуницираме телефонски, веќе луѓе и медиуми се распрашуваа за нас и која е новата девојка на Перо.
Мене, искрено, малку ми беше тензично после подолг период комплетно сама, посветена само на децата, а Перо си беше максимално релаксиран.

По две години заедно, што мислиш дека е она што ве држи најсилно заедно? Што е, според тебе, важно и потребно за една успешна врска?
Покрај љубовта, мислам и тврдам дека апсолутно е најважно прифаќањето на една личност карактерно онаква каква што е, со сите доблести и мани.
Тоа не значи дека мораме од сè да направиме компромис или сè да прифатиме 100%, секако дека секој од нас може да работи на себе и да се менува кон подобро, да менува навики, шаблони и однесување, но ако во основа го прифаќате еден човек онаков каков што е, тогаш големи се шансите да останете заедно засекогаш.
Јас можеби и некогаш знам да претерам со поставувањето високи стандарди, како за себе така и за другите, но знам и да согледам кога нешто е премногу.
Почитувам лојалност, искреност и посветеност. Тоа кај мене е светото тројство.
А со оглед дека и Перо ги поседува истите квалитети, мислам дека одлично сме се споиле.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
