Марјан Петров, шминкер: „На 17 години отворив салон во домот во Мокриево, денес работам со големи балкански ѕвезди“

„Моите почетоци беа во село Мокриево, струмичко, местото каде го поминав детството. Имав среќа да израснам во едно такво мало место, а родителите ме поддржаа да го отворам првото студио во склоп на нашата куќа“, вели Марјан Петров, кој денес важи за еден од најдобрите фризери и шминкери кај нас и работи со познати имиња од естрадата.

marjan-petrov-shminker-na-19-godini-otvoriv-prv-salon-vo-semejnata-kukja-vo-mokrievo-se-gordeam-so-uspehot-shto-go-postignav-01.jpg

Фризерот и шминкер Марјан Петров, е еден од оние за кои слободно можеме да кажеме дека е светски, а наш.

Кариерата ја почна во родното село Мокриево на 17 години, каде што со поддршката од родителите го отворил првиот салон. Но, кога тој му станал претесен за да може да ги прими сите клиенти, отвори нов, голем салон во Струмица, кој постои скоро 10 години.

Денес ги шминка балканските ѕвезди, но по Модната недела во Париз, каде што беше неодамна, му се отвораат и светските врати.

Марјан (29), во интервју за CRNOBELO.com, вели дека не сака да е скромен кога е успехот во прашање:

„Горд сум на моите успеси, кој не би бил, нема да бидам лажно скромен. Сакам да растам, да се надоградувам. Тоа е животот, борба за опстанок, посебно во мојата професија. Талентот и упорноста се клучни за успехот на еден уметник“.

marjan-petrov-shminker-na-19-godini-otvoriv-prv-salon-vo-semejnata-kukja-vo-mokrievo-se-gordeam-so-uspehot-shto-go-postignav-12.jpg

За неговиот пат од детскиот сон, преку пријателствата со Слаѓа Алегро и Јелена Томашевиќ (кои ги смета за семејство, а не клиенти), до светската соработка која ќе се случи наскоро, Марјан ни раскажа во разговорот:

Неодамна го привлече вниманието и како гостин на ревиите и забавите на Модната недела во Париз… Какво искуство беше тоа?

Бев почесен гостин на ревијата на брендот Casablanca и имав чест да седам во првите редови заедно со многу еминентни ликови од светската модна сцена.

Беше незаборавно искуство да се види и почувствува енергијата директно од изворот на светската мода, а тоа секако е - Париз.

Во тие денови се сретнав и поразговарав со многу светски имиња, па разменив и по некој совет и можеби идна колаборација со некој од нив.

Изненаден сум од нивната пристапност и професионалност, колку тие се големи имиња, а толку многу едноставни, пријатни и достапни за разговор.

Сега ми е јасно зошто се толку големи и светски.

marjan-petrov-shminker-na-19-godini-otvoriv-prv-salon-vo-semejnata-kukja-vo-mokrievo-se-gordeam-so-uspehot-shto-go-postignav-28.jpg

Дали, освен што се забавуваше, имаше можност да научиш и нешто што би го применил во твојата секојдневна работа?

Како што спомнав погоре, нешто се крчка во блиска иднина.

Секако, може да се научи и да се „украде“ искуство едноставно и само шетајќи по улиците на Париз за време на модната недела.

Тоа е енергија која мора да се почувствува, не може да се опише преку зборови. Сепак тоа е Париз...

marjan-petrov-shminker-na-19-godini-otvoriv-prv-salon-vo-semejnata-kukja-vo-mokrievo-se-gordeam-so-uspehot-shto-go-postignav-29.jpg

Денес јавноста те знае како шминкерот кој ги разубавува домашните и балканските ѕвезди. Но, како беше на почетоците, се сеќаваш ли на тоа време?

Секако дека се сеќавам иако беше многу одамна.

Моите почетоци беа во село Мокриево, струмичко, местото каде го поминав моето детство.

Тоа беше и период кога сфатив дека уметноста е мојата професија. Таму научив колку е важно да бидеш едноставен и упорен за еден ден да бидеш успешен и врвен професионалец.

Ја имав среќата да израснам во едно такво мало место, а моите родители ми помогнаа и ме поддржаа да отворам мало студио во склоп на нашата куќа.

Тоа беше вистинска сензација, жените од соседството ми беа мои први клиентки и до ден денес ми се верни и доаѓаат во мојот салон во Струмица. Со нив започнав, тие веруваа во мене и сега се горди на тоа што го постигнав.

marjan-petrov-shminker-na-19-godini-otvoriv-prv-salon-vo-semejnata-kukja-vo-mokrievo-se-gordeam-so-uspehot-shto-go-postignav-21.jpg

Не можам да кажам дека беше тешко да изградам име, тоа што те исполнува и сакаш да го работиш никогаш не е тешко.

Има потешкотии и напорни денови, меѓутоа кога ќе го видиш крајниот резултат, забораваш на сè и остануваш горд на својот успех.

Следен чекор кон усовршување во работата ми беше академијата во Белград која траеше 2 години.

Таму стекнав големо знаење, учев од врвни професионалци. Не можам да останам имун на Белград, тоа е место каде што мојата кариера почна да се искачува нагоре, место кое и денес го посетувам често.

Таму стекнав пријатели и колеги со кои и сега разменуваме искуства.

И, секако, оттаму доаѓаат соработките и со големите балкански ѕвезди на кои им правам фризури и кои ги шминкам денес за нивните настапи.

marjan-petrov-shminker-na-19-godini-otvoriv-prv-salon-vo-semejnata-kukja-vo-mokrievo-se-gordeam-so-uspehot-shto-go-postignav-18.jpg

Која е првата позната личност што ја нашминка?

Првата соработка ми беше со Слаѓа Алегро. Денес неа ја сметам за дел од мојата фамилија, нашата соработка прерасна во едно големо пријателство.

Од нашите познати личности првата соработка ја имав со мојата сограѓанка Сузана Гавазова.

И во тоа време Сузана беше доста популарна, па придонесе многу за тоа моето име да се слушне подалеку од Струмица.

marjan-petrov-shminker-na-19-godini-otvoriv-prv-salon-vo-semejnata-kukja-vo-mokrievo-se-gordeam-so-uspehot-shto-go-postignav-10.jpg

Со кого ти е најлесно да работиш, а која од познатите има големи, дури и невозможни барања?

Најлесно ми е да соработувам со Слаѓа Алегро и Јелена Томашевиќ.

Тоа се две прекрасни дами кои се толку пријатни и професионални што би можел секојдневно по цел ден да експериментирам и креирам за нивниот изглед.

Немам проблем со никоја јавна личност, не сум имал лошо искуство досега.

Тие немаат посебни барања и најчесто ми веруваат, а јас гледам секогаш изгледот што го креирам да биде различен од претходниот пат.

За мене сите жени се исти без разлика дали се работи за позната личност или клиент. Моите клиенти се секогаш приоритет.

marjan-petrov-shminker-na-19-godini-otvoriv-prv-salon-vo-semejnata-kukja-vo-mokrievo-se-gordeam-so-uspehot-shto-go-postignav-22.jpg

Брена, Розга, Јелена Томашевиќ, цела македонска естрада „поминала“ низ твоите раце... Но, постои ли жена која ти е предизвик и би сакал да ја разубавиш?

Предизвик ми е Моника Белучи. Таа е еден феномен на женската убавина.

Безвременска убавица со која би сакал да се сретнам до крајот на мојата кариера и мислам дека ќе си ја остварам таа желба.

marjan-petrov-shminker-na-19-godini-otvoriv-prv-salon-vo-semejnata-kukja-vo-mokrievo-se-gordeam-so-uspehot-shto-go-postignav-25.jpg

Лани во Дубаи ја шминкаше Јелена Томашевиќ пред концертот со Андреа Бочели... Како дојде до таа соработка? Дали комуницирате и сега?

Соработката со Јелена Томашевиќ започна во Струмица. Таа беше презадоволна од мојата работа и ми понуди да бидам дел од нејзиниот тим каде што беше специјална гостинка на концертот на Андреа Бочели во Абу Даби.

Да, во постојан контакт сме со Јелена и разменуваме по некоја порака, како за професионални, така и за приватни работи.

marjan-petrov-shminker-na-19-godini-otvoriv-prv-salon-vo-semejnata-kukja-vo-mokrievo-se-gordeam-so-uspehot-shto-go-postignav-15.jpg

Всушност, со која од јавните личности се дружиш и приватно? Ти ја одведе Јелена Розга на Колешински Водопади пред некоја година...

Слаѓа Алегро и нејзиниот сопруг ги сметам за дел од семејството, Јелена Томашевиќ исто.

Интересен е фактот што со Антониа Гиговска се дружиме како да се знаеме отсекогаш.

Посебно ми е драга и секојдневно сме во контакт, а нашето пријателство прерасна во нешто големо.

Неодамна бев поканет и на нејзината свадба, ги познавам сите членови на нејзиното семејство, сите се прекрасни и посебни.

А што се однесува до Розга, таа тогаш престојуваше 3 дена во Струмица па морав да ја прошетам насекаде за да се запознае со убавините на мојот град.

Еден ден се прошетавме и до Колешински Водопади. Во тие денови имав прилика да ја запознаам одблизу. Таа е прекрасна дама со извонредна харизма, па честа беше моја што се дружевме и шетавме.

marjan-petrov-shminker-na-19-godini-otvoriv-prv-salon-vo-semejnata-kukja-vo-mokrievo-se-gordeam-so-uspehot-shto-go-postignav-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...
Елена Ристеска: „Има многу злоба меѓу народот, се штитам така што никој не знае каде сум и што права... „Почесто плачам од радост, отколку од тага. Емотивна сум за блиски луѓе, за...
Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Голманот Костадин Захов за родната Струмица: „Со семејството најмногу сакам да одам на околните водо... „Вредна да се посети црквата Св. Илија која се наоѓа на неколку километри од Стр...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Миро Кацаров за родниот град: „Старата чаршија во Штип ме научи на 'школо' кое нема цена“ „Роден сум во Штип и растен сум во бивша Југославија, каде сите маалски детски и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg