„Не легнувајте без да ја измиете косата од солта во морето“ - Фризерот Марјан Петров со топ 3 совети за летна заштита

„Никогаш не заборавајте да го заштитите скалпот. Исто како кожата на телото, и скалпот е чувствителен на сонце и може лесно да се оштети или изгори при подолга изложеност на УВ зраци“, вели познатиот фризер од Струмица.

ne-legnuvajte-bez-da-ja-izmiete-kosata-od-solta-vo-moreto-frizerot-marjan-petrov-so-top-3-soveti-za-letna-zashtita-01.jpg

Нашиот познат фризер и шминкер, Марјан Петров, освен што се грижи девојките и жените од Македонија да имаат здрава коса и убава фризура, но и за нивната шминка, работи и со голем број регионални ѕвезди.

Со искуство од цели 13 години (својот прв фризерски дуќан го отворил на 17 години), Марјан знае многу за тајните за убавата, квалитетна коса, но и за нејзината нега.

Овој пат, за читателите на CRNOBELO.com, Петров сподели своите 3 најважни совети, а до кои треба да се придржува секоја жена или маж, доколку сака косата да биде здрава, да се задржи нејзината виталност и свежина, а да се избегне нејзино сушење, горење и распукување.

ne-legnuvajte-bez-da-ja-izmiete-kosata-od-solta-vo-moreto-frizerot-marjan-petrov-so-top-3-soveti-za-letna-zashtita-04.jpg

Прочитајте ги топ трите совети на Марјан за заштита на косата во лето:

„Косата, исто како и кожата, има потреба од заштита во летните денови, особено кога сме изложени на сонце, солена вода и ветер.

Под број еден - користете производи со УВ заштита, специјализирани за летни третмани.

Изберете производи наменети за заштита од сонце, кои содржат УВ-филтри, антиоксиданси (како витамин Е) и состојки што ја навлажнуваат косата, на пример продукти кои во својот состав содржат ладно цедено кокосово масло или шеа путер.

Овие формули обично доаѓаат во облик на лесни спрејови, креми или маски, и нудат заштита од сончеви зраци, дехидратација и избледување на бојата.

Исто така, никогаш не заборавајте да го заштитите скалпот.

Исто како кожата на телото, и скалпот е чувствителен на сонце и може лесно да се оштети или изгори при подолга изложеност на УВ зраци.

Ваквото оштетување може да доведе до појава на иритации, црвенило, па дури и лупење или развој на чувствителен скалп.

За одржување на здравјето на оваа зона, се препорачува користење на лесен, немрсeн спреј со УВ-филтри, кој ќе овозможи заштита од сонцето без да го отежне или замасти коренот на косата.

Овие формули се специјално дизајнирани за летна употреба и обезбедуваат балансирана нега и за косата и за скалпот, без тежина и со свежо чувство при нанесувањето.

ne-legnuvajte-bez-da-ja-izmiete-kosata-od-solta-vo-moreto-frizerot-marjan-petrov-so-top-3-soveti-za-letna-zashtita-02.jpg

Носете шешир, кој е и стилски и заштитен детаљ.

Шеширот не е само моден додаток, туку тој е вашата прва линија на заштита.

Покривањето на главата со шешир од природен материјал (како памук или лен) ја намалува директната изложеност на косата и скалпот на УВ-зраци.

Тоа помага да се спречат сушењето, пукањето и губењето на сјајот на косата.

ne-legnuvajte-bez-da-ja-izmiete-kosata-od-solta-vo-moreto-frizerot-marjan-petrov-so-top-3-soveti-za-letna-zashtita-03.jpg

По капење во море, задолжително исплакнете ја косата со блага вода.

Иако морската сол понекогаш се смета за природен третман на влакното и начин за создавање текстура, нејзиното задржување на косата подолго време може да доведе до дехидратација и кршливост.

Затоа, штом завршите со пливањето, исплакнете ја косата со чиста вода за да ги отстраните солта и другите наслаги.

Дополнително, можете да нанесете хидратантен спреј со УВ-заштита кој го неутрализира сушењето и ѝ дава на косата чувство на свежина и еластичност, а е идеален за употреба токму на плажа, помеѓу две миења“.

ne-legnuvajte-bez-da-ja-izmiete-kosata-od-solta-vo-moreto-frizerot-marjan-petrov-so-top-3-soveti-za-letna-zashtita-05.jpg

Прочитајте и Марјан Петров, шминкер: „На 17 години отворив салон во домот во Мокриево, денес работам со големи балкански ѕвезди“

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. 

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Боро Мирчески: „Син ми до 3 и пол години не кажа ниту еден збор, по многу работа, на првото ‘мама’ -... „Првите знаци дека во развојот на детето се можни заостанувања беа околу 18-иот ...
Maрија, ѕвездата од „Тин камп“, стана диџејка: „Клабингот не е нешто негативно - терапија е, идол ми... „Почнав да пуштам музика многу спонтано, речиси случајно. Но, ако размислам...
Катерина Андова за битката со алопеција: „Никогаш нема да носам марами, сега кога ја знам слободата ... „Кога имав околу 20 години, по користење многу масти и креми, косата повторно ми...
Елена од Битола: „На сакото од баба ми, старо 37 години, му дадов нов живот со брошеви - омилено ми ... „Баба ми го носеше ова сако на свадбата на вујко ми, далечната 1989 година, кога...
Аница 55 години живее во САД: „Се преселив на 16, со сопругот изградивме куќа во Ресен да имаме свое... „Америка не ме пушта да си заминам засекогаш во Македонија, зашто таму ми се дец...
Љубовната приказна на Снежана и Зоран Матовски - родителите на Цако, момчето со Даунов синдром кое п... Се запознале во клупче на Бит Пазар, се чекале кај Црвената болница, 42 години с...

Најчитани неделава